Ако газдата им дава на сите негови вработени(од најнизок до највисок/не зборам за висина
) по 20 илјадарки плата, тогаш ќе треба да ја затвори фирмата за пар месеци ........ б.т.в. работникот како работник може само да ја изгуби работата и ништо друго, додека пак газдата ќе ја изгуби фирмата, во која сепак вложил/инвестирал негови пари(затоа е и газда нели) и нормално дека ќе се бори да оствари профит !
Треба реално да се гледаат работите, јас погоре објаснав дека иако не сум нешто посебно загрозен финансиски, сепак работам скоро 5 години и тоа за ситни пари, некогаш е подобро, некогаш е полошо, ама тоа е тоа, работите треба реално да се гледаат, подобро е да работиш и за 100/150/200 евра плата, отколку да дремеш дома и да сонуваш дека преку ноќ ќе најдеш работа во која ќе те плаќаат по 20 илјадарки ............ мало-морген тоа, секој сака да зема 20/30 илјадарки плата, ама тоа не иде туку-така преку ноќ, прво ќе работиш едно 10 год. за помалку, па потоа со тек на време/стаж ќе напредуваш и ќе стигнеш постепено до посолидна плата ................ парите никаде не извираат и на запад да си треба да засукаш ракави за да бидеш платен и секако дека ни таму преку ноќ не се наоѓа работа во која ќе бидеш платен онака како што ти сакаш(ова не го мислам лично за тебе, зборам општо) !