Абе, не бре, не си го мењам...
Кога веќе збориме за идентитет...
КОј ќе се замара со тоа да измислувам нов потпис, па нови документи, па ново државјанство, нов пасош, нов извод од раѓање...
Ма кој ќе се замара
Сериозно, имам една тетка која што не си го смени презимето кога се омажи. Децата го носат презимето на мажот, а таа си го има зачувано своето презиме, без додавки, само нејзиното. Кога бев помала се чудев на тоа, како таа можела така арогантно да се понаша, па која е она да крши традиција и све то... ама тоа беше кога баба ми ме воспитуваше!
Сега мојот памет ми вика да и речам браво! затоа што таа се венчала пред десетина години... и била доволно храбра за да крши традиција и да оди според тоа во што она верува, а не во според тоа што фамилијата, роднините и комшиите мислеле дека е исправно.
Тука се разбира браво и за мажот и, кој доволно ја сакал за да го разбере и подржи тоа што сакала таа да го направи.
Сега си се супер, среќни, убаво си живеат и не се сеќавам дека некогаш презимињата им правеле проблем, иако им требало пола саат муабет за на децата да им објаснат зашто тие се презиваат различно од мајка им, а исто со татко им...
Ама тоа не е ништо страшно, мислам дека луѓево превише се замараат со презимињава... т.е. со традиции кои биле валидни пред 100 години, ама со оглед на тоа дека целиот свет оди напред и дека сите сфаќања полека, полека се менуваат, не гледам потреба презимето на жената и тоа дали ќе го мења или не, да биде толку страшна работа!
и така..