Предлог за филм со кратка рецензија

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Into the Wild - http://www.imdb.com/title/tt0758758/


Филмов е според вистинска приказна која ќе ве шокира. Се работи за едно младо момче кое откако ќе дипломира ќе одлучи да остави се што има и да го помине неговиот живот во дивината, на патот кон неговот остварувањето ќе му се случат многу нешта кои што ќе му го сменат начинот на размислување.
На имдб има 8.2 ја би му дал чиста 10ка без сомнение, едноставно филм кој мора да го погледнете, а откако ќе го погледнете ќе барате како јуткави клипови од автобусот на јутјуб... :)
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Не предложувам многу филмови и не пишувам рецензии. Но има ли подобар филм за ретко предложување од некој нискобуџетен, интелигентен, потценет филм кој алудира дека гледачот и обожавателот е многу паметен и кул? Не. :D
А не најдов рецензија или било што за филмов во подфорумов, така да me > you
I've struck gold I guess...

Трејлерот не помага ич. Подобро да не го гледате
И најверојатно ќе најдете подобри рецензии на имдб кај што копиљаците се фалат колку се они паметни со тоа што го гледале филмов и го сакале
Професорот Џон се спрема за да се сели. Доаѓаат кај него неговите пријатели, сите интелектуалци, професори со докторати во различни области. Џон тврди дека е човек стар 14000 години. Ова тврдење буди различни реакции кај сите ликови (сигурно ќе се пронајдете во еден). Низ целиот филм тече дискусија за разни филозофски и религиски теми. Цел филм е напнат и секогаш те тера да помислиш на темата на која зборуваат. Овие спојлери не знам дали би ви смениле нешто многу, но ако сакате plot twists не ги читајте, а ако го гледате филмот само заради дијалозите и пораките, читајте ги ако сакате.​
После долг муабет и убедување дали лаже или не, тој тврди дека бил Исус. Тука кажува тој дека многу работи се различни од тоа што го пишува во библијата.
Вториов спојлер е повеќе аматерско раскажување, ама whatеva', whateva' ill do what i waunt!
На крајот некаде, психологот го обвинува Џон дека лаже и му се „заканува“ дека ќе го пријави за лудак. Џон не сака да ризикува ништо бидејќи како што има кажано самиот му е страв од луѓе во бели костими да го набљудуваат додека тие пушат цигари. Па тој им вика дека ги лажел. И кога тврди дека ги лажел дава добри аргументи како на пример дека ја има најдобрата публика за вакво тврдење: психолог, теолог, физичар, историчар итн... Во текот на 10те години што се познава Џон со пријателите не остарел многу според нив. Џон ја кажуваше вистината. Почнуваат луѓето да си заминуваат и остануваат уште девојка му и психологот. Психологот ги наслушнува Џон и девојка му како прават муабет каде што Џон кажува дека бил професор во [не знам која година], каде што психологот го препознава својот татко. Итн итн, испаѓа дека психологот му е син на Џон (а всушност психологот е два пати постар од Џон). Психологот добива срцев удар и ова е прв пат Џон да си види свој син како умира.
Нема ич акција и уште помалку ефекти. Актерите не се многу познати, но добро изглумија. Може филмов и малку да ве насмее бидејќи има еден интересен лик што кажува one-liners и се „подбива“ со останатите. Има малку актери и целиот филм се врти само околу нив. Повеќе внимание е дадено на дијалозите и приказната.​
Омилен филм ми е после фајкла. Не знам да му дадам оцена, најверојатно 9/10 оти сум напален уште​
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Tears of April (2008)



Дејството се случува за време на Граѓанската војна во Финска.
Девојката е дел од социјалистите, а дечково е професионален војник кој служи на конзервативците, кои се подпомогнати од Русија. Ја убиваат четата (мислам дека така се вика)на девојката, само она преживува, дечкото ја наоѓа, неговите претпоставени пошто се реднеци ја прават лом, но тој некако успева да и обезбеди правно судење.
Тоа што мене ми беше многу интересно во филмот е судирот на ликовите меѓу нивните потреби и емоции и нивните идеали. Приметив дека на крај комунистичките идеали на девојката и националистичките на дечкото како воопшто да не беа присутни во дејството, во споредба со почетокот. Дечкото е особено интересен, зошто е толку наивен и добар и сигурен во своите намери, што воопшто не соодвествува со работите кои ги прави. Да не се анализираше убаво неговиот лик, впечатокот од однесувањето ќе беше сосема поинаков.
Најфасцинантен лик е дефинитнивно судијата, за кој ми тврдеа дека е симбол на Хитлер во филмот, но не сум нешто многу убедена. Тој е најкомплексен лик, и кај него најасно се претставени корените на идеологијата која ја има, и општо на начинот на живот.
Ова е добар филм, особено за толкуте многу ударичи по гради. Не е посебно тежок, освен што можеби на крај ќе се чувствувате ко да ве истепа некој, тоа е моето искуство. На имдб му имаат дадено 6.3, ја би му дала 7.3.
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
82
Поени од реакции
57
Diary of a Wimpy Kid - Дневникот на Грег



Филмот е комедија, и се раскажува поточно за животот на Грег, кој започнува да оди во 5-то одделение, тој има поголем брат којшто постојано го задева и го мачи.
Грег на почетокот тој сака да биде еден од најпопуларните во школото, да биде најинтересен и да биде најдобар.
Грег има пријател кој што се вика Роули и за кого смета дека е сеуште недораснат за да оде во Middle School, според наш превод би значело средно училиште али правилно средно е High School.
На почетокот Грег истакнува ранг листа во која што тој се оценува и ги оценува неговите пријатели во кое место спаѓаат според ранг листата на школото, од можни 200-204 позиции.
Во целиот филм се раскажува за животот на Грег како 5-одделенец и како тој го опишува животот во школото заедно со неговиот пријател Роули и сите настани што се случуваат во врска со нив и во филмот дејството се врти околу нивното пријателство.

Ви го препорачувам да го изгледате филмот, мислам поточно тие што го немаат гледано, поради тоа што мислам нема да бидат разочарани, и филмот го опишав накратко на почетокот, што се случува понатаму видете сами.

 

KilerBee

Русалка
Член од
13 април 2011
Мислења
57
Поени од реакции
85
Youth without youth (2007)

Филмов за мене е едно од најбрилијантните нешта напишани и снимени воопшто. Според сценарио на филологот Мирче Елијаде, режиран од Ф. Ф. Копола, а Во главна улога е Тим Рот (Lie to me, The Legend of 1900). Инкредибл!!!
Стар професор по филологија и филозофија на прагот на Втората светска војна... Целиот живот го посветил на науката и го губи допирот со љубовта, пријателите, светот околу него... Убеден е дека нема никогаш да го заврши своето животно дело - откривањето на потеклото на говорот и јазикот. Поминувајќи улица доживува несекојдневна несреќа (а не е сообраќајка :) ) и е хоспитализиран. Не се очекува да преживее. Но старецот не само што ја победи смртта, туку и времето во кое живее...
Поминува некое време обвиткан со завои, а откако ќе ги извади пред него е друг човек. Секоја минимална отстапка од нормалата, како што ни е познато, веднаш е подложена на истрагата на Гестапо, па затоа нашиот уникатен херој кој доживува едно комплексно преродување ( не само физичко, туку и психолошко и езотерично) е принуден да се спасува, да се зачува себеси како оружје за новиот поредок, имајќи и можност не само да го заврши своето дело туку и да му вшприца таква моќ што би станало решение за животните мистерии... Филмот изобилува со моменти кои ќе ве поддават во мирните води на вашата перцепција. Глумата е безбожнички перфектна, сценариото ќе ви ја смени старата кожа и ќе ви го отвори мозокот. Мислам, мене така ми делуваше.
Дајте фидбек ако сте го гледале.
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 20:17 ---
Rose Red (2002-3)

Филм во три дела, создаден според книга на Стивен Кинг (колку за потсетување - негови приказни се и Shawshank Redemption, Green Mile, The Shining, Carrie, Room 1408 и уште многу други врвни филмови).
Џојс Риардон, психолог и истражувач на паранормалното, организира аудиција, или да речам, нешто како кастинг за луѓе со шесто сетило, видовитост, сензибилност на паранормални појави и сл. за да ја заврши својата теза за куќата Роуз Ред. Куќата набрзо треба да се урне, а таа нема многу време да го заврши истажувањето (кое патем и е забрането од универзитетот на кој предава). Луѓето се одбрани, опремата е собрана и инсталирана и авантурата почнува...
Да напоменам дека филмот НЕ е хорор. Не е типична haunted mansion-бозарија туку нешто сосема поинакво и позабегано. The catch со куќата е што таа расте.... Откако сите се отселиле од неа, откако со години има трага на живот во неа, таа ја носи клетвата (или благословот) на нејзината сопственичка Елен Римбауер, нејзината муза која и дала грандиозност и застрашувачка луксузност - куќата се проширува, расте и секој што влегол во неа повеќе не излегол. Се изгубил внатре.
Секој од избраните за истражувањето има посебен талент и свои лични демони.
Повеќе мислам дека нема потреба да ви раскажувам. Ќе се залепите до екран додека очите не ви откажат и ќе ги изгледате сите три филма во еден здив. Освен ако можете да издржите да оставите за после.... :D
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
82
Поени од реакции
57
Arthur (2011)



Жанр: Комедија

Во овој филм главен лик е Артур, кој што е еден од најбогатите во Њу Јорк.
Неговото богатство се проценува на околу 950 милиони долари.
Тој сеуште живее во светот на бајките и се однесува како дете т.е. мало дете, коешто обожава да гледа цртани филмови и да праве глупости околу градот иако има 30 години.
Артур го терат да се ожене со една богаташка во која што главна цел се парите, но тој е заљубен во една сиромашна девојка од Квинс.
Главниот лик исто така обожава да се расфрла со парите, и во потполно мисле дека неможе без нив и алкохолот.

Не ви раскажувам што се случува понатаму за да го изгледате филмот.
Инаку ова е 1-виот дел од филмот, а има 2 дела.

 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
82
Поени од реакции
57
Jackass 3D (2010)



Уште една големо и страшно продолжени на Џекес и големи и нови будалаштини од актерите, стварно се изнасмеав и изначудив на нивните глупости. Значи на сите ви предлегам, поточно на тие што го немаат гледано филмов, пошто мислам дека на некој начин ќе си го одморите мозокот, нема ни содржина ни цел, само едноставно да не се прават некои работи.

 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710

Ремек дело!
Филмот е на Алехандро Аменабар. Рамон Сампедро(Хавиер Бардем на кој му спуштам капа ) е човек кој веќе 30тина години е вржан за кревет. Тој е квадриплегичар. За сето тоа време Рамон има само една цел: да го заврши животот. Дали ќе го одобрите тоа или ќе го осудите е ваше. Целиот филм е всушност борба за право на еутаназија.
Прашањето дали животот е право или должност одговорете си го сами.
Не би пишувала повеќе за да не го уништам. Ќе ве почестам со некој цитат.

Padre Francisco: Freedom without a life is not freedom
Ramón Sampedro: A life without freedom is not a life.
-------

Julia: Why choose death?
Ramón Sampedro: Well, I want to die because I feel that a life for me, in this state has no dignity. I understand that other quadriplegics may take offense to my saying there's no dignity in this, but I'm not trying to judge anyone. Who am I to judge those who choose life? So don't judge me or anyone who wants to help me die.
Julia: You think someone will help?
Ramón Sampedro: Well, that depends on the powers that be. They'll have to overcome their fear. But hey, it's really no big deal. Death has always been with us and always will be. It catches up with all of us. Everyone. It's part of us. So why are they shocked because I choose to die, as if it were contagious?
Julia: If this goes to court, they'll ask why you haven't explored all alternatives. Why refuse a wheelchair?
Ramón Sampedro: Accepting a wheelchair would be like accepting the scraps of the freedom I lost. Think about this: You're sitting there, three feet away. What's three feet? An insignificant distance for any human being. But for me, those three feet that keep me from reaching you, from touching you, are an impossible journey. Just an illusion. A fantasy. That's why I want to die.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365

http://www.imdb.com/title/tt0114558/

Повеќето луѓе ја знаат Кетрин Бигелоу како режисерот на "The Hurt Locker" кој го поби Аватар од Џејмс Камерон на оскарите, но за мене таа е жената која го има снимено еден од подобрите и позабавни сај фај филмови последниве 20 години т.е. "Strange Days". Исто така го има снимено и "Point Break", најдобриот цајкански филм преполн со тестостерон, адреналин и хомоеротични нагони кај главните ликови, . Низ целиот филм Кијану Ривс и Патрик Свејзи едвај се воздржуваат да не ги раскинат своите алишта и да го поминат целиот филм ебавајки се а тоа не е лесна работа.
"You gonna jump or jerk off", најдобра филмска реплика на сите времиња според гласовите на филмското жири на оскарите.​
Strange days е многу добар сајберпанк ноир. Случувањата во филмов се во "далечната" 1999 година пред прагот на новата година каде што Лени(глумен од Ралф Фајнс) е главниот лик, анти-херој кој пред случувањата во филмов бил добар цајкан но сега е паднат во лоша ситуација и преживува како дилер на илегалален софтвер кој овозможува на корисниците да искусуваат мемории на други луге. Но некој почнува да убива луѓе и да ги снима убиствата и тие мемории да ги праќа кај Лени, и така он ке започне истрага за да утврди кој стои позади тоа.​
Има многу работи кои ги обожам кај филмов. Сцените од прво лице кога се користат мемориите на други луѓе се незаборавни. За потребите на филмот, Бигелоу измислила нов вид на камери кои се ултра лесни и се закачувале кај актерите. Кога ке ги видите тие сцени меѓу кај кои има и доста акција стварно ке се прашувате како успеале тие движења наоколу да ги снимат. Приказната е комплексна и има невообичаена длабочина во нејзе но не е некоја тешка за пратење. Актерската екипа е солидна, Ралф Фајнс е квалитетен актер и тука исто така не разочарува, Анџела Басет вади доста добра глума, а не е лош ниту Том Сајзмор. Се не се, преку се што набројав во филмов се создава една целина која е многу забавна за гледање.​
 
Член од
8 мај 2011
Мислења
94
Поени од реакции
235
Мн јако филмче не е од досадните како Николас Кејџ фацата :D вреди да се изгледа
seekingJustice.jpg
Nick Gerard (Nicolas Cage) е обичен човек со обичен живот Еден ден неговата жена е нападната и силувана. Почицијата е безнадежна во решавање на случајот па одлучува сам да ги земе работите во свои раце. Се појавува еден човек поврзан со одмаздничка група (vigilante)ќе му се понуди да го казни сторителот но тоа не е така како што тој мислеше дека е..
--- надополнето: 24 јуни 2012 во 19:53 ---
MV5BMTcxNTAxMTMzNF5BMl5BanBnXkFtZTcwMjQ1MDAxNA@@._V1._SY317_CR0,0,214,317_.jpg
Ентони Хопкинс (Отец Лукас)е игра епархиски Егзорцист и свештеник, Мајкл син на погребник има недостаток на вера. Неговиот ментор верува дека неговото одење во Италија ќе ја зајакне неговата вера во христијанството. Таму го запознава отец Лукас,егзорцист.Тој сведочи за егзорцизам на шеснаесет годишно девојче но сепак се чини не е убеден во тоа. Оеџ Лукас објаснува дека е потребно повеќе сесии и време за истерување на демонот....
Значи Не е класичен екзорцизам, супер филмче..
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Philadelphia (1993)



Дефинитивно стар филм, но мислам дека никогаш нема да го загуби своето историско значење бидејќи е еден од првите документи кои сведочат за периодот на „епидемијата на СИДА“ во Америка. Не се работи за епидемија во правилнта форма на зборот туку се работи за стравот кај народот од новата неизлечива болест. Тоа е периодот кога секојдневно се дознaваат нови информации за ХИВ вирусот, повеќето од нив застрашувачки... Се оди до таму што се поставуваат хомосексуалците како основни преносители на болеста поради нивниот нeморален начин на живеење, како и тоа дека вирусот се пренесува преку воздух, допир, облека.... Може денес тие работи ни се банални, но за тоа време биле страв и трепет. Исто и за вредноста на филмот. Може тогаш приказната да немала некоја посебна вредност бидејќи опишувала секојдневна работа, но денес несоменно вредноста е поглема бидејќи максимално ја прикажува развојната фаза на народот по прашањето за чумата на новото време.

Во главните улови се Том Хенкс и Дензел Вашингтон. Двајцата млади актери приближно на почетоците од својата успешна кариера. Ендрју Бекет (Хенкс) е успешен адвокат кој работи за голема Американска адвокатска коорпорација. Неговите работодавци се премногу задоволни од неговите квалитети и решаваат да му дадат поглеми ингиренции на своето работно место. Но, појавата на лузни на неговото лице ќе ги поколеба околу исправноста на нивната одлука.Одненадеш добива изненаден отказ без дополнително објаснување. Причините се повеќе и од јасни... Ендрју беше хомосексуалец кој се обидуваше да го скрие својот приватен живот од работата. Тоа е и нешто што може да го прикрие... но фактот дека болдува од СИДА колку и да се обидуваше да го прикрие, со текот на времето излегуваше на неговата површина. Стравот поради сопственото здравје и огромното ниво на хомофобија кај работодавците е причина поради која Ендрју остан без работа. Во приказната се вклучува Џо Милер (Вашингтон) кој и покрај своите предрасуди решава да му помогне на Ендрју да го оствари своето легитимно право на правда пред судот.

Да не навлегувам премногу во содржината... Она што сакам да го кажам, филот е одлично остварен преку ликот на Џо, Ендрју и работодавците. Ендрју е стравот кој несомнено е дека мора да се прифати. Работодавците се целиот уплашен народ полн со предрасуди и омраза, а Џо е оној кој не се плаши од Ендрју, кој дава подршка... Впрочем, Џо треба да не претставува нас од денешна гледна точка, кога предрасудите за болните од СИДА се минимални, речиси и да не постојат.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
The Grapes of Wrath 1940



Филм на големиот Џон Форд, според истоимениот роман на Стајнберк.
филмот ја преставува ситуацијата во Америка во годините на големата депресија, тешкотиите и проблемите на луѓето во тој период.
Она што е интересно и зошто овој филм би го препорачал, е паралелата на состојбата на пазарот на трудот тогаш и денес.
Има премногу луѓе волни за работа, а ограничен број на работни места поради застојот во економијата.
Во филмот е прикажана судбината на едно семејство на кое сиромаштијата и проблемите со сушата ги натерала да си го напуштат родното место обидувајќи се да преживеат.Хенри Фонда во главната улога е екс затвореник кој прави целосна трансформација на сопствената личност обидувајќи се да и помогне на фамилијата и себе си.
Интересно е претставена семејната драма, кохезијата меѓу членовите, како и претставувањето на менталитетот на работодавците кои не пропуштаат шанса да платат колку е можно помалку за работничкиот труд.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Sleeping Beauty (2011)

Ова е една малку пореалистична, морбидна, перверзна слика на Заспаната убавица. Негде прочитав дека генерално приказните на Браќата Грим се преработувани во верзија за деца, а сами по себе ја содржат онаа анимална природа.
Како и да е, нема да пробувам да го анализирам филмот, зошто најдов одлична критика овде. Го препорачува типов генерално за бил кој филм, ептен ми се допаѓаат неговите рецензии.
И пред да се оценува треба да се земе пред вид дека и е прв филм на режисерката.
Ја му давам 7/10
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Finding a Family (2011)

Алекс е тинеjџер коj се справува со своjот живот без семеjство поради фактот што неговата маjка е болна и не може да се грижи за него. Тоj доживува многу стресни моменти со неговата маjка и решава да оди на суд и да бара да и се одземе старателството. Оди во дом за деца без родители каде запознава луѓе кои го поддржуваат и му се восхитуваат поради неговата посветеност да се запише на Харвард. Сите оценки му се 5ки а наjголема заслуга за тоа има неговата маjка коjа го натера како мал да и вети дека ќе постигне нешто во животот и ќе заврши факултет. Но на неговиот пат до Харвард стоjат неколку пречки кои Алекс со своjата истраjност ќе успее да ги надмине. По неколку неуспешни обиди да наjде семеjство за да го посвои, на краjот среќата му се насмевнува..

Филмот е одличен, иако има оценка 5 за мене е чиста 9ка поради фактот што филмот е вистинска приказна и доказ дека и самите треба да се помачиме за да си jа наjдеме среќата.
Еве го цел филм на YouTube:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Girl, Interrupted



Обожавам филмови што поставуваат морални дилеми од кои после боли глава. :D Што значи да се биде нормален? Што е животот, дали тој управува со нас или ние со него? Какви животни ситуации ќе нè подобрат и од што ќе извлечеме поука, а што ќе ни остане тортура за паметење?

Винона Рајдер ја толкува улогата на депресивната Сузана која се обидува да изврши самоубиство и принудена од родителите заминува во ментална институција. Тука запознава девојки со разни видови на лудило, но најмногу се спријателува со Лиса (и лежат на Џоли вакви улоги, сосема заслужен и оправдан Оскарот) која е најпроблематичната. Џорџина е патолошки лажго, Дејзи е сексуално малтретирана, а Поли има лузни од пожар... Преку ретроспекции ги гледаме доживувањата и мислите на Сузана, но тоа е само како една мала точка меморија, во целиот хаос. Сузана не може да се вклопи никаде, не може да ја дефинира својата болест и затоа пишува, пишува, пишува... А тоа најмногу помага, кога мислите ќе се запишат на хартија и самиот може да се зачудиш што сè ќе прочиташ таму. Сите сме луѓе и во одредени области сме слични, кога ќе допреме до длабочината на другиот, тој многу тешко се соочува со вистината и со она што му го кажуваме, но го прифаќа бидејќи длабоко во себе знае дека е така.

Лудоста не значи да си скршен или да криеш некаква мрачна тајна. Тоа сме ти и јас, само што сме помножени. Ако некогаш сте кажале некаква лага, а притоа сте уживале (вие сте Џорџина или барем имате дел од она што го има таа), ако некогаш сте посакале засекогаш да останете дете и да избегате од возрасната личност што сте станале сега (вие сте Лиса или барем имате дел од она што го има таа). Ние не сме совршени, сите го имаме нивното лудило, но што значи лудилото и нормалното, само границата на правилна контрола во средината го утврдува тоа.

Оценка: 10/10, без дилеми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom