Youth without youth (2007)
Филмов за мене е едно од најбрилијантните нешта напишани и снимени воопшто. Според сценарио на филологот Мирче Елијаде, режиран од Ф. Ф. Копола, а Во главна улога е Тим Рот (Lie to me, The Legend of 1900). Инкредибл!!!
Стар професор по филологија и филозофија на прагот на Втората светска војна... Целиот живот го посветил на науката и го губи допирот со љубовта, пријателите, светот околу него... Убеден е дека нема никогаш да го заврши своето животно дело - откривањето на потеклото на говорот и јазикот. Поминувајќи улица доживува несекојдневна несреќа (а не е сообраќајка
) и е хоспитализиран. Не се очекува да преживее. Но старецот не само што ја победи смртта, туку и времето во кое живее...
Поминува некое време обвиткан со завои, а откако ќе ги извади пред него е друг човек. Секоја минимална отстапка од нормалата, како што ни е познато, веднаш е подложена на истрагата на Гестапо, па затоа нашиот уникатен херој кој доживува едно комплексно преродување ( не само физичко, туку и психолошко и езотерично) е принуден да се спасува, да се зачува себеси како оружје за новиот поредок, имајќи и можност не само да го заврши своето дело туку и да му вшприца таква моќ што би станало решение за животните мистерии... Филмот изобилува со моменти кои ќе ве поддават во мирните води на вашата перцепција. Глумата е безбожнички перфектна, сценариото ќе ви ја смени старата кожа и ќе ви го отвори мозокот. Мислам, мене така ми делуваше.
Дајте фидбек ако сте го гледале.
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 20:17 ---
Rose Red (2002-3)
Филм во три дела, создаден според книга на Стивен Кинг (колку за потсетување - негови приказни се и Shawshank Redemption, Green Mile, The Shining, Carrie, Room 1408 и уште многу други врвни филмови).
Џојс Риардон, психолог и истражувач на паранормалното, организира аудиција, или да речам, нешто како кастинг за луѓе со шесто сетило, видовитост, сензибилност на паранормални појави и сл. за да ја заврши својата теза за куќата Роуз Ред. Куќата набрзо треба да се урне, а таа нема многу време да го заврши истажувањето (кое патем и е забрането од универзитетот на кој предава). Луѓето се одбрани, опремата е собрана и инсталирана и авантурата почнува...
Да напоменам дека филмот НЕ е хорор. Не е типична haunted mansion-бозарија туку нешто сосема поинакво и позабегано. The catch со куќата е што таа расте.... Откако сите се отселиле од неа, откако со години има трага на живот во неа, таа ја носи клетвата (или благословот) на нејзината сопственичка Елен Римбауер, нејзината муза која и дала грандиозност и застрашувачка луксузност - куќата се проширува, расте и секој што влегол во неа повеќе не излегол. Се изгубил внатре.
Секој од избраните за истражувањето има посебен талент и свои лични демони.
Повеќе мислам дека нема потреба да ви раскажувам. Ќе се залепите до екран додека очите не ви откажат и ќе ги изгледате сите три филма во еден здив. Освен ако можете да издржите да оставите за после....