Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Indecent Proposal



Во главните улоги:
Woody Harrelson
Demi Moore
и бизнисменот Robert Redford
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Филмот го даваа вчера на К5+, не почнав да го гледам од почеток, али гледав доволно за филмот да ми остави многу добар впечаток...

Брачен пар на своето патување во Лас Вегас среќаваат еден многу успешен бизнисмен... На почетокот ништо посебно, успешниот бизнисмен само ја повика жената да изигра со негови пари во казиното, но откако доби 1М со нејзина помош, тој предложи 1М долари за една вечер со неа... пари со кои ќе можат да си го средат животот... мислам дека доволно кажав, дека потоа следува најинтересното, а то не сакам да ви го откријам :)


пс: рејтингот на филмот на IMDB е 5.4, што е многу помалку од мојата оценка... според мене заслужува барем 7-8 :)
 
Член од
13 март 2012
Мислења
8
Поени од реакции
5
Велат дека додека се извршува некоја важна работа или истражување,па макар и кога се завзема став за одредена тема во дискусија од поголем размер,разумот е секогаш тој кој што треба да преовладува.Но,што ако некој макар за момент го занемари тоа правило?
“Vertigo” е ,според многумина критичари,најинтимно дело на Алфред Хичкок ,во самиот срж составен од неговите чувства,стравови,од неговото скршено срце и празни утехи.Приказната се однесува на Џон “Скоти” Фергусон,еден невин човек кого го мачат внатрешни стравови и туѓи сурови обвинувања.При несреќа дознава дека има акрофобија(страв од височина),па се пензионира од функцијата,понатаму поминувајќи го повеќето од времето со бившата свршеница Миџ Вуд. Еден стар пријател,Гевин Елстер му побарува услуга. Сака Скоти да ја следи жена му , Маделин , за која тврди дека ја поседува духот на нејзината пра-баба, Карлота Валдес.
Скоти почнува да истражува и открива дека навистина се однесува чудно,па ја следи до Заливот кај Сан Франциско,каде таа скока во водата. Тој ја спасува и ја носи во неговиот дом,од која појдовна точка во филмот веќе никогаш повторно не е можно да се отстапи. Таа доаѓа кај него,му раскажува за чудни соништа кои ги има. Се гледа себеси како оди во ходник со огледало на крајот. И,кога се приближува до огледалото,се наоѓа во мрак. Но,никогаш не се обидела да помине преку огледалото,освен дента кај заливот. Скоти ја теши и прегрнува,давајќи и надеж и излез од лудилото,кое таа го прифаќа со сета душа.
Перипетијата се содржи во настанот кај една црква,од каде еден дијалог помеѓу нив гласи:
-Дали веруваш дека те сакам?
-Да.
-Доколку е навистина така, ќе знаеш дека дури и да би ме изгубил ќе продолжам да те сакам.
-Нема да те изгубам!
За жал,Скоти не го одржа зборот. Таа истрча до врвот на црквата ,но Скоти поради неговиот психички хендикеп заостана и ја виде преку прозорецот,кога почна да го јаде гадост кон себеси. Моментот кога на човека му е остварен најголемиот страв...
Депримиран,тој продолжува да оди на местата каде таа одеше,замислувајќи дека воопшто и не прекинала. Но,залудно. Тој сепак успеа да најде утеха во една девојка наречена Џуди Бартон,тајната Маделин. Таа продолжува,иако овој пат не по своја волја,да си игра со него,дозволувајќи му да ја користи како модел за неговата идеална жена,само за да може да биде заедно со него. Кога го достигнува врвот во тоа,двајцата остануваат со распукани срца,се по вина на алчниот и несовесен бродоградежник Гевин. По еден ѓердан кој Маделин го носеше,сега сместен на вратот на Џуди, на Скоти му станува јасно цело Гевиново сценарио,по што ја носи Џуди кај црквата,и туркајќи ја кон врвот,ја соголува болната вистина до кожа која го боди во срцето како катана. На самиот завршеток,сепак и простува во изблик на непреболена љубов,иако знае дека е предоцна,затоа што веќе сонот му е уништен. Тогаш,од мракот се отелотворува свештеничка и Скоти ја губи втората шанса засекогаш,занемен од трауми,исцрпен од љубов,оставен во вечно лудило.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
за по дома ..
Heterogeneous, ова особено на тебе се однесува затоа што си нов. Она што си го пишал не е рецензија, туку расказ со триста спојлери. Нема шанси форумџија да го прочита ова што си го напишал, а да не му го уништиш целиот филм со тоа. Бидејќи си нов јас ќе ги поставам спојлерите, а за друг пат внимавај што пишуваш и те молам запомни дека рецензијата не се поистоветува со расказ.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Што се добива кога поранешен криминалец ке се настрви на лигав музички продуцент по одговори за смрта на неговата керка. Е ова се добива !



Филмов има едноставна приказна. Приказната е за Вилсон, ситен Британски криминалец кој поголемиот дел од животот го поминал позади решетки и далеку од неговото семејство кое додека тој гние по затвори се повеќе се одалечило од него и си продолжиле со нивниот живот. За време на неговота последна посета во затвор тој добива писмо од Америка во кое му се кажува дека керка му е почината во сообраќајка. Во неверување тој заминува за Америка само што е пуштен од затвор да го пронајде човекот што му го пратил писмото(глумен од Луис Гузман кој досега во ниту еден филм што глумел не ме разочарал а ниту пак тука) и тука почнува еден од подобрите крими филмови.

Една од добрите работи за филмов е тоа што трае накај 85 минути а нигде нема да се почуствува дека е прекраток. Се си е таман и на место:). Да не должам многу гледајте го.
--- надополнето: 14 март 2012 во 20:00 ---
Баш би сакал Миланка да го преведе насловот на филмов I'm gonna git you sucka! :ROFLMAO:



Комедија баш од почетоците кога името на браќата Вајанс беше сигурно за да се гледа филм а не почуствувате нелагодност и мачнина при гледање. Филмов е воедно и омаж и пародија на филмовите снимани во 70-те години од минатиот век во кој црнците почнуваат да се истакнуваат како акциони херои, како на пример серијалот филмови Шафт и ред други ''црнечки'' акциони филмови кои пријатели Американци ми ги имаат препорачано, но кој освен оригиналот Шафт сите други беа тапа искрено.

Филмот се работи за Џек Спејд кој откако ке се врати од војска, дознава дека брат му починал од ''O.G.''(се предозирал од премногу златни ланци носење, over gold) и решава да ја собере старата гарда на херои и заштитници на градот(едниот е налик Шафт, другиот е макро додека третиот гледал премногу Кунг Фу филмови)и да удрат по "човекот'' т.е Мистер Биг.

На крај да ве оставам со ова видео

Ако ова ве насме, тогаш ке ви се допадне филмот мислам :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Doors: When you're strange



Прво, да му заблагодарам на Магус кој во темата за Дорс го постави документарецов како предлог.

Искрено, не очекував дека ќе наидам на толку добро спакуван документарец. Имам пишувано за филмот The Doors и го испофалив, ама документарец секогаш предничи пред филм од една едноставна причина што снимките се оригинални, а воедно и личностите. Никој не глуми никого. Ќе наидете на исечоци од изјави, интервјуа, настапи, односно Џим Морисон на дело. Овде ви е цела историја на бендот, од почеток до крај и интересно филмот за Дорс и текот на документарецов се речиси идентични, буквално фрлиле светло на истите работи. Не дека имале огромен простор за маневар, ама сепак паѓа во очи тој факт.
За фановите на Дорс ова е уште еден потсетник за мистичноста на Морисон, неговата харизма, талент и лудило. Бендот не случајно бил ставен во неговата сенка.

Да напоменам дека нарацијата ја прави Џони Деп. Неговиов глас совршено прилега за документарецов. Со сигурност ќе ви се допадне делово.

 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365


Пред да почнам со рецензија само неколку реплики од филмов да ставам. :D
"You're not very tall are you?"
"Well, I, uh, I try to be."

"You know what he'll do when he comes back? Beat my teeth out, then kick me in the stomach for mumbling."

"How do you like your brandy, sir?"
"In a glass."

"Did I hurt you very much, sugar?"
"You, and every other man I've ever met."

Снимен 1946, The Big Sleep e типичен представник на ноир жанрот филмови со опасни типови, меланхонични детективи и лесни жени.Во главните улоги се Хемпфри Богарт и Лорин Бекол, т.е. Бранџелина во нивниот период(Блорин?Логарт? не е важно поправо:гик:). Снимен е од Ховард Хокс по истоимената книга на Рејмонд Чендлер, која изобилува со користења на дрога, проституција и пцовки но кои во филмот само се алудира на тоа поради законот којшто е воведен тогаш за пристојност во филмови.
Филмов се работи за Филип Марлоу приватен детектив кој е повикан од страна на имотен генерал кој сака да се исчистат коцкарските долгови на неговата керка, но набрзо потоа се претвора во случај за исчезнато лице па убиства, и воедно тоа и ми е замерка за филмот. Премногу работи се случуваат а повеќето не се ни разјаснети ни на крај од филмот и на прво гледање е несфатлив. Можете да си направите тест ако го гледате со другар. Прашајте го на крај од филмот дали го има сфатено, ако ви одговори потврдно лаже, а ако одговори обратно, тогаш ете ви искрен човек вреден за дружба:X3:.
Исто така за мелем на очи филмов изобилува со преубави девојки од тој период, кои имаат преголема желба да му се нафрлаат на главниот лик.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Не знаев дали да напишам рецензија за филмов, бидејки гледам дека повеќето на форумов се запознаени со овој, но како и да е, за некој што не го гледал го препорачувам.



Дејвид Линч е чудно човече. Познат е по тоа што прави навидум чудни, меланхонични, артистички филмови што за одреден дел од гледачката популација би биле одбивни но на пола гледање те бомбардира со голотија, насилство и тон крв(како и серија што и после 20 години луѓето се прашуваат, што беше со крајот, а не кој ја уби Лора Палмер?). Lost Highway ја следи истата традиција само што има повеќе голотија(на моја огромна радост) повеќе насилство и 2 тона крв.
За филмов Линч собрал доста добра актерска екипа, како и многу чудни(за мене барем) кратки појавувања од Мерилин Менсон, Хенри Ролинс, Ричард Прајор(последен филм пред да умре) и......Гери Бизи поради некоја причина. Исто така саундтракот од Менсон и Трент Резнор е многу добар, и бев изненаден, затоа што тоа би било прв пат да ми се допадне нешто од Менсон поготово. Од филмов ги издвојувам Бил Пулман(за кој не ја разбирам омразата на одреден дел луѓе спрема него, типот е добар актер) и Роберт Блејк како посебно добри.

Инаку Роберт Блејк кој го глуми мистериозниот странец т.е. овој

ја има една од најморничавите улоги што некогаш имам видено. Типот во вистински живот бил на суд поради наводно убиство на неговата сопруга ама пуштен од поротата на слобода. Наводно доказите толку многу укажувале дека он е кривецот што јавниот обвинетел јавно излегол и ја нарекол поротата глупа и неспособна за живот.

Знам дека не пишав за што се работи филмов ама искрено не би ни знаел што да пишам. Од навидум мистерија на пола пат се менува во хорор со сосема друг глумец во главната улога и нови карактери освен мистериозниот странец. Филмов нема некоја посебна цел или приказна така што нема да им се допадне на тие што бараат и цел и приказна во нивните филмови :pos: ама па затоа чудноста, голотијата и крвта е пуштена до 11-ка.

За на крај ве оставам со ова видео и препорака за гледање.


as a matter of fact I'm there right now....:eek:
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Имам интересна приказна за филмов што ке го пишувам подоле. Бевме искочени во град пријатели како и геј пријател на моја другарка. Типот ми се виде многу интересен затоа што беше студент на филмска академија и си заврзавме муабет за филмови. И како што поминуваше вечерта а јас попијан и попијан фативме тема кој е најфилозофски филм што го имаме гледано. Типчево почна да си кажува за некој црно бел филм кој го има гледано како студент за некое дрво и за некој момак ама не се сеќавам многу што кажуваше. Кога ме праша за мој најфилозофски филм гледан, јас мртво ладно му одговарам, Конан! Молам, ме праша зачудено. Првиот дел, да бидам попрецизен. Знаеш ммму ја убиваат мајката , па он е гладијатор па на крст ке го распнат и на крај Џејмс Еарл Џонс му вика дека му е татко. Мммммфмм.
Повеќе не го видов човекот.



Конан Варваринот од Џон Милиус. Ваков филм, режиран од човек кој чува тенк во својата гаража и е покровител и соосновач на ултимејт фајтинг и глумен од професионален билдер, професионален сурфер и балерина а да е добар може да се добие еднаш во 100 години.


''сурфер, балерина, дилбер''

Поправо не можам да кажам со чисто срце дека е ''глумен'' од тројцата набројани. Ако очекувате глума од филмов ке ја најдете само кај легендарните Џејмс Еарл Џонс и Макс вон Сидоу.
Се работи за Конан, кој откако ке биде сведок на уништување на неговото село од страна на Тулса Дум и неговиот култ на змии е одведен да биде роб. Откако ке порасне во Шварценегер после многу годишното мелење јачмен тој е купен од трговец со робови за да биде гладијатор. Кога ке стане шампион тој добива слобода и конечно ке тргне на пат за да ја оствари својата одмазда, откако првин ке украде нешто и ке има по некоја оргија. После дефинитивно оди по одмазда.

Филмов ми беше репер за најдобро нешто понудено од фантазискиот жанр многу години се додека не се појави Господар на Прстените. Ама па не знам дали дека со носталгија го гледам, ама мислам дека до ден денес држи филмов. Како прво ја има најепската филмска музика создадено од Базил Полеидорус, case in point
И филмов изобилува со оргии, квалитетни мзгања, крв, голи тела(машки и женски за секој пол да биде среќен) Шварци, Дарт Вејдер, оргии и силување на Шварци од страна на вештерка. Еден од филмовите што мора да биде изгледан во текот на вашиот живот.


Што и да правите немојте само да ги гледате продолженијата како и новиот со Кал Дрого.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314

Fargo

Ако треба да го опишам Fargo со еден збор, тоа би бил зборот „контраст“. Една од дефинициите гласи дека контраст е кога една работа се разликува од друга во голем степен, најчесто преку блиска асоцијација. Fargo е полн со контрасти. Од добродушниот, секојдневен лик на Марџ, па до бесчувствителните и несекојдневни убијци. Од крвавите патишта, па до белите пространства со снег. Луѓе кои би сториле се' за да дојдат до пари, наспроти луѓе на кои им е битно само да имаат за јадење и кров над глава.

Заплетот започнува кога Џери, припрост дистрибутер за автомобили (Вилијам Х. Мејси), ќе смисли план за да си ги отплати долговите. Најмува двајца криминалци (Стив Бушеми и Питер Стормер) кои треба да ја киднапираат жена му, за потоа да го земе откупот од нејзиниот богат татко. Како што е ред, работите се комплицираат. Марџ, началникот на полицијата (Френсис Мекдорманд) започнува да го истражува случајот и плановите на Џери започнуваат да му се одбиваат од глава.

Fargo е филм кој не може лесно да се категоризира. Секако дека е мистерија, но не во типичната, Херкул Поаро смисла. Исто е и филм кој ќе ве насмее, иако тешко може да се нарече комедија. Но, пред се' е оригинална и по малку ексцентрична драма полна со карактер и чудни ликови.

Според мене, филмов не би бил ова што е да не е главната хероина, која трага по убијците во седмиот месец од бременоста. Иако акцентот понекогаш и' е смешен („Yaah?“) и сцената на злосторството не и' годи на моменталната состојба, она што кај неа се издвојува е љубезноста, живоста и интелектот. Најголемата предност на ликот на Марџ е нејзината секојдневност. Поради тоа, ликот е симпатичен и на некој начин смешен, што е реткост во полициските филмови од жанрот драма. Некои велат дека еден карактер во филм понекогаш треба да се однесува спротивно од очекуваното за да биде интригантен. Интригата овде е што Марџ е многу способна во својата работа, иако воопшто не изгледа така. Таа не е како Џоли во Taking Lives или Булок во Murder by Numbers.

Fargo е филм за бизарноста на луѓето, кој сака да покаже како добрите работи во светот не можат да се мерат со глупавоста и ограниченоста на луѓето. Како обичниот живот и секојдневието можат да бидат нарушени од алчноста на општеството. Ако на тоа се додаде извонредната глума на Мекдорманд, Мејси и Бушеми, непредвидливото дејство и ефективната атмосфера, се добива чуден и возбудлив филм. За мене еден од најдобрите филмови од 90-те.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Комбо пак од Вилијам Фриедкин

The Sorcerer
Римејк на Францускиот класик Wages of Fear и режиран од човекот кој го има направено The Exorcist и е со Рој Шајдер во главна улога. Филмов е бокс офис бомба, и многумина тврдат дека овој филм ја има уништено кариерата на Фриедкин(јас тврдам дека тоа го стори The Guardian, многу, многу лош филм). Инаку причина поради кој е пропаднат филмов, како што имам читано е поради името на филмот. Кога излегол дел од луѓето биле збунети, дали е фантазија, дали е нешто налик на The Exorcist(не е) додека пак трети не го гледале затоа што сметале дека дека е погрдно да се направи римејк на Францускиот филм. Како и да е, за да вас не ве буни насловот,филмот не е фантазија туку е трилер и името доаѓа од еден од камионите кој е наречен Волшебникот, кој служи за пренос на динамит во филмот.
Дејствието се врти околу група луѓе кои работат на нафтена платформа во Јужна Америка. Понудена им е поголема сума на пари за да пренесат преку прастари камиони, нестабилен динамит до зададената локација до која мора да стигнат преку километри густа џунгла и неасфалтирани патишта.
Оригиналот не ми е гледан иако веќе подолго време се меркам да го најдам, но овој филм е ремек дело. Сигурно сте слушнале за изреката, веќе не се прават филмови како порано. Епа за овој филм тоа е точно. Каскадерските сцени снимани од вистинските актери инаку ве држат во неизвесност цело време

Сликата горе поставена, два камиона ги возат на нестабилен мост. Рој Шајдер мислел дека ке умре додека го снимал филмов
---------------------------------------------------------------------------------


To Live and Die in
Филмиште. Класика. Еден од најдобрите. За среќа овој филм си ги има повратено парите за разлика од претходниот. Пак режијата е на Фриедкин а во главна улога е Вилијам Питерсен т.е. дебелиот од CSI, овдека слаб.
Почеток е малце глуп и клише по мое мислење само тоа да не одврати од филмов, затоа што инаку ке го пропуштите едно од подобрите филмски искуства. Да се образложам, Вилијам Питерсен од понатаму во текстот Бил, го глуми цајканот кој не игра според правилата и воопшто не се грижи за својот живот(што воедно и ке ви биде прикажано кога Бил скока банџи од мост) а неговиот партнер и воедно ментор и татковска фигура има една недела додека се пензионира. Доколку реченицата, една недела до пензионирање ви означува опасност тогаш ви честитам. Вие имате гледано многу филмови. Едно попладне партнерот/менторот/татковската фигура на Бил точно една недела пред да се пензионира се решава да оди кон напуштеното стовариште каде што се лошите, тотално сам, без засилување и без да каже на било кој дека иде таму и човекот е за жал изрешетан една недела пред пензионирање. Мислам дека не заслужуваше спојлер ова, и онака се само првите пет минути по кои што филмов се подобрува до 100-ка. Бил, подоцна заедно со новиот партнер со Српско презиме е решен да ги фати злосторниците преку легален и нелегален пат. Една од причините што ми се допаѓа филмов е атмосферата што преовладува низ цел филм. Нервоза, страв и паника. Кој го гледал знае што мислам. Музиката во филмот е одлична, типично музиче од 80-те. Глумата е перфектна за филмов, иако на моменти има и преглумување. Питерсен иако погоре пишував иронично за него, многу добро му лежи улогата на надркан полицаец што ја демонстрира овде како и во Manhunter уште еден добар филм. За Џон Тортуро и Вилијам Дафо не пишувам многу затоа што тие двајца немаат никогаш лошо изглумено. Дафо поготово е брилијантен овде во улогота на негативец. Акцијате е добра снимена, а инаку филмов ја има најдолгата брканица со коли, таман кога ке помислиш дека е завршена и дека се на сигурно ете ти хеликоптер одеднаш и пак одново брканица по автопати. Инаку доколку го гледате филмов, откако ке го изгледате одете одма на ЈуТјуб и напишете To Live and Die in L.A. alternate ending за да видите како еден перфектно добар филм можел да биде уништен, а воедно и ке се насмеете.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Letters to Juliet

thumbnail.jpg
Софи живее во Америка и со својот вереник Виктор одат на пред-меден месец во Верона. Во куќата на Ромео и Јулија работат неколку жени кои одговараат на писмата напишани од многу луѓе кои се залепени на зидот. При посета на куќата на Ромео и Јулија, Софи случано наоѓа писмо од 1957 година испратено од Клер Смит. Таа го отвара писмото и ја чита приказната која ја напишала Клер Смит. Во писмото таа пишува за нејзината љубов од младоста, Лоренцо. Иако се поминати многу години од тогаш и не знаат дали Клер е сеуште жива сепак Софи се одлучува да напише одговор на писмото. За среќа Клер Смит сеуште е жива и живее во Лондон. Отакако го добила писмото заедно со нејзиниот внук Чарли доаѓаат во Верона. Софија и предложува да одат да го бараат Лоренцо. Дали ќе го најдат останува да го погледнете филмот.
Прекрасна романтична драма со малку комедија, која ни дава јасна поука дека никогаш не треба да се откажеме од барање на она што некогаш сме го изгубиле.
Според ИМДБ има оцена 6.3/10, според мене нереална оцена дадена од оние кои не го разбрале филмот и на се пронашле во него и не се заљубени, но јас му давам оцена 10/10. :love:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Одамна не сум пишала на темава, но филмов што го гледав вечерва едноставно заслужува свој пост тука

Incendies

Oооо мааај гад! Каков филм. Не ми се верува сеуште. Ова е еден од филмовите кои ме оставиле без збор, да зјапам во екранот уште неколку минути во неверување. Филмов е доказ што може да направи една војна, сето тоа да отиде во така лош правец што ни на крај памет не би ви паднало. Не ми е јасно како толку добар филм има реално мала гледаност и речиси никаква популарност. Го проверив на филмскиве теми на кајгана, спомнат 3-4 пати и тоа сите имаат апсолутно позитивни критики за филмов, тоа е премалку гледаност. Ама тоа е, нема американска продукција, да беше нивно дело ова ќе беше мегапопуларен филм. А и актерската екипа е и повеќе од добра. Одлична приказна која се одвива паралелно минатото со сегашноста, за на крај соединувањето да ве остави без здив. Да да 1+1 понекогаш се само 1.
Го препорачувам филмов и бидете спремни во еден здив да го изгледате, овие 130 минути летнаа како 3 минути.
10/10 без зборови сум
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Како новопечен филмоман, ја прегледав цела тема, изгледав голем број од филмовите за кои што има напишано рецензија бидејќи сметам дека за некој да оддели 10-15 мин. и да седни да напиши рецензија за филм, тој филм треба да остави некаков впечаток во него, а тоа е добро..
па така. и јас се решив да бидам корисна, (иако не знам колку ме бидува за рецензии) , се надевам за филм за кој досега се нема напишано рецензија, а доколку ја има, еве да освежам...


Equilibrium



После третата светска војна , човештвото се одлучува да им направи shut down на сите емоции од типот на љубов, омраза, љубомора, завист.. емоции коишто сметаат дека на некој начин се виновни за сето тоа самоуништување. Да, изгледа доста позитивно и корисно, но, што се случува ? Мажот и жената спијаат во одвоени кревети, сите живеат по една рутина, во сиви соби - "студено уредени", без емоции, без музика, без тага...сите носат иста облека, човекот не се смее, не се радува, ниту плачи, ниту љуби, се претвора во вистински робот. .. ги горат сите слики, сите книги, спомени, ја уништуваат музиката, животните.Сите луѓе земаат дневна доза на "proxium" - "дрогата" што всушност им прави shut down на сите емоции.

Cleric John Peterson (Christian Bale) е доста успешен робот, фанатик , поставен на функција, чијашто задача е да ги пронајдува и да ги уништува (убива) оние кои се против новиот начин на живот т.н sence offenders, се до моментот на апсењето на Mary која подолго време тајно живеела со емоции. При испитувањето на доказите т.е работите од нејзината соба - шише парфем, книги, плочи со музика, тој се заљубува во неа и престанува да ја зема дневната доза на Proxium...

како се чувствува тој кога после долго време ја осеќа убавината на изгрејсонцето? кога го слуша неговиот син како му вели Добра ноќ,тате?! кога го осеќа мирисот на Mary ? кога го слуша Бетовен после долго време... ? кога гледа во милните очиња на кучето кое треба да биде убиено? кога ги гледа стравот во очите на луѓето што треба да ги убие? колку долго може да издржи криејќи се така..?


Филм од 105 минутно задоволство. Мешавина од акција, емоции... навистина "кул ствар"! Една поретка тематика во филмската индустрија.. вреди да се гледа!

оцена 10/9
 

Lenny

Seventh Son of a Seventh Son
Член од
16 февруари 2012
Мислења
335
Поени од реакции
406
Hitch


Жанр : Романса , Комедија
Главни улоги : Вил Смит , Ева Мендез , Кевин Џејмс

Епа вака , во филмов Вил Смит(Хитч) е ''местач'' , им помага на мажи кои неможат или незнаат како до нивната девојка од соништата . Ке биде најмен од еден батка по име Алберт Бренаман(Кевин Џејмс) ,не еден од најпривлечните мажи, несмасен, работи како сметководител на девојката која му се допаѓа која патем е многу богата и изгледа надвор од неговата лига. И ке им тргне работата арно ама Хитч ке се затреска во една новинарка (Ева Мендез) на која баш не и се влага у озбилна врска но Хитч некако ке успее да ја омекне и тогаш почнува расплетот...
Ако сакате поминете добри 2 саата со некои супер поучни реченици и малку комедија топло ви ги препорачувам филмчево , за оценка ке му дадам добра 7 пошто убоо ме насмеа на моменти а и глумата не е лоша. ;)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Revolutionary road (2008)
Жанр- драма​
Улоги- Leonardo DiCaprio, Kate Winslet​
Режија- Sam Mendes​
Ако преживееше Џек во Титаник и останеше со Роуз, тогаш овој филм сигурно ќе беше продолжение на нивната љубовна идила...:) Додуша не им е баш идилично во филмов ама ајде...​
Леонардо ДиКаприо не си дозволи никогаш да има лош филм во својата кариера...Сите улоги негови до сеа како да создадени за него и за никој друг актер...Така и овде...:love:
Во филмов имаме млад брачен пар(Френк и Ејприл) со две деца, кои се доселуваат во нова куќа, во Конектикат, во мирно предградие, опкружени со семејни и добри луѓе...Поентата е на почетокот да се долови една идилична и хармонична семејна слика...Френк работи во голема компанија(иако не ја обожава баш работата, но солидно заработува...), секој ден патува до градот со воз, а Ејприл е дома, се грижи за двете деца, за куќата...Имаат прекрасни соседи со кои се дружат, а бракот им е полн со љубов, разбирање, спокој, страст...Ејприл останува бремена со трето дете, а Френк добива унапредување на работа...И во кулминацијата на сите овие прекраснотии, на Ејприл одеднаш и светнува во глава да продадат куќата, да земат заштедените пари и да се преселат во Париз каде таа ќе работи како секретарка во некоја огромна компанија, а Френк да седи дома и да се пронаоѓа себе си пошто тоа што го работи тука не го исполнува иако заработката му е солидна...И од овој момент започнуваат неочекувани и чудни пресврти...Режисерот им ги открива вистинските лица на главните актери постепено и остава на нас да судиме, критикуваме и да извлекуваме пораки и поенти...​
Како што се расплеткуваа работите си го поставив прашањето- Што може друго да се очекува од една неизживеана, нереализирана и фрустрирана жена која на моменти биполарно се однесува...? И подебелиот крај ќе си го извлечат тие што се ни криви ни дужни за ништо, туку напротив заслужуваат безрезервна љубов, почит итн...​
Сценографија, костимографија, фотографија, сценарио, музика - (y)(y)(y) Дејствието се случува во средината на деведесеттите...​
Филмов го препорачувам за љубители на добри психолошки драми...:)
Оцена од мене- 8,5/10 ...​
Еве трејлер​
И некоја сличичка да ја доловам сценографијата и костимографијата :D
И тука имате повеќе фотки http://cinema.theiapolis.com/movie-024A/revolutionary-road/gallery/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom