Now that's what I am talking about, барав добар хорор, и го добив . . . типичен нискобуџетен хардкор хорор, едноставен, без непотребно комплицирање, а тоа е . . .
Okej, да почнеме, филмов е далеку од перфектен, идејата далеку од оргинална ( римејк е на шпански филм, Rec ) но, за љубителите на хорор жанрот, одлични 89 минути .
За идејата, first person movie т.е. нешто слично како Blair Witch Project или Кловерфилд, е сега, разликата пoмеѓу Quarantine и остантаиве два е што тука едноставно знаеш дека се работи за филм, не е ист филингот ко у BWP, кога на моменти добиваш впечаток дека се работи за документарец или нешто што навистина се случило . Актерите баш актерски, глумат, нема никаква спонтаност се е едноставно филмски, што не беше случај на пример со BWP koј даваше впечаток дека оние кои беа инволвирани во филмот се собрани деца од улица кои не го добиле сценариото за филмот.
За репликите низ филмов, overused, eдноставно веќе видени т.е. слушнати така да на детал глума, филмов можеше да помине и многу подобро .
Приказната, станува збор за новинарка која прави репортажа/документарец за ден поминат со пожарникарска единица .
Воведот е непотребно развлечен се до заплетот, кога при една нивна интервенција во еден апартман од зграда во L.A. наоѓаат жена инфицирана од нешто непознато . При обидот да излезат од зградата приметуваат дека вратите се затворени, зградата е ставена во карантин од CDC ( центар за спречување на болести ), мобилната мрежа е исклучена, немаат ТВ, немаат интернет пристап и целосно се отсечени од останатиот свет заедно со останатите станари од зградата . . . . останатото од филмот, оставам на вас да дознаете .
Се на се склопено, филмов има оцена 6/10, дел е поради според мене лошата глума, дел зашто идеава е веќе видена и испробана ( аналогно на истово филмот е предвидлив ), но, ако сте фан на BWP, на филмови од типот Resident Evil 1, 28 weeks later и тн, тогаш не гледам причина зашто не би ви се допаднал и овој филм .
Глумци кои би ви биле познати од филмов се :
Џенифер Карпентер - беше главна улога во " Егзорцизмот на Ејмили Роуз ''
Џеј Хернандез - глумеше во Hostel
Раде Шербеџија - ноу комент