Предлог за уставно име што НЕ СМЕЕ да се прифати

Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
немојте да стварате погрешна слика за реалната состојба...јас се прашував од каде толку наплив на национализам на форумов ама сега ми е јасно...
So koe pravo etiketiras nacionalizam za nekogo sto ja saka drzavata i narodot.Zasto nacionalizam ,nikoj nikogo ne mrzi samo si go cenime i sakame svoeto .Ednostavno da bidime svoj na svoeto.Ako tebe netise dopagja vo makedonija odisi:toe:.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
ТОЧНО !
Само сакаме да бидеме признаети и почитувани од целиот свет како :
МАКЕДОНИЈА
И
МАКЕДОНЦИ

ДОСТА СО БРИШЕЊЕ НА ВИСТИНАТА
ДОСТА НЕГУВАЊЕ ЛАГИ


САКААТ ДА ИЗБРИШАТ НАРОД КОЈ СО ВЕКОВИ НЕ СЕ ОТКАЖАЛ ОД КОРЕНОТ

МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ПРАВО НА ДОСТОИНСТВО

 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Analiza na Risto Nikovski:

Нимиц забранува надворешно користење на името Македонија

Нема место за задоволство од последниот предлог на Нимиц. Со истиот фактички ни се забранува користење на името „Македонија“ на меѓународен план, што значи дека идентитетот на народот останува само за домашна употреба. Дури, ниту тоа не е дефинитивно бидејќи Нимиц заговара “уставни процеси на двете страни”, без (јавно) да објасни на што мисли.


Со мала разлика, предлогот, по многу нешта, личи на отпишаната Лисабонската декларација. Конкретно, предлогот би бил прифатлив за нас единствено ако го нема додатниот пакет. Впрочем, Нимиц има мандат само да ја надмине разликата околу името и последниот предлог тоа апсолутно го постигнува и ги апсолвира грчките барања. Тие инсистираа на географска одредница и ја добија. Иако без потреба, со тоа се прави (додатна) дистинкција од делот на Македонија кој е во Грција.

Нимиц нема никаков мандат, да не зборуваме за некакво право да одредува кој, каде и на каков начин ќе си го користи своето име. Ние, впрочем, не и' го оспоруваме правото на Грција да го користи името Македонија каде сака и колку сака, иако на тоа има сто пати помалку право од нас. Таа не може тоа право да ни го ограничува нам.

На мала врата се протнува нешто што е без преседан во меѓународната практика: една држава да бара промена на името на друга и дури да и' се нуди како - кум! Паралелно, се толерира непримереното однесување на “првата страна”, која не ги исполнува своите меѓународно прифатени обврски што произлегуваат од Привремената спогодба.

Предлогот, во основата, е повеќе прифатлив за грчката страна, иако не ги задоволува нејзините максимални барања: преку името да се негира постоењето на одвоен македонски народ. Со предлогот тие фактички успеваат да го оневозможат користењето на нашето име на меѓународен план (нема македонска нација!) и да ја стават нашата земја во нерамноправна позиција на меѓународната сцена, на трајна основа.

Во што е проблемот? Во ООН и сите негови институции, вклучувајќи ги и сите меѓународни спортски организации и натпревари, како и на олимпијадите, во НАТО, ЕУ, ОБСЕ, на сите меѓународни конференции и манифестации, секаде... сите земји ќе бидат претставени како Франција, Данска, Кина, Шпанија..., значи преку името што ја означува и нацијата. Пред нас, секогаш ќе стои рогобатната ознака “Република Македонија (Скопје)”. Зошто? За разлика од сите други земји, ние ќе изгледаме и звучиме како нешто вештачко и измислено.

Затоа, ограничувањето дека ниту ние ниту некоја друга држава (Нимиц треба да објасни на која мисли?) може да го користи поимот Македонија како официјално име е апсолутно неприфатливо! Со тоа, Нимиц покажува дека официјални од нашето меѓународно име би биле само Република и (Скопје) додека Македонија би била само географска одредница!

Тогаш, заради истата намена, воопшто не е потребна додавката (Скопје)! Ова неприфатливо ограничување ќе отвора безброј проблеми со кои (секојдневно) ќе се соочуваме, при што ќе бидеме постојано не само нерамноправни туку и понижувани. Грција секаде ќе инсистира дека нема претставници од Македонија туку од РМ (Скопје). Како, на пример, ќе настапуваат нашите спортски репрезентации? Што ќе им пишува на дресовите?

Ако им пишува РМ (Скопје), со тоа ќе се прекршува нашиот Устав! Некои идиоти и досега на дресовите на наши репрезентации ја ставаа навредливата кратенка ПЈРМ (FYROM) и тоа поминуваше неказнето благодарејќи на нашата глупост. Но, кога тоа ќе биде обврска, на тоа ќе мора да реагира и Уставниот суд.

Исто така, се поставува прашање на трговската документација во увозно-извозните зделки. Не треба да има дилеми дека Грција ќе направи се', целокупната наша документација да мора да биде со новото име. Тука сигурно ќе ја поддржи и ЕУ. Повторно ќе не' тераат да го кршиме Уставот. Нимиц јасно вели (точка 1 став б) дека “меѓународното име: РМ (Скопје) е за меѓународна официјална употреба”! Тоа, во принцип, (ќе) не' обврзува и нас кон светот, а не само светот (по избор) кон нас! Така барем изгледа.

Ако сето ова не се прецизира навреме, Грција ќе биде во постојана офанзива, на сите фронтови. Вклучувајќи ги и маргиналните (како ќе бидат претставени нашите убавици на меѓународни избори за мис, што и досега се случуваше). Грција секако ќе се обиде да ни го промени и меѓународниот код (МКД), што мора да се спречи.

Значи, со забраната на меѓународен план да го користиме (значењето на) зборот Македонија, а тоа е нашето име, симболот на идентитетот на нашиот народот е оставен само за по дома! Во светот, тоа не смее да асоцира на македонскиот народ! Тоа остава отворен простор за аспирации на соседите кон нашата земја.


Не треба да се заборава дека досега, и покрај неправедната референца во ООН, нашата земја си го задржа правото со сите да комуницира со историското и уставно име. Како ни се обраќаа тие, беше нивни избор. Сепак, најголем дел од земјите, дури и тие што не' признаа под референцата, со нас комуницираа со нашето (уставно) име. Затоа, никако не смееме да дозволиме новата практика да биде полоша од досегашната!

Новиот предлог може да значи само како ќе можат да ни се обраќаат земјите и организациите што ќе инсистираат на тоа. Никако пошироко. Нашата земја не смее да биде обврзана да го користи истото бидејќи тоа е спротивно на Уставот. Со Грција и други меѓународни субјекти, кои ќе инсистираат на новото име, треба да продолжи старата практика при потпишувањето на документи истите да се верификуваат со размена на ноти. Предлогот личи за подобар и е некаков чекор напред бидејќи Нимиц сега не оди на грубо и директно негирање на идентитетот на македонскиот народ (каква отстапка од негова страна!). Сепак, целта (чија?) тој ја постигнува на индиректен начин.

Предлогот дава можности за одреден компромис, но треба да бидеме максимално внимателни и не смееме никако да се залетуваме, како што тоа веќе го направија многумина политичари и аналитичари. Со нашето неодмерено реагирање, само даваме знак дека многу ни попуштиле, што воопшто не е точно. Тоа отвора простор да ни побараат и нови отстапки. За разлика од нас, иако добија (нај)голем дел од тоа што (неоправдано) бараа, Грците се “незадоволни” и бараат уште.

На вечерата во Брисел, најверојатно на тоа ќе инсистираат. Процесот не е завршен и разврската следи, затоа не треба да се истрчуваме. Компромисите се секогаш неопходни, особено во политиката, бидејќи без нив е невозможна нормална опстановка. Фактот што Грција веќе го одби, дава простор за наше начелно и тактичко прифаќање на предлогот, но тоа мора да биде максимално внимателно и со мерка, за да не се покаже како грешка.

Грција бара додатни поволности и ќе направи се' да ги добие. Тоа е позната преговарачка техника: кога ќе ви го предложат и тоа што ни на сон не сте го очекувале, тропнувате на маса и викате - на што ви личиме ние? Грција точно така се однесува во преговорите. Ако сепак дојде до спогодба, тоа најверојатно ќе го пресече Буш во Букурешт, обврзувајќи ги двете страни.

Таквата можност е најлоша за нас. Дали на таа карта игра Грција? Почитувани САД и останати (водечки) членки на НАТО, ова што денес му го правите на македонскиот народ целосно наликува на времето пред и по Првата светска војна. Тоа веројатно се поклопува со времето на (пра)дедо му на Саркози. Зар е можно, на почетокот на 21 век, на една демократска и мирољубива држава да и' се оспорува нејзиното име, или да и' се одредува каде и како ќе си го користи, или да и' се кажува на кое писмо ќе и' се пишува и како ќе се чита, или да се игнорира постоењето на еден (вековен) народ, или...?

Ристо Никовски
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Z.

sedam i slusam ova
i taguvam.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Z.

sedam i slusam ova
i taguvam.
Ne taguvaj be pile... so taguvas... nemoj ni da si pomislil da padnes so duhot.

Kade e stariot iskusen macor... da pokaze malce zar.. od ona Makedonsko sto go nosi.

Ke slavime skoro.... verba macor verba!
 

Ninja

Кајгана на око
Член од
15 мај 2005
Мислења
623
Поени од реакции
9
На два дена пред почетокот на Самитот на НАТО во Букурешт, позицијата на Грција е непроменета и јасна и на грчките граѓани и на меѓународната јавност им е децидно соопштена од парламентарна говорница: компромис треба да се бара во сложено име - и за внатрешна и за меѓународна употреба, и вето за нашето зачленува во НАТО доколку таков компромисе не се најде до почетокот на претстојниот самит на Алијансата.

На два дена пред почетокот на Самитот на НАТО во Букурешт, во Р Македонија во тек е дебата - и во експертската јавност и помеѓу релевантните политички фактори, во врска со последниот предлог на г-динот Нимиц. На македонските граѓани не им е познато дали нивниот политички врв се усогласил и дефинирал позиција - и тоа во врска со предлог кој другата преговарачка страна го отфрли! Се очекува и собраниска седница, па дури и се предлага распишување на референдум за овој предлог! Сето ова на два дена пред почетокот на Самитот на НАТО во Букурешт. Демонстрираме конструктивност ли?! Правиме ли обид меѓународниот притисок да се пренасочи кон Грција?! Се гради ли став само по последниот предлог на Нимиц или се прават подготовки и за изненадувања?!

Замката ни е поставена со овој предлог или треба да очекуваме нов и уште помалку поволен? Или сето ова е фарса: медијаторот, преговарачите и страните во преговорите изгледаат зафатени додека губат време во преговорите за спорот кој нема да се реши со преговори?!

:toe:
 
Член од
10 март 2008
Мислења
16
Поени од реакции
2
За bobi2008 и за сите оние кои сакаат да го знаат целиот предлог на Нимиц, а сеуште не успеале да дојдат до него:
[FONT=&quot]Што содржи предлогот на Нимиц?[/FONT]
[FONT=&quot]Предлогот што им го презентирал медијаторот Метју Нимиц на преговарачите Адамандиос Василакис и Никола Димитров на последната средба во Њујорк ги содржи следниве елементи:[/FONT][FONT=&quot]

Во моето својство како личен дипломат на генералниот секретар и базирано на разговорите со договорните страни, страни вмешани во спорот, согласно со член 5 од внатрешната спогодба од 13 септември 1995 година и Резолуцијата на Советот за безбедност 845 (1993) и 917 (1993), договорните страни да ги испеглаат разликите врз база на „пакет-решение“ направено врз основа на следните елементи:

1. Резолуцијата за прашањето за името да биде отелотворена во Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, согласно следното:

а) домашно име: „Република Македонија“ за домашна употреба, на кирилско писмо;

б) меѓународно име: „Republic of Macedonia (Skopje)“, за меѓународна употреба (англиска верзија);

ц) билатерална употреба: меѓународното име препорачано, а за државите кои моментално го употребуваат уставното име, може да продолжат со тоа, но не се бара го сменат ставот;

д) зборот Македонија самостојно нема да се употребува како официјално име на втората страна или од други држави;

е) зборовите „Македонија“ и „македонски“ може да се наведуваат самостојно (освен во ситуација опишана под точката „Д“ во овој документ) и да се употребуваат на неексклузивна основа од првата или втората договорна страна согласно со меѓународна правна и комерцијална практика.

2. Страните ќе преговараат за обврзувачка заедничка обврска против иредентизмот во која било форма од страна на која било од страните или од која било организација, поддржана од која било од двете страни против другата страна.

3. Страните ќе преговараат за соодветни договори и/или заеднички декларации кои се однесуваат на мирни и блиски односи, почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет, безбедноста, економската соработка, договорената употреба на номенклатурата за имињата на местата и другите прашања од заеднички интерес.

4. Страните ќе преговараат за формирање заедничка комисија за разгледување на прашањата од областа на културата и образованието.

5. Првата страна активно ќе ја поддржува Втората страна во нејзиниот процес за апликација за членство во меѓународните организации, вклучувајќи ги НАТО и Европската унија под меѓународното име.

6. Прашањето на именување на националните аеродорми ќе биде пак разгледано од Втората страна во поглед на развојот на севкупните добри односи со нејзиниот сосед.

7. Гореспомнатите елементи на сеопфатно разбирање ќе бидат имплементирани со добра волја и веднаш, преку уставни процеси на двете страни и преку Советот за безбедност на Обединетите нации и Генералното собрание, и неговата имплементација ќе биде олеснета преку продолжен мандат на генералниот секретар на ОН.

8. Деталите на горенаведеното решавање ќе бидат разработени со добра волја и документирани од страните преку процес на ОН. [/FONT]
 

MK

Член од
17 јули 2007
Мислења
117
Поени од реакции
1
Ne treba da se gubi nadez imora da se ima cvrst stav bidejki ako se davaat i najmali izjavi deka postoi volja za menuvanje na imeto toa im dava golema prednost na Grcite. Mora da pocne da se igra na nivni teren i da prestaneme da se branime, a toa najdobro bi bilo so spomnuvanje na sekade za genocidot vo egejska Makedonija, kako i da se povikuvame na dokumentot koj e potpisan i po koj Grcija ne smee da ne blokira za vlezot vo NATO, a koj dokument deneska ne znam zosto ama nikoj ne go spomnuva.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Ne treba da se gubi nadez imora da se ima cvrst stav bidejki ako se davaat i najmali izjavi deka postoi volja za menuvanje na imeto toa im dava golema prednost na Grcite. Mora da pocne da se igra na nivni teren i da prestaneme da se branime, a toa najdobro bi bilo so spomnuvanje na sekade za genocidot vo egejska Makedonija, kako i da se povikuvame na dokumentot koj e potpisan i po koj Grcija ne smee da ne blokira za vlezot vo NATO, a koj dokument deneska ne znam zosto ama nikoj ne go spomnuva.
Zatoa shto te vodat lugje koi shto nosat tvoj dres, no igraat za druga reprezentacija (vkl. ja sprotivnata). Branko, Tito, Antonio, da nabrojam nekolu.

Kaj nas e trulo, so trulo pochnavme, t.e. so Kiro, inaku atinskite cigani nemaat nikakva shansa sozhto site argumenti se na nasha strana.

No jas sum optimist spored najnovite dobieni informacii. Se nadevam deka ne gresham.
 
Член од
10 март 2008
Мислења
16
Поени од реакции
2
Во ваква ситуација во каква се наоѓа Република Македонија, на само еден ден пред Самитот, а со оглед на она што го потенцирав како мој став погоре во поглед на „процесот“, истакнат во последните две точки, искрено се надевам дека доколку се прифати овој предлог од македонската страна (што се сложивме дека дефинитивно би било неразумно и крајно негативно решение), нема да се најдеме во слична состојба и пред чекањето датум за преговори во ЕУ, кога на нашиот „драг“ сосед би можеле да му дојдат одредени идеи за заокружување на „процесот “ со дополнителни точки, односно со „проширување на пакетот“. Во таков случај можам само да претпоставам кое ќе биде едно од главните „дополнувања“ - откажување на Македонија од своето малцинство во соседната земја (што верувам многумина се сложуваат дека тоа е една од основите за овој долгогодишен спор. Според некои понови податоци, Грција, доколку би требало да ги плати отштетите на нашето тамошно малцинство, би претрпела удар во економијата од неколку (40тина) милијарди евра, а можеби и повеќе. Тука секако ќе треба да се спомене и јавното признавање на постоењето на такво малцинство, што Грција со години го негира, а што секако би било голема шлаканица на нејзината суета).
 

MK

Член од
17 јули 2007
Мислења
117
Поени од реакции
1
Igranje na karta za priznavanje na makedonskoto malcinstvo vo Grcija e veke prefrlanje na igrata na niven teren sto bi gi nateralo da razmislat za celata situacija bidejki izjavata na eden niven pratenik pred nekoja godina deka treba da ne priznaat za da ne izgubat uste poveke od kolku sto gubat sega mislam deka aludirase tokmu na ova.
 
Член од
1 април 2008
Мислења
1
Поени од реакции
1
MAKEDONIJA -FOREVER

MAKEDONIJA PATELA I GLEDAM I DENES PATI OD SPIUNI -SMRT ZA SPIUNITE I PREDAVNICITE A MESTO VO ISTORIJATA ZA VOJVODITE -POZZ MAKEDONCI
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Шефер: Три земји ќе добијат покани за членство во НАТО во Букурешт

Во интервју за весникот „Романија либера“, дадено пред почетокот на Самитот на НАТО во Букурешт, Шефер запрашан колку земји ќе добијат покани за членство, одговори: три


Буш: Проблемот со името ќе биде решен

Макфакс
01.04.2008 12:13Американскиот претседател Џорџ Буш смета дека Македонија ги исполнува условите за членство во НАТО и оти проблемот со името ќе биде решен.
Претседателот Буш ова го порача во интервјуто објавено во германскиот весник „Берлинер Моргенпост“. Американскиот претседател на прашањето дали кризата меѓу Македонија и Грција може да претставува проблем, вели:
„По оваа точка мора да се постигне согласност. Но, јас тоа не би го нарекол криза. Се работи за разлики во мислењата околу името на една држава. Но, проблемот е решлив и ќе биде решен. Притоа јас го земам предвид суштинското прашање: Дали Македонија ги исполни условите за членство? Ние сме убедени дека таа ги исполни условите“.
Буш одговарајќи го прашањето дали Албанија и Македонија се подготвени за пристапување во Алијансата, вели „да, јас одлучно ги поддржувам нивните перспективи за членство“ бидејќи „сметам дека ги исполнија условите за членство во НАТО“.
Претседателот смета дека се што било поставено во процесот за аплицирање во НАТО, било исполнето од Македонија и Албанија.
„Тие ги исполнија реформите“, вели Буш.
 

Go2bed

Vasilij Zajcev
Член од
2 март 2005
Мислења
972
Поени од реакции
13
Шефер: Три земји ќе добијат покани за членство во НАТО во Букурешт

Во интервју за весникот „Романија либера“, дадено пред почетокот на Самитот на НАТО во Букурешт, Шефер запрашан колку земји ќе добијат покани за членство, одговори: три


Буш: Проблемот со името ќе биде решен

Макфакс
01.04.2008 12:13Американскиот претседател Џорџ Буш смета дека Македонија ги исполнува условите за членство во НАТО и оти проблемот со името ќе биде решен.
Претседателот Буш ова го порача во интервјуто објавено во германскиот весник „Берлинер Моргенпост“. Американскиот претседател на прашањето дали кризата меѓу Македонија и Грција може да претставува проблем, вели:
„По оваа точка мора да се постигне согласност. Но, јас тоа не би го нарекол криза. Се работи за разлики во мислењата околу името на една држава. Но, проблемот е решлив и ќе биде решен. Притоа јас го земам предвид суштинското прашање: Дали Македонија ги исполни условите за членство? Ние сме убедени дека таа ги исполни условите“.
Буш одговарајќи го прашањето дали Албанија и Македонија се подготвени за пристапување во Алијансата, вели „да, јас одлучно ги поддржувам нивните перспективи за членство“ бидејќи „сметам дека ги исполнија условите за членство во НАТО“.
Претседателот смета дека се што било поставено во процесот за аплицирање во НАТО, било исполнето од Македонија и Албанија.
„Тие ги исполнија реформите“, вели Буш.
гладна кокошка просо сонува.Нема НАТО, се надевам само дека нашиве политичари соодветно ќе одговорат на грчкото вето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom