Предлог за уставно име што НЕ СМЕЕ да се прифати

Член од
3 март 2008
Мислења
831
Поени од реакции
31
Значи во кратки црти според тебе ние мора да бидеме со сите фини за да не нарекуваат Македонци??
Ако се скарам јас на моето безкичмено патување во Берлин со некој Германец...не заслужувам да сум Македонец???

не бладај глупости и не пробувај да најдеш светла страна каде што ја нема понеделник 12 саат знаеш каде дојди и избори се за кичма и достоинство за да можеш да го шеташ Берлин ко да е твој!!!!
Ne ja sfati poentata, ne rekov jas da bideme fini,nitu zboruvav za politicki oficijalni sredbi... tuku rekov deka e irelevantno vo privatna i sekojdnevna upotreba dali ke si FYROMian(taka sme denes vo UN, a sepak sekoj ne narekuva Makedonci), ili Makedonec od R.Macedonia (Skopje), ili samo Makedonec od Macedonia.
Za drugite lugje so koi komuniciras sekogas ke bides ,ONA STO SI IM KAZAL DEKA SI!!!!! A veruvam site ke recat: im Macedonian!

I uste nesto ovoj moj stav ne znaci deka go poddrzuvam predlogot, bidejki zboruvam za raboti koi ne se politicki, tuku se kodeks na odnesuvanje pri voospostavuvanje kontakti pomegju lugjeto...
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Некој да не знае каде можам да ја најдам оваа песна

...
До кога браќа мили Македонци
до кога Грци ќе толчат
со лажното верно духовство
милата наша родина.

Зошто то вие причина станавте
преди петстотини години
народната ни патријаршија
со лаги ни ја презедовте.

Каде се нашите писатели
каде се нашите списанија
се е, се е прав и пепел сторено
од грчката егзархија.

Станете сите браќа Македонци
од сите македонски градови
и да викнеме сите со глас голем
бегајте Грци не ве сакаме.
...

Од Ансамбл Биљана од Охрид
Ако имате и клипче, уште поубаво:)

Песната е ептен погодна за ситуацијава, а е од пред години.
Да се потсетиме дека проблемите со грците не се вчерашни.
Не заебавале со векови.
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
svirkajte si lugje .. odlicno e :)
Konecen e predlogot! znaci RM ne odi na drug predlog, od izgubena situacija na ucena sega imame situacija koga nie vikame ili ovoj ili nisto.. a vo momentov grcija go odbi neli pa ostanuva nisto.. sega ke zbesnat so pritisoci vrz grcija.. ne mi se ni veruvase koga go slusav Donald R. i negovata izjava.. na krajot nie ke si vlezeme vo NATO a nema da ima nit i od izmena na imeto... maestralno igra Grujo dani go pozivee gospod.
svrkajte si i imajte samo doverba vo vladata... znaat lugjeto sto pravat.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

За мене одамна не е одлично... ама што знам јас, не сум Кајганексперт...:nesum:
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
svirkajte si lugje .. odlicno e :)
Konecen e predlogot! znaci RM ne odi na drug predlog, od izgubena situacija na ucena sega imame situacija koga nie vikame ili ovoj ili nisto.. a vo momentov grcija go odbi neli pa ostanuva nisto.. sega ke zbesnat so pritisoci vrz grcija.. ne mi se ni veruvase koga go slusav Donald R. i negovata izjava.. na krajot nie ke si vlezeme vo NATO a nema da ima nit i od izmena na imeto... maestralno igra Grujo dani go pozivee gospod.
svrkajte si i imajte samo doverba vo vladata... znaat lugjeto sto pravat.
Ме фаќа страв во минут до 12 да не не протнат со Скопјево па од маестрална игра да излезе маестрален пораз.

Него каде ти беше натписот за сценариото, не можам да го најдам?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани
изјави денеска дека
„решение за спорот со името на Македонија со сигурност нема да биде најдено пред средбата на врвот на НАТО на 2-4 април во Букурешт“

Има ли уште некој да верува дека Грците навистина сакаат компромис???

Милошоски
нагласи дека во моментов е најважно да се утврди дали нашиот јужен сосед бара решение или простор за да ја блокира Македонија.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Протести на Македонците во Виена

Од Грчката амбасада, учесниците во протестите се упатија кон австрискиот Парламент, каде што беше предадена петицијата со молба до австриските власти Виена да се заложи Македонија да го задржи своето име.

Поворката, со македонски и австриски знамиња, како и бројни транспаренти со написи „Не сме Бугари, не сме Грци, туку Македонци“, „Нема да дозволиме да не прекрстат“, „Република Македонија“, „Едно е името - Македонија“, се упати и кон Амбасадата на Грција.

Организторите безуспешно се обидоа да достават петиција, по што одлучија да ја прочитаат.

Во петицијата се нагласува дека Македонија во НАТО и ЕУ може и треба да влезе само под своето име Македонија, а не под други имиња.​

Bravo decki ! :aplauz:
 
Sebastian

Too weird to live, too rare to die
Член од
26 јануари 2007
Мислења
606

Линкови, слики...?
 
CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
Најверојатно е следново сценарио да се случи во четврток.

Македониja заради зајакнување на односите со САД(кој патем се "кумови" на последниот предлог) ќе го прифатиме последниот предлог кој веќе и онака е одбиен од Гејлада, што значи нема да има никакво правно дејствие. Во четврток Македонија ќе се повика на времената спогодба од 1995 која имаше важност од 7 години, но бидејќи никоја од страните во 2002 не побарала прекинување автоматски се продолжува на уште 7 што значи дека трае до 2009 и е на сила, а сите знаеме дека внатре има клаузула дека Гејлада нема право да го попречува зачленувањето на Македонија во ниедна меѓународна организација.

Да се вратам на тоа што сакав да го кажам, Македонија ќе се повика на таа спогодба и Грција ќе нема ниту еден аргумент да не ја почитува(освен тоа што сакаат да не постоиме како држава) и буквално ќе биде нападната од цел свет дека нема право да го блокира влезот на Македонија во алијансата, на што Гејлада би попуштила и не би ставила вето!!!

Тоа е најреалното сценарио!
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
В понеделник Собранието ќе расправа за прифаќање на последниот предлог на Нимиц, со кој референцата ПЈРМ ќе биде заменета со „Република Македонија (Скопје)“.
Јавноста во изминатите неколку денови главно позитивно гледа на новиот предлог. Со него се задржува уставното име, а само во меѓународните организации на него се додава „Скопје“ како географска одредница. Со земјите што не признале како Република Македонија останува уставното име.
Во пресрет на гласањето, пак, зоврива политичката тензија. ВМРО-ДПМНЕ бара изјаснување за предлогот на Нимиц на референдум. Централниот комитет на партијата смета дека ниту една партија нема право да го прифати и да даде конечен одговор без да ги праша граѓаните.
Партијата, согледувајќи го распоредот на силите во Парламентот, тврди дека ќе направи се во нејзина моќ да не биде надгласана и за тоа ќе ги применела сите демократски средства.
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ создава разногласие во јавноста, а всушност од нив зависи дали ќе има седница или не.
„Ако ВМРО-ДПМНЕ не сака да има седница на Собранието, седница на Собрание нема да има, бидејќи претседателот на Собранието е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Радмила Шеќеринска, претседател на СДСМ.
„Јас се плашам дека некои луѓе ја згрешиле професијата. Кога си на власт, одговорот дека нема нешто да направиш не е доволен. Треба да кажеш што ќе направиш. Денеска ние велиме како опозиција дека нема да ја искористиме оваа шанса да ја нападнеме Владата на ВМРО-ДПМНЕ, иако таа тоа го заслужува“, додаде Шеќеринска.
Се уште не се знае какво ќе биде сценариото. Се очекува пратеничките дискусии да бидат ограничени, за да се има доволно време сите да го кажат своето мислење. Седницата би почнала околу 1 часот.
Експертите сметаат дека за првпат Парламентот ќе одлучува по вака важно, а невообичаено прашање. Оттаму дилемите како тоа треба да се изведе.
Според професорот по уставно право, Светомир Шкариќ, Парламентот треба да расправа самоиницијативно, на предлог на Владата или на предлог на Претседателот и да донесе одлука со мнозинство гласови. Со таа одлука нашите претставници да заминат во Букурешт.
На истата седница би било добро Собранието да изгради свое мислење дали прашањето за промена на името да се стави на референдумско изјаснување на граѓаните, вели професорот Шкариќ.
Други експерти и поранешни министри, членовите на Македонската академија, сите изминативе денови во медиумите го анализираа последниот предлог. Сметаат дека е добра шанса за замена на референцата ПЈРМ.
Професорот Љубомир Фрчкоски смета дека предлогот е максимум што можевме да го добиеме и Македонија треба да го прифати.
Аналитичарот Мерсел Биљали верува дека со прифаќање на ова име Македонија добива многу поволна позиција пред самитот на НАТО во Букурешт.
Според Димитар Мирчев, компромисот треба да се бара само во името, но не и во другите точки. За професорот Владо Поповски, предлогот е коректен и прифатлив.
И МАНУ излезе со став во кој пакетот на Нимиц го оцени како добра база за договор со Грција.
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=91234

Од каде заклучи новинарката дека јавноста гледала позитивно на предлогот?! И натаму продолжуваат и продолжуваат да перат мозоци.

Испраќајте сите мејл до новинарката на овој линк:

http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=48&VestID=91234

Да и докажиме дека јавноста не се сложува со предлогот.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=91234

Од каде заклучи новинарката дека јавноста гледала позитивно на предлогот?! И натаму продолжуваат и продолжуваат да перат мозоци.

Испраќајте сите мејл до новинарката на овој линк:

http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=48&VestID=91234

Да и докажиме дека јавноста не се сложува со предлогот.
Novinarkata rekla taka, oti taka i nardil gazdata na A1, torbeson Velija e coek na BC.
Sto moze od niv, Kanal5 i Telma da se ocekva.
 
Член од
10 март 2008
Мислења
101
Поени од реакции
0
Novinarkata rekla taka, oti taka i nardil gazdata na A1, torbeson Velija e coek na BC.
Sto moze od niv, Kanal5 i Telma da se ocekva.
Не знам кој и наредил и кој што и рекол. Јас видов дека од неа е веста напишана, затоа и нејзе и пратив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom