Предлог за серии и кратки рецензии

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Кај ја гледаше серијава? Да пратеше торент нешто, се пукнав барање не најдов.
На рутракер, барај ја на кирилица: Перевал Дјатлова - тоа ЈА, руското ЈА, како R наопаку.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.944
Поени од реакции
5.140
Resident Alien

Црна комедија за вонземјанин кој има мисија да го убие цел човечки род но при слетување на Земјата ќе има несреќа и ќе го изгуби оружјето за масовно уништување и вселенскиот брод во снеговите во мало градче во Колорадо.
Ќе заземе човечки облик и ќе мора да се инфилтрира и да живее со луѓето додека не го пронајде вселенскот летало.
До сега има една сезона од 10 епизоди а има и најава дека ќе се снима и втора сезона,интересно серииче со Alan Tudyk.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Calls - нова серија на Аппле+, римејк на популарната истоимена француска серија на Canal+. Интересна сега за сега, сите епизоди се достапни веднаш за гледање, некаков радио-драма формат со аудио наместо видео презентација на приказната, еве пример како изгледа ова(како кога ќе пуштиш музика во Виндоус Медиа Плејер и визуелизација со брановите).
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892


Веројатно најголем дел од сериите на темава се нови и актуелни, па еве едно тешко југословенско ретро од мене. Серијата топло му ја препорачувам на секого, 12 епизоди се само, ептен е емотивна, изобилува со една добра глума на цела плеада успешни актери, од кои добар дел тогаш биле на почетоците на својата кариера. Серијата го опфаќа животот на децата во воспитно поправниот дом во Крушевац. Опфаќа многу гледишта вредни за анализа, како односот на општеството кон тие деца, меѓусебните односи на децата, односот помеѓу воспитувачите и децата. Серијата своевремено претставува авангарда, бидејќи луѓето во Југославија тогаш биле навикнати да слушаат на тв дека се е мед и млеко, да заспиваат со мечето Ушко, на тв немало насилство и лоши вести, и одеднаш доаѓа серијата со приказ на реалноста која многу не сакаат да видат. Брутални сцени како приказ на реалноста во тие институции, затоа и своевремено наишла на поплаки од луѓето кои се жалеле што серијата оди во ударните термини и сметале дека такво насилство не треба да гледаат деца. Серијата ме натера да анализирам и да сфатам дека сега работата е уште полоша од тогаш, единствена ваква институција во Македонија има во Тетово, каде што самиот директор изјавува дека условите повеќе наликуваат на затвор отколку на живеалиште за деца и малолетници. Серијата ја дознав од музиката "Sve sto zelim u ovom trenutku", таа песна секогаш кога ќе ја пуштам се наежувам, ме опфаќа меланхолија, ама од друга страна и некој непознат спокој, ме тера да размслам на многу далечни теми кои не би размислувал да не ечи таа песна, една од моите најдраги песни. После оваа серија сакам да ги гледам филмот и серијата Zaboravljeni со дел од глумците од серијата Sivi Dom. Омилени ликови Silja, Savka, Zeka, најзезнат лик за анализа Beli, а Kalifornija (Mirjana Jokovic) е одузимаш ми дах (и Савка е :D). Кој ја има гледано нека си се потсети на ликовите со песничето, кој ја нема гледано нека одвои дел од своето време, нема да зажали.

1617930494452.png 1617930519384.png 1617930662213.png 1617930696434.png 1617930830448.png


Нека не ве лажат сликичките, серијата не е црно бела, во боја е, онлајн е малку полош квалитетот, за подобар симнете си ја на торент.
 
Последно уредено:

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Your Honor



Мини-серија до 10 епизоди. Bryan Cranston во улога на чесен и почитуван судија чијшто живот и постапки ќе се сменат по еден несреќен настан во кој е вклучен неговиот син. Судијата ќе стане сѐ спротивно од тоа што бил и за што се залагал.

Има некој Breaking Bad vibe. Опфаќа повеќе теми, фамилијарни односи, расни разлики, општествени функции, системот и неговото (не)функционирање. Ликовите се длабински портретирани и мотивирани. Вреди да ѝ се посвети внимание.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817

Според писанието на Агата Кристи. Интересна за тепање време, некои 3 часа, мала мини серија. Има добра атмосфера, ок актерска екипа, не е нешто wooow али вреди да се изгледа.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.863
Поени од реакции
54.396
PORODICA (2021)


Српска мини-серија која ги следи случувањата во претседателската палата Мир во пролетта 2001ва година во очи апсењето на поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиќ.
Политичка серија правена по вистинскиот настан во тие три дена кога конечно паѓа социјализмот во Србија и Југославија, каде тогашниот претседател Воислав Коштуница одбива да ја повлече војската која ја чува резиденцијата со образложение дека тој е против Хаг и не го признава нивниот суд. Натегања и преговори водени од тогашниот млад лидер на студентскиот бунт против Слобо, Чедо Јовановиќ под команда на тогашниот премиер на Србија Зоран Џинџиќ.

Ликовите се многу добро погодени, Борис Исаковиќ во улога на Слободан Милошевиќ, Мирјана Карановиќ како Мирјана Марковиќ ака Баба Јула, Вук Костиќ е Легија, Уликс Фехмиу - Зоран Џинџиќ, Светозар Цветковиќ - Коштуница, Тијана Марковиќ - Марија Милошевиќ и Милан Мариќ како Чедомир Јовановиќ.
Супер глума од Исаковиќ кој добро го има извежбано ликот и понашањето на Милошевиќ. Мирјана Карановиќ врвно ја одглуми таа гадната баба Јула, копиле иритантно, некултурно и злобно.
Вук Костиќ е врв како Легија, глеав некои видеа од вистинскиот Милорад и можам слободно да кажам дека го има скинато до најмали детали, поготово говорот.

Не е нешто спектакуларна серијата, има некои вишок моменти али во главно тоа е приказната и тие се случувањата од тој период. За тие што ги интересира не е лошо и вреди да се види. 5 епизоди се, ако би се прашувал јас, целата приказна би можела да се смести во некој филм од 2 ипол саати, евентуално 2 дела по 2 часа ама кој сум јас.

Глејте ја слободно и не се плашете, јер
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Кога боли курац за српска политика? Ептен ми се бедни оние историско-политички серии ала Александар од Југославија, Породица, една нова Крал снимаа мислам пак околу некој нивни крал.

Па поарно Тома филмот/серија на Бјелогрчиќ за Тома Здравковиќ да ја гледаш него историско-политички срањца.

Скоро изгледав две нови српски серии.

Од мене препорака за "Клан".
8 епизоди×50 минути. Крими серија за двајца небитни кримоси кои од нигде никаде стануваат некој и нешто во подземјето.
Глумциве иако млади и непознати за мене, топ одиграа, сценарио добро, на моменти некоја заебанција.
Скоро имаше најава за снимање на втора сезона.

Другата што ја изгледав е "Мочвара". Неа би препорачал да ја избегнете.
Детективска серија за сериски убиец. Сценариото без врска, главниов детектив (го игра Горан Богдан), мумла цела серија, секоја епизода плеска друга женска, секој лик скоро со секоја реплика има понекоја пцовка или моронски муабет од типот: шта си тако нервозан, иди јеби нешто или издркај.

Што знам, ко да сакале да копираат атмосфера од скандинавските крими серии, ама не знаеле како. Помртва серија одамна немам гледано.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Kevin Can F Himself

Нова серија на АМЦ, па еве кратка рецензија после 3 епизоди. Се работи за серија која е тешко да се опише, ако сте ги гледале повеќето ситкоми на Кевин Џејмс како Kevin Can Wait, King of Queens, Man with a plan, According to Jim и слични ќе знаете отприлика за што се работи. Во сите тие ситкоми постои улогата на тн. Sitcom wife, која има улога да биде озбилна и да служи за punching line на главниот лик и неговото друштво. Во серијата таа жена добива друга димензија односно феминистичка линија и ја следиме надвор од тој образец. Доста јасно е дадено кога е дел од ситкомот, бидејќи тогаш собата е осветлена и има laugh track, а кога е сама доста потемна е сцената. Доста храбра серија (според насловот) , ќе видеме како ќе се одвива до крај.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Фала за кратката рецензија вотче, многу убаво срочено и со фин речник. :love:

Од мене препорака за Condor. Добар шпионски трилер/драма. Нема некои познати глумци, не е некоја позната продукција, али држи внимание, посебно првата сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom