PORODICA (2021)
Српска мини-серија која ги следи случувањата во претседателската палата Мир во пролетта 2001ва година во очи апсењето на поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиќ.
Политичка серија правена по вистинскиот настан во тие три дена кога конечно паѓа социјализмот во Србија и Југославија, каде тогашниот претседател Воислав Коштуница одбива да ја повлече војската која ја чува резиденцијата со образложение дека тој е против Хаг и не го признава нивниот суд. Натегања и преговори водени од тогашниот млад лидер на студентскиот бунт против Слобо, Чедо Јовановиќ под команда на тогашниот премиер на Србија Зоран Џинџиќ.
Ликовите се многу добро погодени, Борис Исаковиќ во улога на Слободан Милошевиќ, Мирјана Карановиќ како Мирјана Марковиќ ака Баба Јула, Вук Костиќ е Легија, Уликс Фехмиу - Зоран Џинџиќ, Светозар Цветковиќ - Коштуница, Тијана Марковиќ - Марија Милошевиќ и Милан Мариќ како Чедомир Јовановиќ.
Супер глума од Исаковиќ кој добро го има извежбано ликот и понашањето на Милошевиќ. Мирјана Карановиќ врвно ја одглуми таа гадната баба Јула, копиле иритантно, некултурно и злобно.
Вук Костиќ е врв како Легија, глеав некои видеа од вистинскиот Милорад и можам слободно да кажам дека го има скинато до најмали детали, поготово говорот.
Не е нешто спектакуларна серијата, има некои вишок моменти али во главно тоа е приказната и тие се случувањата од тој период. За тие што ги интересира не е лошо и вреди да се види. 5 епизоди се, ако би се прашувал јас, целата приказна би можела да се смести во некој филм од 2 ипол саати, евентуално 2 дела по 2 часа ама кој сум јас.
Глејте ја слободно и не се плашете, јер