Преводи на странски ТВ канали

Дали ви пречи тоа што не се преведени повеќето од содржините на странските ТВ канали на македонски?

  • Вкупно гласачи
    46
  • Гласањето е завршено на .
Член од
25 септември 2009
Мислења
793
Поени од реакции
368
Како што гласи и самиот наслов темава ја отворам во врска со преводите на ТВ каналите кои се (делумно) преведени на македонски јазик, но во поголем дел се чини дека се преведени на српски јазик. Како прво доколку малку некој се заинтересира а верувам дека повеќето од вас се запознаени дека секоја држава ( од соседните ) си ги има преведено овие канали (зборувам за канали како на пр. Discovery, Animal Planet, Viasat итн.) на свој јазик и не дозволува да се користи друг јазик за превод освен матичниот и со тоа практично се допринесува за негување на сопствениот јазик.Како тоа нашите оператори уште не успеаа да ги преведат содржините од каналите, а да не зборувам за рекламите коишто одат или за спортските телевизии во кои е потребно коментирање на македонски јазик!? Мене на пример лично, многу ми пречи тоа што повеќето од каналите немаат македонски превод, а на тие кои имаат не се сите содржини преведени.Како тоа ние сакаме да не ценат другите и да не признаваат ако ние сами не се потрудиме да го цениме тоа што го имаме, во случајов нашиот јазик,историја итн. Се чини дека сеуште живееме во времето од пред 5-10 години кога повеќето тв канали од кабелските оператори беа преведени на српски јазик.Мислам дека би требало и на дело да се преземе нешто бидејќи ако не реагираме ние како корисници, секој ќе си прави како што му одговара. Ме интересираат вашите мислења во врска со оваа тема и дали би можеле ние да направиме нешто како корисници за зачувување и почитување на македонскиот јазик, бидејќи нашите кабелски оператори тоа не го почитуваат.
 
C

Count Dooku

Гостин

Добра тема, нешто за што не се дискутира многу кај нас. Луѓето уште се водат по девизата "што има везе битно разбирам" (n)
 
коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Би сакал да имаат превод. На моите родители им пречи многу, кога сакаат да гледаат емисии на дискавери, травел и георафик. Само во одредени денови емисиите имаат превод, а во остатокот од неделата истите емисии и епизоди немаат. Ич не ми јасно како може така?!? Или имаш цело време превод или немаш воопшто!
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Најпрво, Браво за темава(y)
И мене ми пречи тоа што нема Македонски превод. Овдешните оператори знаат дека добро би било да се има Македонски превод, но знаеш, зошто да си ја осложнуваат работата кога ние немаме ништо против тоа да читаме/гледаме телевизија на англиски или српски јазик.
Иначе секако дека може да се воведе Македонскиот превод. Ние како корисници можеме да бараме од операторите Македонски превод. Кога ќе има повеќе побарувања, можеби и ќе може да се воведе преводот.
:)
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
На BOOM TV најмногу ми пречи што на Фокјс лајф нема на македонски превод ниту српски,а албански го има ццццц тука мора да се реши дали да пријавам во АЕК или ?
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
793
Поени од реакции
368
На BOOM TV најмногу ми пречи што на Фокјс лајф нема на македонски превод ниту српски,а албански го има ццццц тука мора да се реши дали да пријавам во АЕК или ?
Нема зошто да пријавуваш затоа што они наредиле да се изгаси секој превод освен македонски и албански.Незнам зашто само на Бумот се изгасени.Инаку слободно можат да ги стават и сите на албански.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
За греота се повеќето кабловски телевизии на најубавите телевизии нема никаков превод на другите просечно добри има 80% најблизок до нашиот србски превод и на само цели 20% има македонски преводи што чат пат функционира. Епа вака нема да си го зачуваме јазикот и писмото.
 
Знам дека на Близу ништо немаше преведено на аналогната.Сега не знам како е.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Лично еве иако англиски ми е како втор мајчин, српско-хрватски и бугарски разбирам без никаков проблем, многу ме нервира кога гледам дека кабелските канали немаат превод или имаат на туѓ јазик. Се знае бе, ова е Македонија и ќе биди преведено на македонски и крај, нема друга опција, или пак воопшто не го пренесувај каналот.
Ама кабелците такви кљошари ко што ги дал Госпо, не сакаат да плаќаат за преводи, а народот македонски не ни заслужил подобро нешто, па си поминуваат и вака.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Сакаат без инвестиции секој месец да си лапаат по 500-че или 1000-че.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
611
Поени од реакции
493
Како што гласи и самиот наслов темава ја отворам во врска со преводите на ТВ каналите кои се (делумно) преведени на македонски јазик, но во поголем дел се чини дека се преведени на српски јазик. Како прво доколку малку некој се заинтересира а верувам дека повеќето од вас се запознаени дека секоја држава ( од соседните ) си ги има преведено овие канали (зборувам за канали како на пр. Discovery, Animal Planet, Viasat итн.) на свој јазик и не дозволува да се користи друг јазик за превод освен матичниот и со тоа практично се допринесува за негување на сопствениот јазик.Како тоа нашите оператори уште не успеаа да ги преведат содржините од каналите, а да не зборувам за рекламите коишто одат или за спортските телевизии во кои е потребно коментирање на македонски јазик!? Мене на пример лично, многу ми пречи тоа што повеќето од каналите немаат македонски превод, а на тие кои имаат не се сите содржини преведени.Како тоа ние сакаме да не ценат другите и да не признаваат ако ние сами не се потрудиме да го цениме тоа што го имаме, во случајов нашиот јазик,историја итн. Се чини дека сеуште живееме во времето од пред 5-10 години кога повеќето тв канали од кабелските оператори беа преведени на српски јазик.Мислам дека би требало и на дело да се преземе нешто бидејќи ако не реагираме ние како корисници, секој ќе си прави како што му одговара. Ме интересираат вашите мислења во врска со оваа тема и дали би можеле ние да направиме нешто како корисници за зачувување и почитување на македонскиот јазик, бидејќи нашите кабелски оператори тоа не го почитуваат.
Корисниците реагираат постојано, ама изгледа од СРД кој треба да ги брани интересите на корисниците е во длабок сон.
Една одлука која редно беше да ја донесат беше укинувањето на другите јазици (се мисли на српскиот јазик) при опцијата за бирање на превод. Но, одлука полна со просусти, Македонскиот и албанскиот јази се изедначени.
Точно е тоа дека сега живееме како пред 15 години кога на сите канали маше српски превод, но сега нема на каналите српски превод. Сега на каналите каде што има македонски превод има српски реклами. Пред 15 години можеше понекогаш да се види на нашите канали по некоја српска серија и филм (многу ретко), но сега главната програма на нашите МКД канали им е српската програма. СРД :sleep:
Што се однесува до странските канали, советот мора да дава дозвола за емитување на странски тематски канали само ако имаат превод на македонски јазик и без реклами и никако поинаку.
Голем проблем се и детските канали. Ако не може синхронизирање, титл е доволно. Но канали од типот Минимакс, Ултра и Мини Ултра треба да бидат забранети.
Тие се најголемото :zloo:
 
Член од
17 јануари 2015
Мислења
21
Поени од реакции
23
мене ме нервират повеќето шо се на српски преведени,ѓоа ни неаме преведувачи...ебати тоа...
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Чисто информативно, еве кои канали се преведени на македонски јазик:
  • FOX, со македонски DVB превод
  • Fox Life, со македонски DVB превод
  • Fox Crime, со македонски DVB превод
  • AXN Adria, со македонски DVB превод
  • AXN SPiN, со македонски DVB превод
  • National Geographic Channel, со македонски DVB превод
  • Discovery Channel, со македонски DVB превод
  • Animal Planet, со македонски DVB превод
  • Animal Planet HD, со македонски DVB превод
  • TLC Balkans, со македонски DVB превод
  • History channel, со македонски DVB превод
  • Da Vinci Learning, со македонски DVB превод
  • Viasat Explorer, со македонски DVB превод
  • Viasat History, со македонски DVB превод
  • Viasat Nature, со македонски DVB превод
  • MTV Adria, со македонски DVB превод
  • E! Entertainment, со македонски DVB превод
  • HBO Adria, со македонски DVB превод
  • HBO Comedy, со македонски DVB превод
  • Cinestar TV, со македонски DVB превод
  • Cinestar Action & Thriller, со македонски DVB превод
  • TV 1000, со македонски DVB превод
  • 24 Kitchen, со македонски DVB превод
  • OK Orlando Kids, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик
  • KidsCo, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик (каналот престана со работење на 01.01.2014)
  • FilmBox HD, со македонски DVB превод
  • FilmBox Plus, со македонски DVB превод
  • DocuBox HD, со македонски DVB превод
  • Sci-Fi Universal, со македонски DVB превод
Иначе откако се случија низа работи со преводите на канали и АААВМУ, пратив преставка, која од АААВМУ се препрати кај МИОА, која најверојатно ќе се разгледа за измени на Законот, кој на операторите освен на македонски и рамковен, не се дозволуваше друг јазик кај операторите.
Но и покрај низа образложенија кои им ги пратив, јас дадов предлог на начин како Владата (кога веќе не сакаат операторите) да ги локализираат каналите:
Првиот: да формира државно тело (Агенција, Совет, Дирекција, Комисија и сл.) која ќе биде задолжена за локализирање на странските ТВ канали, но локализирањето да не подразбира само превод на македонски (и/или на албански јазик) на серии, филмови и документарни програми, туку и синхронизација на програмите за деца како и воведување на коментатори кај спортските ТВ канали. Финансирањето нека се врши преку сметките на корисниците на операторите на јавни комуникациски мрежи и/или на друг основ кој самите ќе го предвидите.
Вториот: Министерството за култура да субвенционира странски ТВ мрежи и/или самостојни странски ТВ канали да ја преведуваат својата програма на македонски јазик. Како субјект кој ќе го финансира субвенционирањето според мене може да биде и Министертсво за култура, АААВМУ, како и Министертсвото за информатичко општество и администрација. Субвенционирањето нека биде на одреден период, по што самите канали и/или мрежи би го продолжиле процесот на локализација.

Јас искрено се надеавам дека МИОА ќе ги разгледа моите предлози и забелешки, кои искрено, покрај мои мислења, вметнав и размислувања и образложенија земени од некои форуми.
Еве го известувањето од АВМУ, на 9ти што ми го испрати: http://upload.the9day.com/?di=3OJT
 
Последно уредено:

Мислам дека дефинитивно формирање на некое тело кое ќе се занимава со оваа работа би било решението, за да имаме комплет ТВ канал како што доликува за емитување во една земја.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom