Прв бакнеж

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
хахаа прв бакнеж ми беше негде осмо мислам.. малку сум закаснил али јебига у се каснам ја... се сеќавам на девојката и се свиѓав многу и така беше средено демек да се фатиме и океј се.... и идеме идеме идеме и ја и го тупам 3452345 саата муабет едно друго трето.. ахх пусти срам:kesa: па на крај и скурчив изглеа па коа ме грабна (место ја она мене :kesa:) али сепак чуството беше убаво:pipi:
 

Prototype

1337
Член од
9 јануари 2010
Мислења
90
Поени од реакции
4
ме бакна едно девојче кога имав 5-6 години lol
 

Smile=)

културно-вулгарна
Член од
13 октомври 2008
Мислења
510
Поени од реакции
27
Бев 7мо или 8мо.. Клупа во парк позади 3 бисери.. Центрифуга.. Лигавење.. огромно разочарување..:pos2:
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Ах мојот прв бакнеж беше со девојче, а со машко првиот бакнеж!? ееее жално, не знаевме шо да правиме со јазиците хахахах загреови...ама затоа пак сега сум експерт:baeh:
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Хахаха првиот бакнеж ми беше на железничка пруга :pos2:
И беше едно смешно искуство кое никогаш нема да го заборавам...
Стоевме на пругата и ме бакна. Ги затворивме очите и така бакнувајќи се, (беше ново тоа за мене и чудно, да) јас бидејќи бев свртена од едната страна, забележав светлина преку затворените очи и брзо ги отворив, се исплашив мислејќи дека доаѓа воз :pos2: :pos2:
..а тоа бил само обичен автомобил долу под пругата кој не осветли со фаровите :(
Битно ни го скрши филмот, ама не го уништи целосно..бидејќи потоа си продолживме :back:
 
O

Orion.

Гостин
Рим, Италија 2003 година. Имав 13 години. Девојчето беше од Полска:vozbud:
И нејзе и беше прв пат. Не очекував да биде толку лигаво:pos2:.
 
M

mercenary

Гостин
Забавиште.:wink: И не,не се заебавам.
Бев многу перверзен кога бев мал :X
Ама сеа не сум.
 

FromSunWithLove

dance or die
Член од
1 февруари 2007
Мислења
524
Поени од реакции
13
во 5то одделение зимата на клупите у љубен лапе и мислам дека погадно не можело да биде :pos2::pos2:
 

Чоста ^

Good looking boy
Член од
23 август 2009
Мислења
1.999
Поени од реакции
48
Првиот неофицијален(бар јас така го викам:smir:) ми беше забаваче кога бев,ако не и помал,со комшивката си игравме Касандра и Ранду...лигавење до в крај,мисе повраќа кога ќе помислам....А онај првиот,вистински.....7 за 8 беше,по едно дрво,лето...ммммммммм...спомени:back:
 

pHiLLiPcHo

Шушљак
Член од
26 февруари 2009
Мислења
892
Поени од реакции
68
Седмо бев..онака у аеродром седам и братучед ми ај да ти местам една..а кога таа што ја сум ја свиѓал..и ајде на клупа онака..и коа ке се потсетам многу филмски изгледаше..демек ми значела многу ова она..па кога се грабнавме:pipi::kesa:
 
U

UniqueGirl

Гостин
Прв бакнеж у 6-то летото..
Локација: Аеродром.. седнати на клупи, некои лигави муабети, пропратени со гушкања, треперев целата од возбуда, дечакот ми се свиѓаше ептен, палаво детенце го имаше бунтовничкиот дух. :icon_lol:
Јадевме сладолед, се смеевме нешо ..и .. се залапавме.
После се гушкавме .. :icon_redf
Не беше лошо.. малиот беше истренирал со пола маало ебаго.. :pipi:
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
ja prvi put sum poljubil u prvo oddelenie , i mi beshe najbolje na sfet :P
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
6
Поени од реакции
0
во седмо одделение,слатко ама без емоции....по некоја година истиот тој со кого прв пат се бакнав стана љубовта на мојот живот,а сега спомен кој боли...
 
Член од
5 април 2009
Мислења
874
Поени од реакции
75
Во забавиште...хахах...се скаравме за една кукла..и ме бакна..:pos2::pos2::pos2::pos2:
 

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Првата љубов не се заборава

Во мојот случај ... како и за сите работи во животот до ден денес ...најпрвин ги искомплицирав работите со момчето кое ми се допаѓаше, а потоа се предадов на толку посакуваните бакнежи со него ... а потоа и го откачив

Тој беше најјакиот фраер во едно угледно скопско средно училиште ... кој беше имал бакнувано многу девојчиња пред да ме запознае мене ... и потоа му се смени (зацрни) судбината кога ме сретна ...

Јас бев и сеуште сум најголема поводаџика (како ли се вика тоа) ... сум местела на секого - секој, сум правела спојки на сите, а себеси сум се тргала на страна ... јас на мои 17 години сеуште немав бакнато момче, а имав спарено повеќе млади парови ...

Е господин прв бакнеж - кога се појави во мојот живот - ми го освои срцето - но не се предадов лесно - знаејќи дека имал толку многу девојќи пред мене, а јас неискусна .... помислив дека ќе ме откачи побрзо од светлината кога ќе надушка дека под таа моја насмевка, дружељубивост, шмизла ... се крие едно исплашено девојче кое за прв пат се вљубува ... за среќа ... тој беше поинаков од сите други кои досега сум ги имала ... имаше трпение да ме чека, да ми пружи нежност, внимание и љубов ... доволно за да се опуштам и за прв бакеж ... сепак ... таа љубов не траеше долго (можеби шест месеци) ... јас посакав да истражувам ... го напуштив ... но тој е единствениот бивш со кој денес сум во добри односи ... со кој кога и да се сретнеме (тоа е ретко-еднаш на неколку години) сме блиски и отворено зборуваме...

Ќе речете, епа ете, по толку години..останало нешто меѓу вас..нема ли можност да прерасне повторно во голема љубов каква што била тогаш?

Не, ќе речам јас, јас не чуствувам никаква физичка привленост кон тој човек .. времето/ животот/ искуствата ... не понеле на различни страни ..тој има свои ... а јас мои соништа кои не одат во иста насока ... но сепак тој знае дека ние делиме нешто посебно ... прва љубов

Позз:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom