Се сеќавам кога бев сперматозоид. Еех, тоа беа времиња. Мислам дека првиот пат, за малку што не излетав. Но добро е што мојот брат, ми кажа, внимавај има југословенски кондоми.
Не ги сакавме баш многу.Се засилуваш мислиш дека ќе стигнеш до јајце клетката, и мислиш дека си стигнал, кога одеднаш, се наоѓаш пак во исто место. Комунистичка пропаганда.
Се сеќавам додека бев сперматозоид,и кога бев во грција. Татко ми решил да прошета со мајка ми. Ја слушам мајка ми, каде што му вика на татко ми дека е премногу скапо во тој ресторан да седат, татко ми како и докажува дека пивото е поевтино... Убави времиња беа тоа.
По некој месец, без да знаам , некој ме испратил во јајце клетка со 5 ѕвездици. А таму, смештај што да ти расправам. Се боревме со брат ми, кој да оплоди прв, па игравме “кусо-долго“ па испаднав јас прв, па се согласи тој да се роди нешто подоцна и да бара друга јајце клетка. В стомак игравме карти, понекогаш покер, а понекогаш игравме и спортска, од типот, која храна ќе ја внеси мајка ми.
Тоа е најстарото сеќавање што го имам..