Прва светска војна (1914-1918)

Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Бидејќи необјасниво нема ваква тема на форумов, си викам да ја исправам таа неправда и да започнам тема за најзначајниот човечки конфликт во историјата.

Војната официјално започнува на 28.Јули 1914 со гранатирање на Белград од страна на Австро-унгарски речни монитори и тешка артилерија. Завршува во 11 часот и 11 минути на 11.11.1918 кога стапува на сила примирјето.

Се работи за трет најсмртоносен конфликт во историјата, после втора светска и Тајпинг востанието, но во поглед на влијание на иднината, не постои настан кој имал и сеуште има далекусежни последици кои не се разрешени ни по 102 години од завршувањето на војната.

Има две страни, Антанта (Франција, Британија, Русија, Италија, САД, Белгија, Србија, Црна Гора, Романија итн.) и Централните сили (Германија, Австроунгарија, Турција, Бугарија и...тие се :D ). Има многу цифри околу бројот на загинати и ранети, но среден го земам оној од 21 милиони мртви, кој е просек добиен од разни извори. Учествуваат 33 држави на многу фронтови.
Главен и решавачки е Западниот фронт кој се протега од Ла Манш до Швајцарската граница, каде што од една страна се борат Франко--англиските сили а од друга германците. Она што во WW2 e источниот, тоа во WW1 се полињата на Фландрија и Валонија каде Германија губи далеку најмногу војска.

Источниот фронт, Романскиот фронт, Солунскиот и итало-доломитскиот фронт се други позначајни фронтови иако не смее да се занемарат Кавкаскиот, Дарданелскиот, Персискиот, Палестинскиот, Месопотамскиот, Арапскиот и Африканскиот фронт. Иако имало и други помали, овие се главните места на кои се гинело.
Поморските битки се случуваат низ цел свет, од најголемата битка по тонажа во историјата (Јиланд а.к.а Скагерак 1916 во северно море) до Јадран и Хуан Фернандез острови забаталени во Пацифик.

Причините за избивањето на оваа војна не се доволно познати, немало некои големи судири на идеологии како што тоа ќе биде 25 години покасно, нема црно-бело гледање на работите, нема добра и лоша страна, го нема она што ја краси WW2, не е лесно да се разберат мотивите за оваа војна.
За WW2 тоа е многу појасно, една од причини е тоа да се избегне биолошко ресетирање на човештвото што било крајна цел на Рајхот и Јапан.

Тригерот се случил во Сарајево, каде што група србијански морони здружени во некаква си организација Млада Босна (стварно, WTF) со многу веројатна поддршка на србијанската обавештајна служба = го убиле австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд фон Хабсбург. Што мислеле да постигнат со тоа не е баш јасно, имено баш Франц бил најлиберален член на австроунгарската власт и се залагал за давање поголеми права на словенските народи во монархијата. Но мора да знаеме дека мислењето не е баш одлика на српскиот народ. Цената која ќе ја платат ќе биде повеќе од трагична.

За разлика од втората војна кога овие територии биле периферија и небитни, на територија на денешна РСМ минува Солунски фронт и се случуваат многу битки (Кајмакчалан, Битола) каде што се судираат двата сојуза. Некаде наидов на информација за 55.000 загинати македонци што мобилизирани во разни војски, што цивили, што е двојно повеќе од WW2 со 26.000 а сепак WW1 е тотално запоставена како тема.

За почеток доволно, бујрум :)
WW2 е дирекно поврзана со WW1.За време на WW1 а и после завршеток на војната Адолф а и многу Германци и Австрици биле предозирони од фрустрации и гнев.Иначе многу е интересно а и чудно колкаво влиание има Гаврило Принцип во човековата историја.Огромни човечки жртви и страдања предизвикал неговиот атентат.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
WW2 е дирекмо поврзана со WW1.За време на WW1 а и после завршеток на војната Адолф а и многу Германци и Австрици биле предозирони од фрустрации и гнев.Иначе многу е интересно а и чудно колкаво влиание има Гаврило Принцип во човековата историја.Огромни човечки жртви и страдања предизвикал неговиот атентат.
Интересна и бизарна е сторијата со атентатот, планот на атентаторите пропаднал пошто сачекушата не постигнала ништо, рачна бомба која ранила некои цивили а Франц не бил ниту ранет. Гаврило бил дел од бекап опцијата заедно со некој друг лик, после неуспешниот напад исчезнал во некоја кафана изигравајќи рандом лик кој пие кафе. Франц наместо по советот на градоначалникот да испари од Сарајево веднаш, се упатил во болница да ги посети ранетите. Шоферот кој не го познавал Сарајево застанал на минута-две да праша која улица води до градската болница.
Шоферот на Франц застанал точно пред кафаната каде Принцип пиел кафе и се криел.
Веројатно неверувајќи си на очите, Принцип се прибира, вади Браунингот од џеп, излегува и од врата пука накај автомобилот-кабриолет и ги погодува Франц и жена му, кои за кратко време се упокојуваат.
Останатото е историја...

Не е за верување ова,но сепак е точно. Ако човек се двоуми дали да поверува во судбина, тогаш ова е силен аргумент во полза на судбината.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Принцип пиел кафе
Или јадел сендвич, небитно, трагичен лик несомнено, искористен млад човек, со неговите другари од српската разузнавачка служба, и иако на крај Србија ја оствари својата цел во војната, нејзиниот главен непријател Хабсбуршката династија и нивната држава е уништена, сите српски територии и повеќе од тоа е обединето под водство на Караѓорѓевиќи, спрскиот народ плати превисока цена, процентуално имаат најмногу жртви, србите се во непрекината војна со некој од 1912 до 1918 година, но тогаш го достигнаа зенитот на својата моќ. Никогаш после Версај Србија повеќе не се проширува територијално, трпи само загуби и порази.

Кога сме кај поразите, Германците и во оваа војна тргнуваат во лоша положба, против посилни противници и во оваа војна исходот е ставен на еден храбар и амбицозен план, Шлифеновиот план, и ако во втората веќе после Операција Тајфун во Вермахтот на некои веќе им било јасно дека шанси за победа нема, тука тоа било јасно по првата битка на Марна, останатите четири години било бесмислено гинење за освојување едвај пет километри земја, најстрашните и најбрутални битки на Сома и Верден, и изгледнувањето на Германија преку британска блокада.

Дури и да успеел „Михаел“ во 1918 тешко дека Германија би извојувала некаков триумф, можеби евентуално би имале подобар мировен договор од Верајскиот, затоа што веќе биле на раб на изгладнување и без ресурси и тие и нивниот главен сојузник Австро-Унгарија. Уствари, чудо е и во оваа војна како издржале толку долго со такви сојузници како мртвилата од империи како Австро-Унгарија и Османлиското царство. Бугарите им се покажале како воено најспособен сојузник, додуша на доста лимитирана територија дејствувале Бугарите, само дефанзивно бранејќи го Македонскиот фронт.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.195
Поени од реакции
21.347
Porazot na Germanija vo WW1 ima golemi posledici za sirenjeto na Germanskata kultura i jazik niz (istocna) Evropa. Germanija sose istocnite teritorii do baltickite regioni preku Gdansk i Kaliningrad, ama i Avstroungarija do Bukowina (Liv i Czernowitz), Vojvodina i Romanija, uspea da go razsiri Germanskiot jazik daleku kon istok sose golem broj Germanci sto ziveele ili se preselile tamu. Iako bile mesani teritorii, Germanskiot element ili jazik stanaa mnogu jaki. Porazot vo WW1 e pocetokot na krajot na Germanskiot element vo istocna Evropa a porazot vo WW2 sose etnickite cistenja trajno go brise.
 
Заборавив да споменам тенкот, оклопниот автомобил, оклопниот воз и оклопниот транспортер дебитираат 1915-1918, оклопот се етаблира како нов пристап кон војувањето. Особено оклопните автомобили кои биле илјадници по фронтовите и вршеле сериозна улога при извидување и покривање на мобилни единици.
Да не ги заборавиме носачите на авиони (!) и носачите на хидроавиони кои даваат спектакуларно наголемена извидувачка моќ, дотогаш ограничена од дурбинот на морнарот во корпата на главниот јарбол и корекција на огнот на бојните бродови и крсташи, заедно со радио извештаи за движењето на противничките сили.

Повторно добро сумирано да не испадне да те пофалувам на секој пост но немам избор :D , само би додал дека навистина Србија почнува да отекува и ги апсорбира Војводина, Босна и Црна Гора, за која како независна и суверена држава во Версај е направено срамно решение да се укине како држава и припои кон великосрбијанската агенда. Но како што и кажа, за таква цена,цела генерација млади здрави луѓе погинати, нешто осакатени, збегови низ Албанија до Крф и Тунис, тифус, ТБ, колера, и све тоа за да Караџорџе прдне после обилен ручек гледајќи на карта како е негова СХС.
Да не се разбереме погрешно, слични примери има кај многу земји, иако процентуално далеку од србијанските страданија.
Интересно е тешкото лицемерие на србијанците кои ја добиваат Војводина, со тогаш мнозинско несрпско население, одземена од Унгарија во Версај, вршат колонизација и србизација таму, а денес кукаат за Косово. Дали анексијата на Војводина би ја трампале за отцепувањето на Косово? Тоа е кога лицемерието преминува во умоболност.

И мене ми е нејасно како воопшто Аустроунгарија, позната и како Црно-Жолтата Монархија успева да истрае до 1918, пуца по сите шавови, а се бори на неколку фронта, тоа е мистерија ако се има предвид мизерната економска состојба и скоро непостоечкиот морал на војската.

Што се однесува до популарните моменти од Големата војна кои влегоа во поимот "општа култура", можат да се споменат Црвениот Барон, најславниот пилот на сите времиња, Мата Хари, најславната шпионка на сите времиња, Дебелата Берта, најголемата хаубица до тогаш (420мм), мамутскиот Париски топ со домет 75мк+, "Стариот Шарл", т.е. скромниот пилот Шарл Гинемер од Франција кој официјално има 54 воздушни победи но има и 150 непризнати бидејќи правилата налагале комисија да може да го види соборениот авион, а Шарл обожавал слободен лов над непријателски линии, Лоренс од Арабија, писател и голем воин кој ги срозал османлиите до понижување, секојдневните ноќни посети на левијатанските Цепелини над Лондон и други градови, а од помалку познатите тука е Пол Емил фон Летов-Форбек, најуспешниот герилски војсководец на сите времиња, кој со шака германци (350-400) и шака колонијални црни војници (3-3,500) успевал да врзе низ разни делови на Африка нестварни 300 до 360.000 сојузничка војска, 1 : 100.
Тука е и белгијанецот https://en.wikipedia.org/wiki/Adrian_Carton_de_Wiart тотален лудак и човек со најмногу среќа било кога, на раб на неверување е што све преживеал.

Мислиш на Фолксдојчерите во Стара Југа?
Лвов=Лемберг=Галиција, роџак беше скоро таму и беше импресиониран од градското јадро кое е сеуште во тој препознатлив мител-еуропа стил, додека советските блокови биле на периферија. Човекот беше импресиониран од некогашниот Лемберг во Галиција :)

Дали си бил на германските гробишта во Битола? Знам, морбидно и безвезно прашање ама сепак да прашам :D Тие се масовна гробница, со орел на влез и кружен ѕид околу, имаше една плоча со натпис, којзнае дали е сеуште таму. За разлика од нив Француските гробишта во Битола и патот накај Кравари ако не се лажам, се поединечни крстови со тробојка и основно инфо за војникот. Има дел, вака на прв поглед 200-300 британски гроба, и нешто малку аустро-угарски можеби 50-100.
 
Kade e Stara Juga? Izvini ne sum tolku upaten.

Eve edna mapa sto mislam:
Volksdeutsche.jpg Volksdeutsche.jpg

Dobro se gleda kaj imalo Germanci niz istocna Evropa, poveke kako enklavi no sepak opsirno.

Za regionot Bukowina i posebno Czernowitz po nekoja slucajnost imam dobro pozavanje. Posle osvojuvanje na Avstro-Ungarija gradot dozivuva golem razvoj. Pored kazuvanja od vremeto, Germanci, Evrei (koi pretezno bile Germanci), Ukrainci (Rutenci), Rumunci i Poljaci ziveele tuka i dobro funkcioniralo, normalno pod Avstriska vlast. Isto taka raznite konfesii i veri dobro funkcioniraa. Mnogu se izgradi gradot i dosta od gradbite i denes postojat. Slicno bilo i vo Liv/Lemberg ama Czernowitz bese nesto posebno. Slicno so gradovi kako Gdansk ili Kaliningrad ili Vroslav, gradovi koi imale Germanski karakter no go izgubija kako posledica od prva pa i vtora svetska vojna i gubenje na tie gradovi odnosno posle i poteruvanje na Germanskoto naselenie.

Ne sum bil na Germanskite grobista vo Bitola, vidov sega sliki na net. Pored stilot tipicno za vremeto (ako e tocno deka e izgradeno megju golemite vojni vo 30tite) i slicni takvi naogjas na mnogu mesta niz Germanija.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Интересна и бизарна е сторијата со атентатот, планот на атентаторите пропаднал пошто сачекушата не постигнала ништо, рачна бомба која ранила некои цивили а Франц не бил ниту ранет. Гаврило бил дел од бекап опцијата заедно со некој друг лик, после неуспешниот напад исчезнал во некоја кафана изигравајќи рандом лик кој пие кафе. Франц наместо по советот на градоначалникот да испари од Сарајево веднаш, се упатил во болница да ги посети ранетите. Шоферот кој не го познавал Сарајево застанал на минута-две да праша која улица води до градската болница.
Шоферот на Франц застанал точно пред кафаната каде Принцип пиел кафе и се криел.
Веројатно неверувајќи си на очите, Принцип се прибира, вади Браунингот од џеп, излегува и од врата пука накај автомобилот-кабриолет и ги погодува Франц и жена му, кои за кратко време се упокојуваат.
Останатото е историја...

Не е за верување ова,но сепак е точно. Ако човек се двоуми дали да поверува во судбина, тогаш ова е силен аргумент во полза на судбината.
Атентатот над престолонаследникот е класична руска подвала, која србите ја плаќаат со 1/3 население. Оваа е една од неколкуте подвали што им ја прават нивните ,,браќа" во изминативе 150 години, вклучувајќи ја и санстефанска Бугарија, како и одјебувањето во 90-тите години.
Инаку што се однесува до Австроунгарија, најмалку нив им одговара војна во тој период кога империјата со сите свои мани е навистина просперитетна(а посебно австрискиот дел од империјата) и се шири. Но, убиството на престолонаследникот е чин кој нерадо ги вовлекува во војна, за потоа веднаш да се приклучат русите како демек бранители на србите. Пошто нели ако не објавиш војна на некој, кој ти го убил престолонаследникот тогаш можеш да се расформираш фино лепо, а посебно ако тој некој е балканско државиче и џуџе наспрема тебе. А замешаноста на српската држава е докажана и поткрепена со докази во судски процес.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
@callejón de la muerte, да не испадне тука дека некоја антисрпска тема тераме, и „твоите“ Романци убаво се офајдија за влегувањето во војната, исто како и србите го достигнвуаат територијалниот зенит, дупло и више за зголемуваат својата територија со Трансилванија, Бесарабија, Буковина и што таму друго освоија, плус Јужна Добруџа добиена во Балканските војни.

Нивниот германски крал, e со симпатии кон Германија, на крај заради блиските врска на Романија со Франција, омразата кон Австро-Унгарија и чистиот опортунизам тргнува во војна на на страната на Антантата.

Сличен е и примерот со Грција, да не речам уште поспецифичен, таму дури едно време функционираат две влади истовремено, на Венизелос што е про-антанта и на кралот Константин, кој на крај абдицира и Грција официјално влегува на страната на Антантата. Така да кога е отворен солунскиот фронт, Грција е неутрална, а французите го окупираат Солун и дел од Егејска Македонија за да отворат трет фронт на балканот
 
Последно уредено:

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
србијански морони здружени во некаква си организација Млада Босна (стварно, WTF) со многу веројатна поддршка на србијанската обавештајна служба
Србијански морони?
Членувале и муслимани и хрвати. Еден од атентаторите е Мухамед Мехмедбашиќ, ама побегнал во Црна Гора.
Но мора да знаеме дека мислењето не е баш одлика на српскиот народ.
Па баш тој народ ги донел првите победи на антантата, цела држава и апарат поминала низ Албанија. Не мислеле. Јбг.
Што мислеле да постигнат со тоа не е баш јасно, имено баш Франц бил најлиберален член на австроунгарската власт и се залагал за давање поголеми права на словенските народи во монархијата.
Абе после смртта на некој сите велат ќе им дадеше право на ова, на она.

Реално чоек, глуп си?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.957
Бидејќи необјасниво нема ваква тема на форумов, си викам да ја исправам таа неправда и да започнам тема за најзначајниот човечки конфликт во историјата.

Војната официјално започнува на 28.Јули 1914 со гранатирање на Белград од страна на Австро-унгарски речни монитори и тешка артилерија. Завршува во 11 часот и 11 минути на 11.11.1918 кога стапува на сила примирјето.

Се работи за трет најсмртоносен конфликт во историјата, после втора светска и Тајпинг востанието, но во поглед на влијание на иднината, не постои настан кој имал и сеуште има далекусежни последици кои не се разрешени ни по 102 години од завршувањето на војната.

Има две страни, Антанта (Франција, Британија, Русија, Италија, САД, Белгија, Србија, Црна Гора, Романија итн.) и Централните сили (Германија, Австроунгарија, Турција, Бугарија и...тие се :D ). Има многу цифри околу бројот на загинати и ранети, но среден го земам оној од 21 милиони мртви, кој е просек добиен од разни извори. Учествуваат 33 држави на многу фронтови.
Главен и решавачки е Западниот фронт кој се протега од Ла Манш до Швајцарската граница, каде што од една страна се борат Франко--англиските сили а од друга германците. Она што во WW2 e источниот, тоа во WW1 се полињата на Фландрија и Валонија каде Германија губи далеку најмногу војска.

Источниот фронт, Романскиот фронт, Солунскиот и итало-доломитскиот фронт се други позначајни фронтови иако не смее да се занемарат Кавкаскиот, Дарданелскиот, Персискиот, Палестинскиот, Месопотамскиот, Арапскиот и Африканскиот фронт. Иако имало и други помали, овие се главните места на кои се гинело.
Поморските битки се случуваат низ цел свет, од најголемата битка по тонажа во историјата (Јиланд а.к.а Скагерак 1916 во северно море) до Јадран и Хуан Фернандез острови забаталени во Пацифик.

Причините за избивањето на оваа војна не се доволно познати, немало некои големи судири на идеологии како што тоа ќе биде 25 години покасно, нема црно-бело гледање на работите, нема добра и лоша страна, го нема она што ја краси WW2, не е лесно да се разберат мотивите за оваа војна.
За WW2 тоа е многу појасно, една од причини е тоа да се избегне биолошко ресетирање на човештвото што било крајна цел на Рајхот и Јапан.

Тригерот се случил во Сарајево, каде што група србијански морони здружени во некаква си организација Млада Босна (стварно, WTF) со многу веројатна поддршка на србијанската обавештајна служба = го убиле австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд фон Хабсбург. Што мислеле да постигнат со тоа не е баш јасно, имено баш Франц бил најлиберален член на австроунгарската власт и се залагал за давање поголеми права на словенските народи во монархијата. Но мора да знаеме дека мислењето не е баш одлика на српскиот народ. Цената која ќе ја платат ќе биде повеќе од трагична.

За разлика од втората војна кога овие територии биле периферија и небитни, на територија на денешна РСМ минува Солунски фронт и се случуваат многу битки (Кајмакчалан, Битола) каде што се судираат двата сојуза. Некаде наидов на информација за 55.000 загинати македонци што мобилизирани во разни војски, што цивили, што е двојно повеќе од WW2 со 26.000 а сепак WW1 е тотално запоставена како тема.

За почеток доволно, бујрум :)
нерационална омраза нема место у фактографска историја
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Позади двете светски војни (како иницијатор и организатор), позади Француската ревоуција и Руската револуција - секогаш стои Британија и нејзините интереси. Другите се само навлечени играчи. Мозокот е Британија.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
@callejón de la muerte, да не испадне тука дека некоја антисрпска тема тераме, и „твоите“ Романци убаво се офајдија за влегувањето во војната, исто како и србите го достигнвуаат територијалниот зенит, дупло и више за зголемуваат својата територија со Трансилванија, Бесарабија, Буковина и што таму друго освоија, плус Јужна Добруџа добиена во Балканските војни.

Нивниот германски крал, e со симпатии кон Германија, на крај заради блиските врска на Романија со Франција, омразата кон Австро-Унгарија и чистиот опортунизам тргнува во војна на на страната на Антантата.

Сличен е и примерот со Грција, да не речам уште поспецифичен, таму дури едно време функционираат две влади истовремено, на Венизелос што е про-антанта и на кралот Константин, кој на крај абдицира и Грција официјално влегува на страната на Антантата. Така да кога е отворен солунскиот фронт, Грција е неутрална, а французите го окупираат Солун и дел од Егејска Македонија за да отворат трет фронт на балканот
Никој не тера никаква пропаганда, тоа што великосрпската идеја е одговорна за почетокот на војната е факт, никој не ги пере од тоа. Да убиеш престолонаследник на Империја е in your face покана за војна.
Точно е дека Романија прилично отекува територијално, но плаќа цена од 600К+ мртви а војната за нив продолжува до 1919 кога по наговор на западни сили интервенира и ја окупира Унгарија која во тој момент, малку е познато, е втората комунистичка држава во светот после СССР.

Србијански морони?
Членувале и муслимани и хрвати. Еден од атентаторите е Мухамед Мехмедбашиќ, ама побегнал во Црна Гора.

Па баш тој народ ги донел првите победи на антантата, цела држава и апарат поминала низ Албанија. Не мислеле. Јбг.

Абе после смртта на некој сите велат ќе им дадеше право на ова, на она.

Реално чоек, глуп си?
Тоа биле посрбени дечишта, ликови задоени со пропаганда, улогата на србијанската држава и обавештајна служба во атентатот е позната, првата победа на Антанта ја забележува Белгија против Германија во Битката на сребрените шлемови, две недели пред Цер, митот за Цер како прва победа е србијанска измислица. Не сум глуп, само што за разлика од тебе, кој веднаш осети нагон да навреди бидејќи сврбија е претставена во право светло, не сум србоман.
Србоманските пориви би замолил да ги задоволиш на друго место, во биртија ждерејќи сланина и локајќи ракија можеби, оваа тема се бави со факти.

нерационална омраза нема место у фактографска историја
Апсолутно. Но затоа омраза кон великосрпска идеја која е катализатор на настани кои ќе доведат до 21 милион мртви и 50+ милиони ранети е едноставно, лична емоција.

Некој погоре спомена дека Русија е одговорна за атентатот, не би рекол дека Русија имала било каков удел во атентатот, напротив мислам дека србите на своја рака, опиени од неодамнешните територијални експанзии, длабоко заглибени во национал-шовинистичко лудило = одат на Босна како следна цел. Таа цел и ја остваруваат на крај, по цена на третина мртво население.
Русија чесно се држела до договорот со Франција и отвора источен фронт со напад врз Германија а не Аустрија, за да намали притисок на западен фронт. Како доказ за тоа може да послужи фактот што од големите сили, Русија и Австро-унгарија последни си објавуваат војна.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.984
Поени од реакции
11.910
Никој не тера никаква пропаганда, тоа што великосрпската идеја е одговорна за почетокот на војната е факт, никој не ги пере од тоа. Да убиеш престолонаследник на Империја е in your face покана за војна.
Точно е дека Романија прилично отекува територијално, но плаќа цена од 600К+ мртви а војната за нив продолжува до 1919 кога по наговор на западни сили интервенира и ја окупира Унгарија која во тој момент, малку е познато, е втората комунистичка држава во светот после СССР.

Тоа биле посрбени дечишта, ликови задоени со пропаганда, улогата на србијанската држава и обавештајна служба во атентатот е позната, првата победа на Антанта ја забележува Белгија против Германија во Битката на сребрените шлемови, две недели пред Цер, митот за Цер како прва победа е србијанска измислица. Не сум глуп, само што за разлика од тебе, кој веднаш осети нагон да навреди бидејќи сврбија е претставена во право светло, не сум србоман.
Србоманските пориви би замолил да ги задоволиш на друго место, во биртија ждерејќи сланина и локајќи ракија можеби, оваа тема се бави со факти.

Апсолутно. Но затоа омраза кон великосрпска идеја која е катализатор на настани кои ќе доведат до 21 милион мртви и 50+ милиони ранети е едноставно, лична емоција.

Некој погоре спомена дека Русија е одговорна за атентатот, не би рекол дека Русија имала било каков удел во атентатот, напротив мислам дека србите на своја рака, опиени од неодамнешните територијални експанзии, длабоко заглибени во национал-шовинистичко лудило = одат на Босна како следна цел. Таа цел и ја остваруваат на крај, по цена на третина мртво население.
Русија чесно се држела до договорот со Франција и отвора источен фронт со напад врз Германија а не Аустрија, за да намали притисок на западен фронт. Како доказ за тоа може да послужи фактот што од големите сили, Русија и Австро-унгарија последни си објавуваат војна.
Убиството на Фердинанд е само искра за тоа што требало да се случи. Никој од братучедите што ги владееле Англија, Германија, Русија не сакале да влезат во војна, убаво им било да си владеат. Кајзерот станал само туристичка атракција у Немачка. Испратил писмо до Австроунагрија да не објавува војна на Србија, но поради некои причини писмото касно стигнало.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Тригерот се случил во Сарајево, каде што група србијански морони здружени во некаква си организација Млада Босна (стварно, WTF) со многу веројатна поддршка на србијанската обавештајна служба = го убиле австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд фон Хабсбург. Што мислеле да постигнат со тоа не е баш јасно, имено баш Франц бил најлиберален член на австроунгарската власт и се залагал за давање поголеми права на словенските народи во монархијата. Но мора да знаеме дека мислењето не е баш одлика на српскиот народ. Цената која ќе ја платат ќе биде повеќе од трагична.
Таа разлика меѓу тебе и Принцип, што истите не се покоруваат и наведнуваат глава на окупатор, туку се борат против него... пред околу 500 години нешто слично прошол Мурат једини убиен султан во битка, при што на тие историски настани се прави колективно сеќавање на една нација Обилиќ, Лазар, Принцип, Мишиќ, Младиќ, Делиќ... тоа е тоа што една нација има колекткивно сеќавање и израснуваат јунаци како пгооре наведените, а ти пошто не се идентификуваш со такви ликови си прав профил на поданик и никогаш бунтовник, при што секогаш ке бидеш спремен и конфорен да љубош туѓа чизма отколку да се бориш против неа.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Никој не тера никаква пропаганда, тоа што великосрпската идеја е одговорна за почетокот на војната е факт, никој не ги пере од тоа. Да убиеш престолонаследник на Империја е in your face покана за војна.
Точно е дека Романија прилично отекува територијално, но плаќа цена од 600К+ мртви а војната за нив продолжува до 1919 кога по наговор на западни сили интервенира и ја окупира Унгарија која во тој момент, малку е познато, е втората комунистичка држава во светот после СССР.

Тоа биле посрбени дечишта, ликови задоени со пропаганда, улогата на србијанската држава и обавештајна служба во атентатот е позната, првата победа на Антанта ја забележува Белгија против Германија во Битката на сребрените шлемови, две недели пред Цер, митот за Цер како прва победа е србијанска измислица. Не сум глуп, само што за разлика од тебе, кој веднаш осети нагон да навреди бидејќи сврбија е претставена во право светло, не сум србоман.
Србоманските пориви би замолил да ги задоволиш на друго место, во биртија ждерејќи сланина и локајќи ракија можеби, оваа тема се бави со факти.

Апсолутно. Но затоа омраза кон великосрпска идеја која е катализатор на настани кои ќе доведат до 21 милион мртви и 50+ милиони ранети е едноставно, лична емоција.

Некој погоре спомена дека Русија е одговорна за атентатот, не би рекол дека Русија имала било каков удел во атентатот, напротив мислам дека србите на своја рака, опиени од неодамнешните територијални експанзии, длабоко заглибени во национал-шовинистичко лудило = одат на Босна како следна цел. Таа цел и ја остваруваат на крај, по цена на третина мртво население.
Русија чесно се држела до договорот со Франција и отвора источен фронт со напад врз Германија а не Аустрија, за да намали притисок на западен фронт. Како доказ за тоа може да послужи фактот што од големите сили, Русија и Австро-унгарија последни си објавуваат војна.
Тој Апи(или како и да се викаше) кој ги убил кралот и жена му владеел во сенка со Србија. Дотолку што и самиот Пашиќ му се плашел. Истиот тој бил изразито руски играч и тесно поврзан со нив. Без зелено светло од надвор не убиваш крал и не убиваш престолонаследник. А Принцип и останативе дечишта биле тренирани и уфрлани со лажни лични документи на австроунгарска територија од тајните српски служби кои ги контролирал овој Апи. Несомнено поголем играч се крие зад српските служби, а овие биле само колатерална штета и буквално збришани после војната со нестварни губитоци на најпродуктивното население.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom