- Член од
- 20 април 2012
- Мислења
- 3.678
- Поени од реакции
- 9.692
WW2 е дирекно поврзана со WW1.За време на WW1 а и после завршеток на војната Адолф а и многу Германци и Австрици биле предозирони од фрустрации и гнев.Иначе многу е интересно а и чудно колкаво влиание има Гаврило Принцип во човековата историја.Огромни човечки жртви и страдања предизвикал неговиот атентат.Бидејќи необјасниво нема ваква тема на форумов, си викам да ја исправам таа неправда и да започнам тема за најзначајниот човечки конфликт во историјата.
Војната официјално започнува на 28.Јули 1914 со гранатирање на Белград од страна на Австро-унгарски речни монитори и тешка артилерија. Завршува во 11 часот и 11 минути на 11.11.1918 кога стапува на сила примирјето.
Се работи за трет најсмртоносен конфликт во историјата, после втора светска и Тајпинг востанието, но во поглед на влијание на иднината, не постои настан кој имал и сеуште има далекусежни последици кои не се разрешени ни по 102 години од завршувањето на војната.
Има две страни, Антанта (Франција, Британија, Русија, Италија, САД, Белгија, Србија, Црна Гора, Романија итн.) и Централните сили (Германија, Австроунгарија, Турција, Бугарија и...тие се). Има многу цифри околу бројот на загинати и ранети, но среден го земам оној од 21 милиони мртви, кој е просек добиен од разни извори. Учествуваат 33 држави на многу фронтови.
Главен и решавачки е Западниот фронт кој се протега од Ла Манш до Швајцарската граница, каде што од една страна се борат Франко--англиските сили а од друга германците. Она што во WW2 e источниот, тоа во WW1 се полињата на Фландрија и Валонија каде Германија губи далеку најмногу војска.
Источниот фронт, Романскиот фронт, Солунскиот и итало-доломитскиот фронт се други позначајни фронтови иако не смее да се занемарат Кавкаскиот, Дарданелскиот, Персискиот, Палестинскиот, Месопотамскиот, Арапскиот и Африканскиот фронт. Иако имало и други помали, овие се главните места на кои се гинело.
Поморските битки се случуваат низ цел свет, од најголемата битка по тонажа во историјата (Јиланд а.к.а Скагерак 1916 во северно море) до Јадран и Хуан Фернандез острови забаталени во Пацифик.
Причините за избивањето на оваа војна не се доволно познати, немало некои големи судири на идеологии како што тоа ќе биде 25 години покасно, нема црно-бело гледање на работите, нема добра и лоша страна, го нема она што ја краси WW2, не е лесно да се разберат мотивите за оваа војна.
За WW2 тоа е многу појасно, една од причини е тоа да се избегне биолошко ресетирање на човештвото што било крајна цел на Рајхот и Јапан.
Тригерот се случил во Сарајево, каде што група србијански морони здружени во некаква си организација Млада Босна (стварно, WTF) со многу веројатна поддршка на србијанската обавештајна служба = го убиле австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд фон Хабсбург. Што мислеле да постигнат со тоа не е баш јасно, имено баш Франц бил најлиберален член на австроунгарската власт и се залагал за давање поголеми права на словенските народи во монархијата. Но мора да знаеме дека мислењето не е баш одлика на српскиот народ. Цената која ќе ја платат ќе биде повеќе од трагична.
За разлика од втората војна кога овие територии биле периферија и небитни, на територија на денешна РСМ минува Солунски фронт и се случуваат многу битки (Кајмакчалан, Битола) каде што се судираат двата сојуза. Некаде наидов на информација за 55.000 загинати македонци што мобилизирани во разни војски, што цивили, што е двојно повеќе од WW2 со 26.000 а сепак WW1 е тотално запоставена како тема.
За почеток доволно, бујрум![]()
Последно уредено: