Прва светска војна (1914-1918)

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Бидејќи необјасниво нема ваква тема на форумов, си викам да ја исправам таа неправда и да започнам тема за најзначајниот човечки конфликт во историјата.

Војната официјално започнува на 28.Јули 1914 со гранатирање на Белград од страна на Австро-унгарски речни монитори и тешка артилерија. Завршува во 11 часот и 11 минути на 11.11.1918 кога стапува на сила примирјето.

Се работи за трет најсмртоносен конфликт во историјата, после втора светска и Тајпинг востанието, но во поглед на влијание на иднината, не постои настан кој имал и сеуште има далекусежни последици кои не се разрешени ни по 102 години од завршувањето на војната.

Има две страни, Антанта (Франција, Британија, Русија, Италија, САД, Белгија, Србија, Црна Гора, Романија итн.) и Централните сили (Германија, Австроунгарија, Турција, Бугарија и...тие се :D ). Има многу цифри околу бројот на загинати и ранети, но среден го земам оној од 21 милиони мртви, кој е просек добиен од разни извори. Учествуваат 33 држави на многу фронтови.
Главен и решавачки е Западниот фронт кој се протега од Ла Манш до Швајцарската граница, каде што од една страна се борат Франко--англиските сили а од друга германците. Она што во WW2 e источниот, тоа во WW1 се полињата на Фландрија и Валонија каде Германија губи далеку најмногу војска.

Источниот фронт, Романскиот фронт, Солунскиот и итало-доломитскиот фронт се други позначајни фронтови иако не смее да се занемарат Кавкаскиот, Дарданелскиот, Персискиот, Палестинскиот, Месопотамскиот, Арапскиот и Африканскиот фронт. Иако имало и други помали, овие се главните места на кои се гинело.
Поморските битки се случуваат низ цел свет, од најголемата битка по тонажа во историјата (Јиланд а.к.а Скагерак 1916 во северно море) до Јадран и Хуан Фернандез острови забаталени во Пацифик.

Причините за избивањето на оваа војна не се доволно познати, немало некои големи судири на идеологии како што тоа ќе биде 25 години покасно, нема црно-бело гледање на работите, нема добра и лоша страна, го нема она што ја краси WW2, не е лесно да се разберат мотивите за оваа војна.
За WW2 тоа е многу појасно, една од причини е тоа да се избегне биолошко ресетирање на човештвото што било крајна цел на Рајхот и Јапан.

Тригерот се случил во Сарајево, каде што група србијански морони здружени во некаква си организација Млада Босна (стварно, WTF) со многу веројатна поддршка на србијанската обавештајна служба = го убиле австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд фон Хабсбург. Што мислеле да постигнат со тоа не е баш јасно, имено баш Франц бил најлиберален член на австроунгарската власт и се залагал за давање поголеми права на словенските народи во монархијата. Но мора да знаеме дека мислењето не е баш одлика на српскиот народ. Цената која ќе ја платат ќе биде повеќе од трагична.

За разлика од втората војна кога овие територии биле периферија и небитни, на територија на денешна РСМ минува Солунски фронт и се случуваат многу битки (Кајмакчалан, Битола) каде што се судираат двата сојуза. Некаде наидов на информација за 55.000 загинати македонци што мобилизирани во разни војски, што цивили, што е двојно повеќе од WW2 со 26.000 а сепак WW1 е тотално запоставена како тема.

За почеток доволно, бујрум :)
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
За разлика од втората војна кога овие територии биле периферија и небитни, на територија на денешна РСМ минува Солунски фронт и се случуваат многу битки (Кајмакчалан, Битола) каде што се судираат двата сојуза.
Да не даваат субвенции ако се пишува РСМ место Република Македонија без потреба?

Чисто информативно.

:oftopik:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Така, така, не поминаа 5 мин. од отварање и веднаш оф-топик, да не се зарече темата, тоа е битното РСМ или Република Македонија :D
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436


Па и не е баш надвор од темата, има некоја причинско последична врска со промената на името сега, со периодот околу Големата војна.
Со јунак како тебе, кој ги брани македонските национални интереси позади монитор, он и оф топик. Македонија нема мака.

Прав пролив.
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Со јунак како тебе, кои ги брани македонските национални интереси позади монитот, он и оф топик. Македонија нема мака.

Прав пролив.
Абе кај си одвратен, како мрусл се лепиш по мене, прав штапски стаорец си се направил :icon_lol:
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Не му ја труј темата на човекот со глупости. Навистина си досаден.
Мене не ме банираа за труење теми јас колку шо знам. И после тоа пак да се вратиш за да труеш, размисли кој е пролив.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.094
Бидејќи необјасниво нема ваква тема на форумов, си викам да ја исправам таа неправда и да започнам тема за најзначајниот човечки конфликт во историјата.

Војната официјално започнува на 28.Јули 1914 со гранатирање на Белград од страна на Австро-унгарски речни монитори и тешка артилерија. Завршува во 11 часот и 11 минути на 11.11.1918 кога стапува на сила примирјето.

Се работи за трет најсмртоносен конфликт во историјата, после втора светска и Тајпинг востанието, но во поглед на влијание на иднината, не постои настан кој имал и сеуште има далекусежни последици кои не се разрешени ни по 102 години од завршувањето на војната.

Има две страни, Антанта (Франција, Британија, Русија, Италија, САД, Белгија, Србија, Црна Гора, Романија итн.) и Централните сили (Германија, Австроунгарија, Турција, Бугарија и...тие се :D ). Има многу цифри околу бројот на загинати и ранети, но среден го земам оној од 21 милиони мртви, кој е просек добиен од разни извори. Учествуваат 33 држави на многу фронтови.
Главен и решавачки е Западниот фронт кој се протега од Ла Манш до Швајцарската граница, каде што од една страна се борат Франко--англиските сили а од друга германците. Она што во WW2 e источниот, тоа во WW1 се полињата на Фландрија и Валонија каде Германија губи далеку најмногу војска.

Источниот фронт, Романскиот фронт, Солунскиот и итало-доломитскиот фронт се други позначајни фронтови иако не смее да се занемарат Кавкаскиот, Дарданелскиот, Персискиот, Палестинскиот, Месопотамскиот, Арапскиот и Африканскиот фронт. Иако имало и други помали, овие се главните места на кои се гинело.
Поморските битки се случуваат низ цел свет, од најголемата битка по тонажа во историјата (Јиланд а.к.а Скагерак 1916 во северно море) до Јадран и Хуан Фернандез острови забаталени во Пацифик.

Причините за избивањето на оваа војна не се доволно познати, немало некои големи судири на идеологии како што тоа ќе биде 25 години покасно, нема црно-бело гледање на работите, нема добра и лоша страна, го нема она што ја краси WW2, не е лесно да се разберат мотивите за оваа војна.
За WW2 тоа е многу појасно, една од причини е тоа да се избегне биолошко ресетирање на човештвото што било крајна цел на Рајхот и Јапан.

Тригерот се случил во Сарајево, каде што група србијански морони здружени во некаква си организација Млада Босна (стварно, WTF) со многу веројатна поддршка на србијанската обавештајна служба = го убиле австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд фон Хабсбург. Што мислеле да постигнат со тоа не е баш јасно, имено баш Франц бил најлиберален член на австроунгарската власт и се залагал за давање поголеми права на словенските народи во монархијата. Но мора да знаеме дека мислењето не е баш одлика на српскиот народ. Цената која ќе ја платат ќе биде повеќе од трагична.

За разлика од втората војна кога овие територии биле периферија и небитни, на територија на денешна РСМ минува Солунски фронт и се случуваат многу битки (Кајмакчалан, Битола) каде што се судираат двата сојуза. Некаде наидов на информација за 55.000 загинати македонци што мобилизирани во разни војски, што цивили, што е двојно повеќе од WW2 со 26.000 а сепак WW1 е тотално запоставена како тема.

За почеток доволно, бујрум :)
Поводот е исти како оној во сите војни, мерење кој е кој, т. е. хегемонија на светско ниво, во овој случај и секако трошење на оружјето, кое го имало премногу. Друго не се тоа морони, туку млади интелектуалци здружени околу Млада Босна, националисти. Босна тогаш била под Аустро-Унгарија и сакале да биде во рамките на Србија. А и да не било причина на убиството на австрискиот престолоднаследник, ке се нашла друга причина, бидејќи за да дојде до војна, треба некои ситници да се случат. Сега идеме со други факти, први битки се битката на Цер и битката на Колубара, каде после ова српската војска се повлекува.

Интересно е што е ова прва војна која е водена на сите континенти. Исто така има и три интересни факта, првиот дека ова е прва војна водена на сите континенти, другиот е дека САД после војнава станува светска сила, бидејќи со позајмиците на пари кои ги дава, економски станува појака и третата после ова е создадено Кралстовото СХС, а за нашата земја нова историска етапа.

Она што исто така е битно дека царска Русија поради Октомвриска револуција ја напушта војната 1917 година, дека САД се вклучува во истата 1916 и фактот што Италија за разлика од Втората, во оваа војна е на страна на сојузот на Франција и Англија.

Што донесува војната на глобално ниво? Криза, која ке доведе до Втората светска војна. Поразените сили, оние од Централните сили се принудени да плаќаат големи одштети. Исто така има многу ранети и повредени војници од двете страни.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Тотален нонсенс е да се верува дека оваа војна се случила поради атентатот на Гаврило Принцип врз Франц Фердинанд. Тоа е само повод, капката што ја преела чашата, ништо повеќе. Главната причина е желбата на Австроунгарија да си ја врати својата слава и желбата на Германија да постави нов светски поредок каде ќе се главен хегемон превземајќи ги колониите на Британската империја и Франција. Исто така и Отоманската империја зазела иста страна сакајќи да си го поврати своето влијание на Балканот. Во поголемиот дел од војната Германија била и повеќе од достоен противник, но сепак биле принудени да се предадат поради лошата економска состојба и падот на индустриското производство што допридонесло и за пад на моралот на германските војници. Војната завршила со Версајскиот договор кој за Германија ќе биде понижувачки и ќе доведе до подем на Нацизмот, а со тоа и нова, покрвава војна.

Исто така вреди да се спомене дека од аспект на војниците е веројатно најнехуманата војна каде живееле во ровови, изложени на глад и болести чеќајќи го судниот ден за напад на no man's land. Плус, ако не се лажам во оваа војна се користело и хемиско оружје.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Главната причина е желбата на Австроунгарија да си ја врати својата слава и желбата на Германија да постави нов светски поредок каде ќе се главен хегемон превземајќи ги колониите на Британската империја и Франција. Исто така и Отоманската империја зазела иста страна сакајќи да си го поврати своето влијание на Балканот.
Ова е еднострано и неточно гледиште. Австро-Унгарија најмалку сакала и најмалку и одговарало голема војна, едвај се убедиле да војуваат против Србија иако неколку пати претходно имале прилика за тоа, по 1903 односно по доаѓањето на антиавстриските Караѓоревиќи односите меѓу двете земји се ептен заладени, анексијата на Босна 1908 е една од причините и за постоењето на Млада Босна и за терористичките акции против австриската монархија. Неводење војна против држава која директно спонзорира тероризам на нејзината територија ќе значело силен удар за престижот и покажување невидена слабост во однос на Србија и Русија.

Неспорно е дека Германија, како водечка индустриска земја во Европа, со невиден развој на сите полиња и требале повеќе територии, повеќе колонии и ресурси, а со дипломатскиот аматер Вилхелм Втори на чело кој дозволил уште непочната во војната да бидат во подредена положба со тоа што не спречил, а донекаде со агресивната милитаристичка политика придонел во формирањето на Тројната Антанта.

Но има и друга страна, Франција и Русија се исто толку директно одговорни за војната, Франција едвај дочекала прилика за војна, 40 години чекале реванш против Германија за враќање на Елзас-Лорен, а Русија, свесна дека со давање подршка на Србија во војната со Австрија, се мобилизира и се спрема за војна иако знаела дека нејзиното вмешување ќе го претвори локалниот балкански конфликт во европска војна.

Британија од своја страна, како најголема светска сила во тоа време, и не била ни малце заинтересирана да влегува во оваа војна, на секаков начин гледале да ја избегнат обврската како сојузник на Франција, го наоѓаат поводот како демек заштитници на неутралноста на Белгија со договор од 1836 година да и дадат ултиматум на Германија, која навлегува во Белгија заради реализирање на својот план за напад над Франција. Самото тоа кај Британците е доволно да проценат дека продирајќи преку Белгија, Германците имаат шанси на навлезат со силен удар кон Париз и брзо да ја кутнат Франција, а еден хегемон на континентот е спротивно на нивните интереси, па како и претходните 300 години претходно, секогаш кога една сила станува доминантна во Европа, тие ја стануваат противник на таквата сила и директно или индиректно војуваат.

Како што кажа @callejón de la muerte во воведниот пост, тука нема лоши и добри момци, наши и ваши, не се Германците во оваа војна злобните хуни како што бритнската пропаганда ги прикажува, секој си тргнува од некој свој интерес, некоја своја гордост, никој и не бил свесен каква ќе биде војната, тргнуваат во војна со начин доктрини од 19 век, а богами и со униформи (фамозните француски црвени панталони), во самата војна ќе станат свесни за разорнсота и смртоносноста на тешката модерна артилерија, на митралезот, на боевите отрови и на масовната мобилизација.

Македонија и македонците, тек поделени во Букурешт 1913 година, мобилизирани во три војски, се еден трагичен елемент во целиот глобален конфликт, со фронт точно низ скоро поделената земја, со невидени разурнувања, грабежи, страдање, ќе кажам храбро дека Македонците повеќе страдаат во оваа војна отколку во втората, интензитетот на воените дејствија е далеку поголем, особено ако се земе и фактот дека на територијата на Македонија веќе две години претходно се водеа Балканските војни. Гледано од аспект на револуционерното движење, мора да се признае дека ВМРО во голема мера се бори и е на страната на Централните сили, голем дел од четите со војводите се борат во состав на Бугарската армија, и тоа не е факт од кој треба да се срамиме и да се криеме, ја одбрале таа страна, губитничка на крај, 20 години подоцна одбравме помудро, на страната на победниците и резултатот од вториот избор е оваа држава, Македонија која што каква и да е, сепак уште ја имаме.
 
Ф

Флеш

Гостин
ќе кажам храбро дека Македонците повеќе страдаат во оваа војна отколку во втората, интензитетот на воените дејствија е далеку поголем
Убаво го кажа ..... Само ќе додадам .... За четири години се направи најмногу проблеми,за разлика од Турците кои владееле со Балканот околу 500 години ....
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Ајде посабајлечки, уз кафе :)

Поводот е исти како оној во сите војни, мерење кој е кој, т. е. хегемонија на светско ниво, во овој случај и секако трошење на оружјето, кое го имало премногу. Друго не се тоа морони, туку млади интелектуалци здружени околу Млада Босна, националисти. Босна тогаш била под Аустро-Унгарија и сакале да биде во рамките на Србија. А и да не било причина на убиството на австрискиот престолоднаследник, ке се нашла друга причина, бидејќи за да дојде до војна, треба некои ситници да се случат. Сега идеме со други факти, први битки се битката на Цер и битката на Колубара, каде после ова српската војска се повлекува.

Интересно е што е ова прва војна која е водена на сите континенти. Исто така има и три интересни факта, првиот дека ова е прва војна водена на сите континенти, другиот е дека САД после војнава станува светска сила, бидејќи со позајмиците на пари кои ги дава, економски станува појака и третата после ова е создадено Кралстовото СХС, а за нашата земја нова историска етапа.

Она што исто така е битно дека царска Русија поради Октомвриска револуција ја напушта војната 1917 година, дека САД се вклучува во истата 1916 и фактот што Италија за разлика од Втората, во оваа војна е на страна на сојузот на Франција и Англија.

Што донесува војната на глобално ниво? Криза, која ке доведе до Втората светска војна. Поразените сили, оние од Централните сили се принудени да плаќаат големи одштети. Исто така има многу ранети и повредени војници од двете страни.
Мислиш дека сите војни имааат иста причина?
Не знам колку 16-22 годишни студенти би можеле да се наречат интелектуалци. Принцип бил 18-19 год.
Млада Босна е сепак изданак на великосрпската идеја, нема за цел независна Босна туку приклучување на Босна кон Србија, идејата за Велика Србија добива крила со неодамнешните успеси како дел од анти-отоманската 1912-13 и анти-бугарската војна 1913 при што Србија ги освојува Косово, Македонија и дел од Јужна Србија, значително наголемувајќи ја својата територија.
Тука на сцена стапува матната личност, Драгутин Димитриевиќ-Апис, шпион, терорист, опасен играч, организатор на садистичкото изживување и ликвидација на Обреновиќи 1903 и веројатно вистинскиот организатор на настаните од 28.Јуни 1914. Подоцна е ликвидиран од Караѓорѓевиќ во ефтин show trial, бидејќи премногу знаел. Тоа му било "хвала" за тоа што го донел на власт

За жал, таа великосрпска идеја послужи како катализатор за 21 милион мртви, подоцна во втората војна повторно ќе земе свој данок, а ќе се повампири при крај на 80-ти по што следат крвавите 90-ти. Значи Големата војна своите опашки ги влече до ден денес каде имаме ликови како оној четникот што вика "идеш под мач бато и готова ствар" хахахах, Јован Деретиќ, САНУ, Бора Џорџевиќ, екс музичар оболен од четништво, секоја година се одржаваат годишнини на Равна Гора а тука е и Лазарова гарда :D што значи дека великосрпската идеја сеуште живее во србијанскиот народ.

Тотален нонсенс е да се верува дека оваа војна се случила поради атентатот на Гаврило Принцип врз Франц Фердинанд. Тоа е само повод, капката што ја преела чашата, ништо повеќе. Главната причина е желбата на Австроунгарија да си ја врати својата слава и желбата на Германија да постави нов светски поредок каде ќе се главен хегемон превземајќи ги колониите на Британската империја и Франција. Исто така и Отоманската империја зазела иста страна сакајќи да си го поврати своето влијание на Балканот. Во поголемиот дел од војната Германија била и повеќе од достоен противник, но сепак биле принудени да се предадат поради лошата економска состојба и падот на индустриското производство што допридонесло и за пад на моралот на германските војници. Војната завршила со Версајскиот договор кој за Германија ќе биде понижувачки и ќе доведе до подем на Нацизмот, а со тоа и нова, покрвава војна.

Исто така вреди да се спомене дека од аспект на војниците е веројатно најнехуманата војна каде живееле во ровови, изложени на глад и болести чеќајќи го судниот ден за напад на no man's land. Плус, ако не се лажам во оваа војна се користело и хемиско оружје.
Германија ја започнала војната со план да трае макс. до Божиќ 1914, но до 1918 ќе се јави глад, болести, тешка сиромаштија, комунистички и сепаратистички востанија, хаос. Шлифеновиот план за напад виа Белгија и средување на Франција за 6 недели и потоа вртење и средување на Русија на исток пошто сметале дека Русија нема да заврши мобилизација навремено. Но париските таксисти, чудото на Марна каде французите конечно ја запираат најмодерната, најдобрата, најобучената и најдобро опремена армија во дотогашната историја (има за ова кај Ден Карлин една епизода) и одлично спроведената руска мобилизација ги прави германските планови јалови.

Ова е еднострано и неточно гледиште. Австро-Унгарија најмалку сакала и најмалку и одговарало голема војна, едвај се убедиле да војуваат против Србија иако неколку пати претходно имале прилика за тоа, по 1903 односно по доаѓањето на антиавстриските Караѓоревиќи односите меѓу двете земји се ептен заладени, анексијата на Босна 1908 е една од причините и за постоењето на Млада Босна и за терористичките акции против австриската монархија. Неводење војна против држава која директно спонзорира тероризам на нејзината територија ќе значело силен удар за престижот и покажување невидена слабост во однос на Србија и Русија.

Неспорно е дека Германија, како водечка индустриска земја во Европа, со невиден развој на сите полиња и требале повеќе територии, повеќе колонии и ресурси, а со дипломатскиот аматер Вилхелм Втори на чело кој дозволил уште непочната во војната да бидат во подредена положба со тоа што не спречил, а донекаде со агресивната милитаристичка политика придонел во формирањето на Тројната Антанта.

Но има и друга страна, Франција и Русија се исто толку директно одговорни за војната, Франција едвај дочекала прилика за војна, 40 години чекале реванш против Германија за враќање на Елзас-Лорен, а Русија, свесна дека со давање подршка на Србија во војната со Австрија, се мобилизира и се спрема за војна иако знаела дека нејзиното вмешување ќе го претвори локалниот балкански конфликт во европска војна.

Британија од своја страна, како најголема светска сила во тоа време, и не била ни малце заинтересирана да влегува во оваа војна, на секаков начин гледале да ја избегнат обврската како сојузник на Франција, го наоѓаат поводот како демек заштитници на неутралноста на Белгија со договор од 1836 година да и дадат ултиматум на Германија, која навлегува во Белгија заради реализирање на својот план за напад над Франција. Самото тоа кај Британците е доволно да проценат дека продирајќи преку Белгија, Германците имаат шанси на навлезат со силен удар кон Париз и брзо да ја кутнат Франција, а еден хегемон на континентот е спротивно на нивните интереси, па како и претходните 300 години претходно, секогаш кога една сила станува доминантна во Европа, тие ја стануваат противник на таквата сила и директно или индиректно војуваат.

Како што кажа @callejón de la muerte во воведниот пост, тука нема лоши и добри момци, наши и ваши, не се Германците во оваа војна злобните хуни како што бритнската пропаганда ги прикажува, секој си тргнува од некој свој интерес, некоја своја гордост, никој и не бил свесен каква ќе биде војната, тргнуваат во војна со начин доктрини од 19 век, а богами и со униформи (фамозните француски црвени панталони), во самата војна ќе станат свесни за разорнсота и смртоносноста на тешката модерна артилерија, на митралезот, на боевите отрови и на масовната мобилизација.

Македонија и македонците, тек поделени во Букурешт 1913 година, мобилизирани во три војски, се еден трагичен елемент во целиот глобален конфликт, со фронт точно низ скоро поделената земја, со невидени разурнувања, грабежи, страдање, ќе кажам храбро дека Македонците повеќе страдаат во оваа војна отколку во втората, интензитетот на воените дејствија е далеку поголем, особено ако се земе и фактот дека на територијата на Македонија веќе две години претходно се водеа Балканските војни. Гледано од аспект на револуционерното движење, мора да се признае дека ВМРО во голема мера се бори и е на страната на Централните сили, голем дел од четите со војводите се борат во состав на Бугарската армија, и тоа не е факт од кој треба да се срамиме и да се криеме, ја одбрале таа страна, губитничка на крај, 20 години подоцна одбравме помудро, на страната на победниците и резултатот од вториот избор е оваа држава, Македонија која што каква и да е, сепак уште ја имаме.
Одличен пост, опфатени се многу аспекти, само да додадам дека во оваа војна дебитираат митралезите (имало уште од америчка граѓанска но во Големата војна ги има на ниво на чета, значи масовно), минофрлачите, пламенофрлачите, хемиските боеви отрови кои се употребуваат секојдневно, авијацијата, подморниците (имало и пред тоа, но стихијно), бодликавата жица, цепелините и многу други новитети.

Како кулминација на сите технички достигања за убивање луѓе кои датирале од индустриската револуција до 1914, оваа војна е единствена по тоа што командниот кадар е најлош веројатно од било која војна било кога водена, секакви старци со умот пред пола и повеќе век, не сфаќајќи ги убиствените моќи на новата технологија ги праќале во бесмислена смрт своите војници како да се работело за кокошки. Таква некадарност и outright идиотизам е незамислив за WW2.

Некој погоре спомена за Русија, пост-февруарска револуција владата на Керенски продолжува со борба, чак имаат и една голема офанзива, Русија ја напушта војната кога бољшевиците доаѓаат на власт, во март 1918 иако борбите се со намален интензитет уште од пучот во октомври 1917, за која цел германците и го довлечкале Ленин од Швицарска до Финска па после и во Петроград.
Руското предавање и потпишување мир во Брест-Литовск, Ленин ги предава на своите доброчинители Украина, Беларус, Прибалтик и Германија нагло станува двојно поголема, дебела и брутална :D
Тоа овозможува 750.000 германци да се префлрат на Запад и започнува операцијата Михаел, најголемата немачка офанзива со цел конечен пробив на фронтот но тоа е прича сама за себе...

Изчезнуваат 4 царства, Германското, Австроунгарското, Отоманското и Руското, на сцена се јавуваат политички ентитети и личности кои ќе ги одбележат наредните децении, од Мусолини до куќата Ал-Сауд, ситуации кои би биле невозможни без Големата војна. Ал-Сауд се сеуште актуелни за жал, што е најдобар доказ за трајните последици на овој бесмислен конфликт.
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
20190807_131801.jpg

@Tyler Durden Прва Светска војна се смета за последната витешка војна, затоа шо бројот на загинати цивили е мал споредено со бројот на загинати војници, се води воглавно надвор од населени места на фиксни утврдувања и е воглавно војна на исцрпување, секаде каде линијата на фронтот минувалва низ населени места истите се евакуирани, сеедно дали од противнички или пријателски војски. Нажалост сево ова е карактеристика за Западниот фронт, Солунскиот фронт го владеат балканските сеништа, при што со преземање на одредена територија, особено ако истата таа територија менувала раце повеќе пати, се стрелале семејствата на оние воено способни мажи кои не биле најдени дома, се вршела присилна мобилизација на останатото воено способно насление итн.
Најжестоките битки се водат на Кајмакчалан, каде селата менуваат раце по неколку пати и е направен покољ, Битола е вториот најразрушен град во ПСВ споредено со сите линии на фронтот.
Токму тука се наметнува и прказната за Др. Арчибалд Рајс, таткото на модерната форензика, кој токму за ликвидациите на цивили на Солунскиот фронт доаѓа да врши истрага, останува во Београд од крај на животот и по смртта срцето му е извадено и ставено во урна во црквата на врвот на Кајмакчалан, близу до костурницата која е полна со човечки остатоци од загинатите од ПСВ.





20190807_135405.jpg
^^^Др.Арчибалд Рајс четврт од лево према десно, со луле, останатите се српски офицери на Слинскиот фронт


Инаку @callejón de la muerte спомна накратко некои ликови кои беа дел од една тајна организација, еве некои оригинални фотки,



20190807_133024.jpg


20190807_133000.jpg .

20190807_133034.jpg

20190807_132946.jpg
20190807_131801.jpg 20190807_135405.jpg



Сликите се оригинали кои беа изложени на поставка во Воениот музеј во Београд по повод 100г од Прва Светска Војна, имам доста повеќето се навистина ретки и ги нема на нет.

Инаку тоа шо спомнав во неколку пасуси е повод за дебати кои траат и ден денес и сеуште не се разјаснети, особено во делот на делување на тајните организации, нивна поврзаност со страни структури, дали биле набедени да делуваат или тоа го правеле со предумисла во интерес на трети страни, вклучително и атентатот на австро унгарскиот цар Фердинанд :icon_lol:

20190807_131801.jpg 20190807_135405.jpg 20190807_133024.jpg 20190807_133000.jpg 20190807_133034.jpg 20190807_132946.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom