- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.070
- Поени од реакции
- 6.552
Освен потонатите и оние кои од потонување ги делеле минути како Лајон кај Ројал нејви или Зајдлиц кај Хохзефлоте, секој брод од тие кои учествувале има своја судбина во оваа битка во која немало неактивни единици.Не се вознемирувај , во таков свет сега живееш, 98% не ни сватиле за што пишуваш.Кога веќе спомна за личните судбини на морнари и офицери, би било интересно да се спомне и судбината на бродовите учесници во битката. И таа е многу интересна.
Пример БК Молтке на некој да не речам натприроден начин успева да се извлече под дожд од гранати и да вплови во Куксхафен со миминални оштетувања.
Инаку некои сметаат дека Јитланд ќе биде крај за бојните крсташи како концепт, но тоа нема да биде така. Од планираните британски крсташи од класата Худ (по името на покојниот адмирал кој загинува во оваа битка) ќе биде изграден само 1 од 4 но тоа е последица на Вашингтонскиот договор од 1922 кога се договараат услови кои ќе важат 10 години со што ќе биде спречена нова трка во поморско вооружување.
Худ како и Фјуриос, Корејџс и Глоријус ќе бидат изградени пост-Јитланд но подоцна ќе бидат преградени во носачи на авиони.
Рипалс и Ринаун ќе бидат одложени со цел да се имплементираат поуките баш од оваа битка, а тоа е вклопување на овие бродови во новата шема "се или ништо" при што деловите на бродот кои се критични добиваат максимален можен оклоп а деловите кои не се добиваат минимален, ако и воопшто во некои случаи.
Германија го завршува Макензен иако проектот е од пред Скагерак, а подоцна доаѓаат версајските 3 БК од класа Дојчланд а тука се и Шарнхорст и Гнајзенау, класични бојни крсташи кои ќе се прослават со "спринтот преку каналот" во 1943.
Франција ги гради Данкерк и Стразбур како одговор на германските БК, САД после договорот се откажува од 6-те БК од класа Лексингтон за да два од нив бидат завршени како носачи, Јапан ги суспендира Атаго и Такао заедно со проекти за вкупно 8 БК, СССР гради два БК од класа Кронштат.
Во WW2 БК ќе имаат прилично активна служба, можеби поголема од самите ББ.