Многу пати се обидував да кажам дека Бог сака ДЕЛА и чисто срце.Без разлика дали човекот е христијанин,муслиман или марсовец.
Бог е милостлив кон сите.
Ирелевантно и сувишно е тоа што ние мислиме дека Бог сака или што мислиме ние дека Бог мисли и дали тој прави разлика меѓу христијанин, муслиман и марсовец. Многу луѓе различно мислеле дека Бог сака. Имало верници што мислеле дека Бог сака жртвувани бебиња или жртвувани девици. И го правеле тоа, затоа што мислеле дека Бог така сака. Многу поважно е да знаеме што Бог навистина сака.
Ние што се нарекуваме христијани веруваме дека Бог се објавл преку Светото Писмо и преку личноста и делото на Исус Христос. Па затоа најдобро е да видиме што Господ Исус Христос кажал за тоа кое е делото што Бог првенствено го сака:
„Тогаш Му рекоа: „Што да правиме, за да ги извршуваме Божјите дела?” Исус одговори и им рече: „
Божјото дело е ова: да верувате во Оној, Кого Тој Го испратил.” Тие пак Му рекоа: „Каков знак правиш, да видиме и да Ти поверуваме? Што правиш?””“ (
Господ Исус Христос, ев. Јован 6:29, Библијата)
Муслиманите не му веруваат на Исус, оттука не го исполнуваат најважното Божјо дело.
Марсовците се уште не е докажано дека постојат, затоа е бесмислено нив да ги земаме во дискусијава.
Точно е дека Бог сите луѓе ги сака, но тоа не значи дека сите ќе бидат спасени. Ќе бидат спасени само тие што ќе се покајат и ќе поверуваат во Исус.
„”Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малкумина се кои го наоѓаат.”“ (
Господ Исус Христос, ев. Матеј 7:13, Библијата)
„ Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот.
Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.“ (
Господ Исус Христос, ев. Јован 14:6, Библијата)
Жал ми е, но според ова што Исус го кажува, јасно е дека само тие што веруваат во Исус ќе дојдат до Бог. Убаво звучи каузата дека Бог сите ги сака, дека не ги дели луѓето по верска основа, дека не е битно што луѓето погрешно веруваат, дека не е битно што повеќе сакаат да им веруваат на човечките традиции отколку на Исусовото учење, НО Исус не поучувал така.
Но тука има луѓе кој се ставаат во негова улога и пресудуваат што е павилно што не е правилно и тука се дебатите.иако му ги покрив со библиски цитат.
Не, туку тука има луѓе што, кога зборат за Христијанството, презентираат што Исус или генерално што Светото Писмо вели за таа тема, а има и такви што си кажуваат свои лични субјективни замисли (или замисли на деноминацијата на која што и припаѓаат) за тоа што Бог сака и мисли. Првите ќе ги препознаете што секое свое тврдење го поткрепуваат со цитат од Светото Писмо (како што јас правам цитирајќи го Исус што кажал), а вторите ќе ги препознаете што често пати велат: Ова сака Бог, вака рекол Бог, ова мисли Бог, а ништо од тоа не го потврдуваат со цитат од Божјото Слово.
Се разбира овде зборам само за христијаните. Атеистите, муслиманите или агностиците нема смисла да се повикуваат на Светото Писмо за нивните претстави за Бог.