Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто толку упорно ја браниш таа мафија?
Прво и основно, мафијата ќе ја бараш на друго место, а свештеството ја чини црковната хиерархија, а не хиерархијата во „Коза ностра„.
Второ, зашто очекуваш од некого друг да биде „такво и таков„ кога Ти самиот си светлосни години далеку од подвигот кој го бараш од другите и си гледаш сеир од страна, наместо да делуваш христијански?

Секако, јаг го бранам и ќе го бранам свештеството до одредена мерка, а таа мерка е одредена со нивната должност кон Црквата, односно кон верните, а нивното лично однесување е пред с‘е нивен личен проблем, иако е причина за соблазнувае кај оние кои не веруваат, а кои со леснотија ги наоѓаат туѓите раски, не гледајќи ги своите греди.
--- надополнето: 18 април 2013 во 23:20 ---
Немам најнов модел на Канон
Можеби, ама сигурно имаш ептен стар Canon, страр цели 3 сезони и кој сигурно чинел, своевремено, отприлика барем 25 тисуча, што е доволно да на‘раниш едно сиромашно 4 члено семејство во тек од еден месец...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Можеби, ама сигурно имаш ептен стар Canon, страр цели 3 сезони и кој сигурно чинел, своевремено, отприлика барем 25 тисуча, што е доволно да на‘раниш едно сиромашно 4 члено семејство во тек од еден месец...
Имам јас тисучи само чекам да почне православната акција “раздај богатството на сиромашните“ па да се приклучам. Чекам господа господа и дедовците да шитнат то лимузините и џипојне, палати хотели деловни простори, злата, имоти и мермери па да почнеме да делиме. Велат за велигден то ќе било.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Имам јас тисучи само чекам да почне православната акција “раздај богатството на сиромашните“ па да се приклучам. Чекам господа господа и дедовците да шитнат то лимузините и џипојне, палати хотели деловни простори, злата, имоти и мермери па да почнеме да делиме. Велат за велигден то ќе било.
А кој велигден? 3058ма? :D
 
Член од
4 април 2013
Мислења
26
Поени од реакции
6
Во врска жешката дискусија последниве два дена, би сакал и јас да дадам удел (не масло на огнот J)

Некој даде коментар дека темата на форумов треба да се промени во “одбрана на својата црква (деноминација)”. Претпоставувам добра причина за тоа се пред се друго постовите и одбраната на MIKI1, но и другите не сме исклучоци.

Ако ништо друго морам да му признаам на Мики за неговото добро познавање на Православието, со целото негово учење и верување. Незнам дали сето она што го говори се поистоветува целосно со официјалните доктрини на Православната црква, но без да навлегувам понатаму, ќе го прифатам како таков.

Она што мене лично ми пречи (што не значи дека и вие не сте го приметиле) е заборавањето на основата поради која и ги правиме сите овие дискусии, а тоа е “животот и делото” (во овој случај и воскресението “J”) на еден човек, поради кого и се отвори темата на Кајгана форумот –Исус Христос. Исус дојде во еден Јудејски систем со многу правила, длабоки и мудри филозофии и секако религиозни лидери, чиј “престол” беше даден од Бога во Стариот завет (звучи како повеќето од нашите денешни цркви нели). Истиот тој систем, не го препозна Оној кој всушност и го создаде тој систем. Не само што не го препозна туку и го уби. Неверојатни се Божјите планови. Бог беше иницијатор на еден религиозен систем (теократски) кој не Го препозна, и со Неговото телесно убивање, го отвори спасението (во Месијата) за сиот свет, не само за Израелците. Чудесни се плановите Божји. Не треба да дозволиме, и ние денеска бранејќи наши или ставови на нашата црква (без разлика која е) да заборавиме на Единствениот поради Кого не само Христијанските цркви, туку и сиот материјален свет постои. И најважно од се да не заборавиме на СЕУШТЕ отворената покана/порака дека можеме да имаме вечен живот, благодарение на Исус Христос.

Јас верувам дека критериумот дали еден ден ќе бидеме во присуството Божјо, не е во тоа во која црква сме крстени, го поминуваме нашиот живот, или во која црква со вера сме се потчиниле на Исуса Христа, туку критериумот ќе биде дали воопшто сме одговориле на најважната порака а тоа е смртта и воскресението на Исуса, со што нашите гревови стануваат бели како снег.

Сакам да кажам, (драги пријатели форумџии) оној кој го примил со вера Христос во својот живот, нека се грижи секојдневно што повеќе да го запознава (во Библијата, црквените служби итн.), и да ја зацврстува својата вера во Христа, бидејќи Словото е јасно дека само така се спасуваме. Оној кој сеуште не го направил чекорот на вера кон Христа, мој другарски совет е нека стисне заби (онака атеистички –како јас еднаш порано) и нека побара од Бога, доколку вистински постои (кажано од атеистички аспект J), да го води наредните денови/недели до Него. Бидејќи и јас поголемиот дел од мојот живот бев атеист (пораснат во просечно Македонско православно семејство) знам дека не е баш лесно да се направи овој прв чекор. Но на едно место во Библијата, Бог ветува дека доколку тргнеме кон Него, нема да чека да дојдеме до Него, туку ќе тргне во наш пресрет и ќе ни се објави. (што може човек да изгуби а? А добивката е вечен живот J). А разрешувањето на теолошките прашања и нејаснотии (макар некои и останале), Е МНОГУ ПОЛЕСНО кога знаеме дека имаме мир со Бога, и духовен мир во нашето срце.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Аман веќе, дај кажуј како да се покајам, оти су‘ ‘ногу-‘ногу грешен, ама тоа покајание да го поткрепиш и со „..библиски цитат..„ во кој точно и недвосмислено е наведен начинот на покајание!....
Што амануваш? Redoks 5-6 пати ти објасни како да се покаеш, не сфаќам што не ти е јасно? Ајде и јас ќе ти повторам:
Да се покаеш значи да се одвратиш од гревовите. Ако си лажел, да не лажеш веќе. Ако си крадел, да не крадеш веќе. Ако си прељубодејствувал, да не прељубодејствуваш веќе итн.

Оригиналниот збор за „покајание“ е грчкиот збор „метаноја“ и е кованица од две зборчиња „мета“ (μετά) и „ноја“ (νοιέω). „Мета“ е префикс, а „ноја“ значи размислување, перцепција. Буквално „метаноја“ значи да се преумиш, да го обновиш умот, да го смениш начинот на размислување за одредено нешто и во контекст на гревот (како што повикува Светото Писмо) значи да се одвратиш од гревовното размислување, да ја смениш пецепцијата за гревот. Да не го гледаш (перцепираш) како нешто убаво, туку како нешто одвратно, деструктивно, страшно. Ако си уживал во лагите, крадењето и прељубата, да се преумиш и да се срамиш од тие работи што си ги правел, да се згадиш од нив, да жалиш за нив, да не ги посакуваш повеќе, да не ги правиш повеќе.

„И така, покајте се (метаноја) и обратете се од сите свои престапи и вашиот грев не ќе ви биде гибел!“ (Езекиел 18:30, Библијата)

„Затоа, покајте се (метаноја) и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите,“ (Дела 3:19, Библијата)
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
astojcov Браво за текстов.Многу пати се обидував да кажам дека Бог сака ДЕЛА и чисто срце.Без разлика дали човекот е христијанин,муслиман или марсовец.
Бог е милостлив кон сите.
Но тука има луѓе кој се ставаат во негова улога и пресудуваат што е павилно што не е правилно и тука се дебатите.иако му ги покрив со библиски цитат.
 
Член од
16 април 2013
Мислења
44
Поени од реакции
12
Јас мислам дека многу забегавме од темава... мислам, до мафија стигнавме!? :facepalm:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Redoks 5-6 пати ти објасни како да се покаеш, не сфаќам што не ти е јасно?
Не ми се јасни овие нешта:

- како да се покајам?
- од кај да знам дека правилно сум се покајал?
- кој ќе ми поверува дека сум се покајал?
- од кај да знам дека Бог ми го примил покајанието и дека Он ми ги простува гревовите?

Можеш да пишуваш до сабајле, можеш да цитираш библиски стихови до бесвест, но јас пак не знам како „иде„ покајанието...

...освен ако и Ти, као и Redoks, сметаш дека тоа покајание треба а го изведам „онака„ и „во себе„.

А кога сме кај библиските стихови, еве еден и од мене, а на оваа тема:

„... и се крштеваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.„ (Матеј, 2.6)

Од стихот е очигледно дека начинот на покајание е битно поинаков од Твоево празнословие. Стихот вели „....исповедаа...„ што значи дека на повикот Јованов за покајание, евреите чинеле „нешто друго„ и дека не се каеле „во себе„.

Значи Јован, прво повикува на покајание, а евреите после повикот, се исповедаат!

Така?...

Според стиховиве кои си ги вадиш по своја потреба, испаѓа дека грешникот треба да се покае, а тој чин на покајание би бил изолиран чин, без исповедање на гревововите, а Бог „аутоматски„ ги брише гревовите!

Така?

Па ако јас не ги исповедам моите гревови, што ќе избрише Бог? Моето покајание?!...

А да не си згрешил троа процедурата за покајание?...
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Чорбаџија како кружната дебата. Сподели некои детали.

Моеш да изорганизираш и една таква дебата за форумџииве:)

Фејс ту фејс:)

Нема гугл, нема Библија онлајн, нема помош:P

Јас се пријавувам за судија:cool:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Чорбаџија како кружната дебата. Сподели некои детали.

Моеш да изорганизираш и една таква дебата за форумџииве:)

Фејс ту фејс:)

Нема гугл, нема Библија онлајн, нема помош:P

Јас се пријавувам за судија:cool:
А ја‘ ќе продавам семки и пиво и ќе гле‘ам сеир од страна...
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Чорбаџија како кружната дебата. Сподели некои детали.

Моеш да изорганизираш и една таква дебата за форумџииве:)

Фејс ту фејс:)

Нема гугл, нема Библија онлајн, нема помош:P

Јас се пријавувам за судија:cool:
Нема тој што да прави дебата кога јасни му се целите против Црквата и Православието.шири омраза.иако во библијата пишува за прифаќање на останатите вероисповести тој се противи на тоа.

Тука не дебатира никој туку само коментираме и изразуваме свои ставови.Дебатирањето(распрвија,карање) е забрането библиски помеѓу два христијански рода.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
А ја‘ ќе продавам семки и пиво и ќе гле‘ам сеир од страна...
Ти си клучниот дискутант. Ние ќе донесеме такви артикли, семки пиво за атмосфера и слично.:)
--- надополнето: 19 април 2013 во 13:55 ---
Нема тој што да прави дебата кога јасни му се целите против Црквата и Православието.шири омраза.иако во библијата пишува за прифаќање на останатите вероисповести тој се противи на тоа.

Тука не дебатира никој туку само коментираме и изразуваме свои ставови.Дебатирањето(распрвија,карање) е забрането библиски помеѓу два христијански рода.
Омраза е тежок збор пријателе за еден поданик на Христос:)

А, пишува ли во библијата што да праиш ако останатите вероисповести не те прифаќаат тебе, и уште повеќе сакаат да те терминираат?

Вториот болд - Значи дозволено е карање и тепање валда со други родови и нивни видови и подвидови?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Многу пати се обидував да кажам дека Бог сака ДЕЛА и чисто срце.Без разлика дали човекот е христијанин,муслиман или марсовец.
Бог е милостлив кон сите.
Ирелевантно и сувишно е тоа што ние мислиме дека Бог сака или што мислиме ние дека Бог мисли и дали тој прави разлика меѓу христијанин, муслиман и марсовец. Многу луѓе различно мислеле дека Бог сака. Имало верници што мислеле дека Бог сака жртвувани бебиња или жртвувани девици. И го правеле тоа, затоа што мислеле дека Бог така сака. Многу поважно е да знаеме што Бог навистина сака.
Ние што се нарекуваме христијани веруваме дека Бог се објавл преку Светото Писмо и преку личноста и делото на Исус Христос. Па затоа најдобро е да видиме што Господ Исус Христос кажал за тоа кое е делото што Бог првенствено го сака:

„Тогаш Му рекоа: „Што да правиме, за да ги извршуваме Божјите дела?” Исус одговори и им рече: „Божјото дело е ова: да верувате во Оној, Кого Тој Го испратил.” Тие пак Му рекоа: „Каков знак правиш, да видиме и да Ти поверуваме? Што правиш?””“ (Господ Исус Христос, ев. Јован 6:29, Библијата)

Муслиманите не му веруваат на Исус, оттука не го исполнуваат најважното Божјо дело.
Марсовците се уште не е докажано дека постојат, затоа е бесмислено нив да ги земаме во дискусијава.
Точно е дека Бог сите луѓе ги сака, но тоа не значи дека сите ќе бидат спасени. Ќе бидат спасени само тие што ќе се покајат и ќе поверуваат во Исус.

„”Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малкумина се кои го наоѓаат.”“ (Господ Исус Христос, ев. Матеј 7:13, Библијата)

„ Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.“ (Господ Исус Христос, ев. Јован 14:6, Библијата)

Жал ми е, но според ова што Исус го кажува, јасно е дека само тие што веруваат во Исус ќе дојдат до Бог. Убаво звучи каузата дека Бог сите ги сака, дека не ги дели луѓето по верска основа, дека не е битно што луѓето погрешно веруваат, дека не е битно што повеќе сакаат да им веруваат на човечките традиции отколку на Исусовото учење, НО Исус не поучувал така.

Но тука има луѓе кој се ставаат во негова улога и пресудуваат што е павилно што не е правилно и тука се дебатите.иако му ги покрив со библиски цитат.
Не, туку тука има луѓе што, кога зборат за Христијанството, презентираат што Исус или генерално што Светото Писмо вели за таа тема, а има и такви што си кажуваат свои лични субјективни замисли (или замисли на деноминацијата на која што и припаѓаат) за тоа што Бог сака и мисли. Првите ќе ги препознаете што секое свое тврдење го поткрепуваат со цитат од Светото Писмо (како што јас правам цитирајќи го Исус што кажал), а вторите ќе ги препознаете што често пати велат: Ова сака Бог, вака рекол Бог, ова мисли Бог, а ништо од тоа не го потврдуваат со цитат од Божјото Слово.
Се разбира овде зборам само за христијаните. Атеистите, муслиманите или агностиците нема смисла да се повикуваат на Светото Писмо за нивните претстави за Бог.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Ти си клучниот дискутант. Ние ќе донесеме такви артикли, семки пиво за атмосфера и слично.:)
--- надополнето: 19 април 2013 во 13:55 ---


Омраза е тежок збор пријателе за еден поданик на Христос:)

А, пишува ли во библијата што да праиш ако останатите вероисповести не те прифаќаат тебе, и уште повеќе сакаат да те терминираат?

Вториот болд - Значи дозволено е карање и тепање валда со други родови и нивни видови и подвидови?
А не те натера да не одиш во црква.
Ти како што имаш слика за мене,некој од форумов било кој по неговите пораки,постови што и да е така имам и јас за Чорбаџија.
Ако не те прифаќаат, што треба да се правиш "светец" и да ги одвраќаш.
или да ги осудиш.
Господ Исус кога им заповедал на апостолите рекол ако некој не ве прифати завртете се истресете ја прафта од нивната земја од сандалите и заминете си.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
.Дебатирањето(распрвија,карање) е забрането библиски помеѓу два христијански рода.
Дебата не значи расправа, карање. Постојат и културни, организирани дебати, модерирани од непристрасен модератор. Дебати се водат не само во религиозните кругови, туку и во политички кругови, во научни кругови итн. Во Скопје има Дебатно друштво каде што се учат и тренираат луѓето за културни дебати. Дебатата е многу добро средство за продлабочување на одредена тема и нејзино презентирање од повеќе гледишта. Дијалектичкиот метод што се користи при дебатирањето, при што се соочуваат две спротиставени гледишта, е клучен за развој на мислата.
Но тоа не значи дека во одредена дебата мора да има спротиставени гледишта. Може едноставно да има различни гледишта.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom