Чорбаџија
Црквата е создадена да ги одвраќа верниците од кривоверството и да ги упатува кон правилно верување.
Црквата и верцниците се едно исто. Верниците се Црквата. Не е Црквата множество А, а верниците множество Б. Во Библијата е проречено дека дел од Црквата (дури и од црквонтие водачи) ќе отпаднат и ќе поучуваат кривоверства. И тоа се десило дури и во 1ви век. Јас и ти се раѓаме во 21век. Денес постојат многу „цркви“. Како ние да знаеме која од нив да одбереме? Сите велат дека се прави. Сите велат дека се вистински, дека правилно го слават Бог. Нема да најдеш ниту една црква што се нарекува кривославна нехристова црква
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Некоја се нарекла католичка (соборна) црква, друга вистинска црква, трета православна црква, четврта се нарекла Божја црква, петта се нарекла Црква на Исус Христос итн. Утре некои можат да си ја наречат својата црква „највистинска“ или „најправославна“... дали со тоа што тие така ќе се наречат автоматски и ќе станат највистински, најправославни, најбожји итн?
Во 15-то поглавје на евангелието по Јован Исус јасно кажал дека оние што ќе останат сврзани со Христос, со Неговото Слово (Учење) и ќе запазат Неговите заповеди (а не човечки преданија) дека тие ќе останат сврзани со Него т.е. со други зборови - тие ќе бидат Неговата Црква, а ќе бидат препознаени по љубовта меѓу нив.
Како што некој кажал, црквата не е музеј на светци, туку болница на грешници. Таа е составена од несовршени луѓе, кои меѓу другото се склони и кон кривоверство. Затоа е потребно постојано да ги проверуваме нашите верувања дали се во склад со Христовото/Божјото учење запишано во Библијата. Христовата црква не прифаќа пагански работи во своето учење и пракса. И ако препознае нешто такво, веднаш го отфрла, а не го „охристијанизирува“ - затоа што, како што вели апостол Павле, малку квас го поткфасува целото тесто.
По 100-ти пат ти пишувам овие обичаји се за прославување на името господово итекако треба да се придржуваме до библиските учења но сето тоа се прави за да се прославува Бога.од некој од наведените признавам дека не се во ред.
И муслиманите велат дека со нивните пракси го прославуваат Бога. И оној што принесувал девици и бебиња како жртва за својот бог велел дека тоа го прави за да го прослави својот бог. Прашањето е: Од каде да знаеме дека нашите постапку му се угодни на Бог? Од каде да знаеме дали Бог го прифаќа нашето обожување? Дали можеме ние да си избереме постапки со кои што ќе го прославуваме Бога? Има ли критериум за тоа што му е угодно на Бог?
Зарем не е тоа Божјиот Збор?
За свеќите,Иконите кој се слика на личноста.тоа ти е исто како својот најмил кога ќе го урамиш.за овие работи не ти признавам.
Дали имаш дома урамено слика од некој најмил? Дали му палиш кандила? Дали ја осветуваш таа слика? Дали се поклонуваш пред таа слика? Дали му се молиш на ликот насликан на неа?
Можеш ли да наведеш барем еден пример во Библијата каде што Христос или некој од апостолите употребил свеќа или икона? Било каков пример каде што во новозаветната црква се спомнува некаква свеќа или икона?
но тоа за мајката господова никогаш нема да го прифатам ми нема ни смисла.Тоа име е најсвето во Христијанството барем према мене.а вие го отфрлате.
1. Не е вистина дека го отфрламе тоа име. Блажената Марија е високо почитувана во Црквата Христова. Се разбира не си дозволуваме да и даваме богохулни титули како што се Владичица, Господарка на Ангелите, Владетелка на светот, Господарка на сите, Застапничка на Судниот Ден, Спасение на Светот итн.
2. Не претерувај. Најсветото Име во Христијанството е Името на Бог. Кое е второто најсвето име - е тоа не знаеме. Ако воопшто има такво рангирање, тоа може да го направи Бог во иднина (по Судниот Ден). Во Библијата такво нешто нема.
Пошто сум дете просто и едноставно ти пишувам за да ме разбереш не сум од тие господа абе селско дете
Знам дека си дете, и не е важно од каде си. Има многу сељаци што живеат во строг центар, и многу културни деца што живеат во села. Како постар твој пријател од се срце повторно ќе ти го дадам истиот совет: Набави си Библија (или барем Нов Завет) и читај ја, види што вели Господ и тоа учење следи го, бидејќи на крај краева, утре пред Господ ќе се појавиме на Судниот ден и пред него ќе одговараме. Тој е Оној кој заслужува да го слушаме и да му бидеме послушни.