Во ред но зошто мораме да постиме за да го примиме(причестиме).
Не мораш да постиш за да се причестиш. Постењето како предуслов за причест го измисли католичката црква (а потоа го наследија православнтие цркви). Во Библијата нема никаде да најдеш пост како предуслов за причест. Напротив, кога ќе се решиш да ја читаш Библијата ќе дојдеш и до овој цитат:
„А исто така, ја зеде и чашата -
по вечерата - и рече: „Оваа чаша е Новиот Завет во Мојата крв, која се пролева за вас.“ (
ев. Лука 22:20, Библијата)
Оттука гледаме дека Исус и апостолите прво вечерале (значи не постеле) и потоа се причестиле.
Значи ова ти е уште една работа во која што православието поучува СПРОТИВНО на она што правеле Господ Исус Христос и Неговите апостоли.
Од тебе зависи дали ќе продолжиш да ги следиш човечките преданија на поповите или ќе го следиш Господ Исус Христос.
„ А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења, преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест, кои забрануваат стапување во брак (
целибат на православните епископи) и бараат воздржување од јадењата (
задолжителен пост како предуслов за причест), што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината.“ (
1 Тимотеј 4:1-3, Библијата)
--- надополнето: 17 април 2013 во 17:12 ---
ама го нема
Чорбаџија да извади некој цитат.
Цитат за што?
И до кога јас ќе ти вадам цитати? Зошто не отидеш да си го купиш Новиот Завет? Барем тој не е скап.
--- надополнето: 17 април 2013 во 17:20 ---
и со тоа е одделен и оддалечен од Светите Тајни, без кои во Црквата и преку Црквата, нема спасение за душата човекова.
Ако на ова се додаде дека во православието таканаречените „светите тајни“ може да ги извршува само свештеник, излегува дека без посредство на свештениците нема спасение на душата човекова. А пред малку видовме дека свештеници немало во раната Христова Црква. Значи според православието следи дека апостолите и црквите кои тие ги формирале, па и нивните следбеници сите тие ќе горат во пеколот затоа што немале свештеници, а немале ни православни верувања
--- надополнето: 17 април 2013 во 17:24 ---
Нема грев кој нема страдално да биде искупен.нормално доколку не постиме.
тоа е еден пример што бог ни ја дал најтешката телесна казна воздржување од храна и блуд кој тешко кој може да издржи.Како што на телото му е потребно храна исто толку и телеснте страсти.сето тоа воздржување ние се искупуваме од тој одреден грев.
Ме интересира од каде ти се овие верувања дека ние се искупуваме од гревовите со помош на постење? Од некоја книга ги прочита? Некој ти ги кажа? Можеби во хороскоп ги прочита? Или каде?