Прашање за Христијанството III

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Врз основа на што си зема Црквата за право да се самодекларира како посредник меѓу верникот и Бог?Дали има некој цитат од Светото писмо на кој се повикува?
Една добронамерна забелешка: Бидејќи гледате дека на овој форум не има од разни цркви, гледајте да ги конкретизирате прашањата, за да нема непотребни генерализации.

Во овој случај на пример, не секоја црква се наметнува како посредник меѓу верникот и Бог. Од попознатите цркви тоа го прават Католичката црква и православните цркви. Овие цркви имаат таканаречено „свештенство“ и таканаречени „свети тајни“ (кои само свештениците наводно можат да ги извршат). Овие свештеници се наметнуваат меѓу верникот и Бог до тој степен што без нивното посредништво верникот нема шанси да ја спаси својата душа.

Додека пак во библиските цркви (оние што се држат само до Библијата, протестантската црква) такво посредништво не постои, од проста причина што во Библијата јасно пишува дека само Еден е посредникот меѓу Бог и луѓето - Исус Христос.

„Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус,“ (1 Тимотеј 2:5, Библијата)

Во протестантската црква не постојат ни свештеници, од проста причина што во Црквата што Исус Христос ја основал - немало свештеници.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Другар, ептен ти е стара форава и неколку пати повторувана на форумов од страна на неупатените сеирџии. Дај излези со некој нов покреативен мајтап :)
И приказната ви е стара 2000 години, додуше изменета и дополнета и “подобрена“ секако, ама вие ете уште се мерите кој му е поголем.
Темава се претвори на последниве страници во дуел помеѓу Чорбаџија и MIKI1, и уште некои приврзаници на православната црква.

Вака од неутрален аспект глеано, ако има кладење јас со ALL IN идам дека Чорбаџија ќе ја добие дебатата:P
Коефициенти камо... вака кладење на суво јок, иначе ја би се кладел на Мики 1 (колку да сум во опозиција со тебе :P)
 
M

Muranyi

Гостин
Коефициенти камо... вака кладење на суво јок, иначе ја би се кладел на Мики 1 (колку да сум во опозиција со тебе :P)
Еве и јас ставам се,па имаш шанса да го земеш и мојот и делот на Доналд.Подобра понуда од ова,здравје:)
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
И приказната ви е стара 2000 години, додуше изменета и дополнета и “подобрена“ секако, ама вие ете уште се мерите кој му е поголем.

Коефициенти камо... вака кладење на суво јок, иначе ја би се кладел на Мики 1 (колку да сум во опозиција со тебе :P)
Приказната е стара 2 000 години, но точна и резултативна:)

Сите што пробале д аизменат, дополнат, не успеале.

ИНаку коефициентите се следнове.

1.77 за Чорбаџија, 3.55 за нема победник и 4.43 за Мики1:D

Повели друже у пива е опкладата :P
 
M

Muranyi

Гостин
Од попознатите цркви тоа го прават Католичката црква и православните цркви.
Да,на тие и Цркви мислев,бидејќи искрено тие и ми се најпознати.
Не знаев дека вие немате свештеници.Кој ги извршува тогаш церемониите како венчавки,погреби?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Приказната е стара 2 000 години, но точна и резултативна:)

Сите што пробале д аизменат, дополнат, не успеале.
Велиш не успеале? А се кладиш на тие што успеале.... :LOL:
 
M

Muranyi

Гостин
Приказната е стара 2 000 години, но точна и резултативна:)

Сите што пробале д аизменат, дополнат, не успеале.

ИНаку коефициентите се следнове.

1.77 за Чорбаџија, 3.55 за нема победник и 4.43 за Мики1:D

Повели друже у пива е опкладата :P
Во која смисла резултативна?Ако мислиш на бројката на верници,тогаш да,но што со тоа?Ете и Исламот има преку милијарда верници,ако гледаме така и тој е резултативен.

П.С. Сега прочитав дека си пишал и точна,извини не сум забележал.Кој вели дека е точна?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
И јас ако е за тоа ти дадов што пишува во библијата за поделбите како оваа денес.и постапките но ти упорно си тераш некоја твоја филозофија.
Не знам каде си пишувал за поделбите и постапките и како е тоа поврзано со... моја филозофија? Тотално си ми неразбилив што пишуваш.

исто и за постењето,црквите итн....сето тоа е споменато во библијата.
зошто викаш дека не е.
Повторно клевета. Аман бре дете што ти е денес? Каде јас сум велел дека постењето и црквата не се спомнати во Библијата?
Она што јас го реков е дека терминот „црква“ во Библијата никаде не се однесува на градба (храм).
Она што јас реков е дека нема никаква посебна светоств на самата градба и дека Бог не ги слуша молитвите таму повеќе од друго место т.е. во храмовите нема никакво појачало на молитви.

А во однос на постот реков дека никаде во Библијата не пишува дека човек мора да пости за да се причести. Тоа го реков. Не реков дека не треба да се пости. Реков само дека во Библијата постот никаде не е наметнат како предуслов за причест. Докажав и со пример каде што Исус и апостолите вечерале ПРЕД да се причестат. Тоа е тоа што го реков. Читај внимателно или воопшто не клевети неосновано.

Дел од библијата каде пишува како се простуваат гревови
„Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.“ (1 Јованово 1:9, Библијата)

„ А Петар им рече: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови;“ (Дела 2:38, Библијата)

„И кога стоите на молитва, проштавајте ако имате нешто против некого, за да ви ги прости и вашиот Татко, Кој е на небесата, вашите гревови.“ (Исус, ев. Марко 11:25, Библијата)

Доволно е?

И на тоа не ми одговори што е тоа што го правиме е пагански
што одам во црква...
1. Палењето свеќи и нивно принесување за здравје, за среќа, за бериќет, за живи, за мртви. Добро е познато дека паганите кои му се поклонувале на Сонцето и на Месечината како извори на светлината тие палеле свеќи и кандила (симболични извори на светлина) во храмовите пред идолите, принесувајќи ги во чест на нивните богови.
Исто така и египјаните ги употребувале свеќите во своите религиозни обреди. Тие дури имале и еден празник, наречен "палење свеќи".
Понатаму старите македонци, грци и римјани, исто така, ги употребувале. На еден празник, во чест на богинката Церера, палеле многу свеќи. Обичајот бил да и принесуваат големи свеќи и факели.

2. Околу иконите мислам дека нема потреба да коментирам. На сите ни е добро познато дека речиси нема паганска вера/религија која не употребувала идоли (во вид на слики или кипови) во своите религиозни обреди. Па оттаму, оваа праска, за внесување на слики-икони во храмовите, воопшто не е нова во православието.

3. Понатаму обожавањето на светците (молитвите упатени кон нив, поклонување пред нивни слики/икони) исто така не е новитет во православието. Митот за обогување на човекот (човек кој станува бог) е застапен во многу пагански религии пред нашата ера.

4. Исто така би го спомнал и обожавањето на моштите (поклонување, мирисање и целивање на мртвите тела/останки на некои истакнати христијани) кој се практикува во православието.
Паганите верувале дека душите на умрените се маткаат околу гробовите. Тие ги обожувале своите јунаци, им посветувале храмови и верувале дека гробовите на некои од нив имаат исцелителна моќ. Ги внесувале своите болни во храмовите пред ликовите на јунаците, особено пред ликот на Ескулап, кој се сметал за татко на лекарите, и ако се случело некој да оздрави, тогаш го истакнувале во храмот ликот на излекуваниот.
Така во тоа време кога некој паганин ќе станел Христијанин, не ги напуштал поранешните обичаи, туку она што го правел во чест на јунаците, сега го правел во чест на мачениците.
Евсевиј Цезариски за своето време вели: "При почитување на мачениците и нивните коски, Христијаните и паганите се исти. Се надевам таа истомисленост ќе биде повод за поголемо пријателство меѓу нив.”

5. Понатаму древниот култ за Големата мајка или богињата жена исто така бил често застапен во паганскиот свет. Тука сами би ги спомнал божицата Мајка Јунона која се обожавала во Рим, понатаму добро познатата богињата Артемида од градот Ефес итн. подоцна гледаме како ова се пренесува во обожавањето на Мајката Божја - Богородица во католичкиот, а подоцна и во православниот свет.

6. Задушниците, делење храна по гробишта.

7. Вртење лепче со паричка - демек кај кој ќе се падне, кај него ќе била среќата.

8. Коледарски огнови кои што поповите ги благословуваат за Бадник.

Итн. да не должам многу, само сакав да потенцирам дека листата на паганизми кои ги наследило православието е голема и сериозна и одвратна во очите на Бог - согласно Светото Писмо.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Во која смисла резултативна?Ако мислиш на бројката на верници,тогаш да,но што со тоа?Ете и Исламот има преку милијарда верници,ако гледаме така и тој е резултативен.
Ако кажам дека денес и вчера ми е резултативен период у кладилница, мислам на себе:P и моите цели.

Така и црквата резултира со успех за оние кои ја создале за остварување на сопстевните цели:)

До ден денес им носи резултати:)


Христијанстовот е учењето на Христос, ликот и неговото дело, не ѕидините и тулите на храмовите наречени цркви, а уште помалку нивните свештеници кои се од крв и месо, а се ставаат во улога на битија посредници до Бога, над обичниот смртник:cool: Валда убао го склопив ова, и не се утнав и пишување.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Да,на тие и Цркви мислев,бидејќи искрено тие и ми се најпознати.
Не знаев дека вие немате свештеници.Кој ги извршува тогаш церемониите како венчавки,погреби?
Најчесто пасторот, а понекогаш и старешините. Но не е строго правило. Во принцип може секој да венча, да крштева, па и да погреба. Доколку е исправано направено, Бог ќе го смета крштевањето за валидно, бракот за валиден итн.
 
M

Muranyi

Гостин
Христијанстовот е учењето на Христос, ликот и неговото дело, не ѕидините и тулите на храмовите наречени цркви, а уште помалку нивните свештеници кои се од крв и месо, а се ставаат во улога на битија посредници до Бога, над обичниот смртник:cool: Валда убао го склопив ова, и не се утнав и пишување.
Кажи му го на Мики тоа,но однапред знаеш дека нема потреба и кој ќе му биде одговорот.
Сепак,Христијанството е многу повеќе од самото учење и проповедање на Исус и темата си функционира на тој прицип.Не дека не си во право за болдот,јас темава би ја нарекол прашања до следбениците на Црквата,оти верувањата и практиките им се засноваат многу повеќе врз тоа што кажала Црквата,отколку самиот Исус.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Кажи му го на Мики тоа,но однапред знаеш дека нема потреба и кој ќе му биде одговорот.
Сепак,Христијанството е многу повеќе од самото учење и проповедање на Исус и темата си функционира на тој прицип.Не дека не си во право за болдот,јас темава би ја нарекол прашања до следбениците на Црквата,оти верувањата и практиките им се засноваат многу повеќе врз тоа што кажала Црквата,отколку самиот Исус.
Која верзија на Исус? Онаа на Чорбаџија или онаа на Let 3?
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Чорбаџија
Црквата е создадена да ги одвраќа верниците од кривоверството и да ги упатува кон правилно верување.

Јас ќе мислам на Пи***ки и ќе влезам да венчам некого.како тоа нема свештеник.
Молитвата е единствениот контакт што Бог ни го оставил со него.како ќе го благослови ако не се каже правилно.Поповите за тоа учат 6 години па уште колку литургии и школување треба да поминат да не кажувам.
Поентата ми е дека треба правилно да се кажува молитвата а тој за тоа учел.

Итекако има црквата големо значење во молитвата кога заедно се молат сите.со свештеникот кој една литургија трае околу 3 часа.колку молтви и песни се кажуваат.
ДОма не знам кој може тоа сам да го направи.

Како може да се причести без пост(телесен и духовен)Ќе се прејаде месо ќе го мавне на порнич и ќе оди на причест.????

По 100-ти пат ти пишувам овие обичаји се за прославување на името господово итекако треба да се придржуваме до библиските учења но сето тоа се прави за да се прославува Бога.од некој од наведените признавам дека не се во ред.

За свеќите,Иконите кој се слика на личноста.тоа ти е исто како својот најмил кога ќе го урамиш.за овие работи не ти признавам.

За светците за некој потполно ти признавам дека не се во ред.Пр мајка Тереза.
Константин и Елена.....Храната на гробишта е од народот кој црквата не го признава.лепчето со паричка и коледсрските огнови се воведени од луѓето со цел да го слават Бога.Сето тоа се прави во името господово не знам зошто мислиш дека е паганско се што е против Бога е паганско но сето тоа се прави во негово име.За малку ќе станев Протестант!!!:facepalm: но тоа за мајката господова никогаш нема да го прифатам ми нема ни смисла.Тоа име е најсвето во Христијанството барем према мене.а вие го отфрлате.
Ова ми е само уште еден доказ дека сте помалку верни од нас.
ПС За тоа нема свештенци кај вас нема пари да зима.
Пошто сум дете просто и едноставно ти пишувам за да ме разбереш не сум од тие господа абе селско дете:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom