MIKI1 велиш дека давам само библиски цитати и не слушаш ништо повеќе од она кое е веќе напишано во нив....и да е тоа вистина (а не е), ова ми звучи повеќе на комплимент него на критика, мислев дека така и Библијата не учи (J).astojcov,
од Твоите постови не можам да осознаам ништо повеќе, оти не пишуваш ништо повеќе од она кое е веќе напишано во „...библиските цитати... на кои се повикуваш, така да мене се‘уште не ми е јасно што треба да сторам, за да се покајам...![]()
Велиш дека повторно по моето образлагање во два поста, сепак не си разбрал што е тоа покајание,
Сега ќе презентирам еден замислен “монолог/дијалог” со MIKI1 врска последнава тема, за да видиме дали сум бил јасен (па макар кажал и погрешни работи). /Напоменувам дека болдираниот текст се моите реченици кои ги копирам од моите два последни поста/.
Да почнеме:
MIKI1:astojcov можеш ли да ми објасниш што е тоа покајание?
аstojcov: Покајанието е интимен момент на отворање на срцето пред Господа, признание дека нашите дела и срца се грешни пред Господа, признание и прифаќање на авторитетот Божји над нашите животи и...
MIKI1: дали тоа значи само свртеност навнатре во себе, или значи нешто повеќе?
аstojcov: ...предавање/насочување на нашите срца и воља кон Бога.
MIKI1: Дали е покајанието сопствено дело, или пак и Господ има некаква улога во истото?
аstojcov: Покајанието е одговор на нашата душа како резултат на осведочувањето на Духот Свети во нашите срца...
MIKI1: Од каде да знам дали покајанието/обраќањето за кое зборуваш го правам поради/кон истиот Бог од Библијата, и всушност која е иницијалната причина за воопшто човек да се покае?
аstojcov:...и најчесто откако ќе ја примиме јасната порака на Евангелието: како Бог кој е Семоќен, Свет, Праведен, Креатор на се, не сака нас грешниците толку многу, што беше волен да се симне на земјата во телесен облик и да ја земе нашата заслужена казна на Него.
MIKI1:Другар како најописно “онака, како што ти лежи на душа” би го опишал покајувањето?
аstojcov:Покајанието е првиот чекор на враќање во прегратката на нашиот Небесен Татко.
MIKI1: Добро, а можеш ли да ми кажеш на што најчесто луѓето помислуваат кога се зборува за покајание, а всушност не е покајување?
аstojcov: Да бидам уште малку појасен, покајанието не е:
-дали се каеме за нашите дела. (причините можат да бидат себични и многубројни, а да немаат врска со Господа...)
-дали ќе плачеме откако ќе згрешиме. (можеби од жал за направеното или последиците од истото, што исто така нема врска со Господа...)
-дали сме решиле да постанеме религиозни...(ова е “техничко” покајание, кое немора да значи дека нашите срца искрено сме ги насочиле кон Бог. Не сакам да сум религиозен човек, кој знае се за религијата и адетите, а никогаш да не сум го предал своето срце со вера, на водството на Светиот Дух)
-иницирање желба отсега да се трудиме да правиме само добри работи...(нема потреба овдека ни да спомнувам зошто ова не е покајание J)
Сите горенаведени работи не се покајание, а можат да бидат дел од вистинското покајание.
MIKI1:А дали онака од прва, ти текнува на некој пример од Библијата каде се зборува за покајанието?
аstojcov: Дела 3:37 А кога го чуја тоа, ги засегна во срцето и му рекоа на Петра, и на другите апостоли: „Мажи, браќа, што да правиме?”
38 А Петар им рече: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух.
39 Зашто, ова ветување е за вас, и за вашите деца, и за сите далечни, колку што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.”
MIKI1:Но овдека Петар им вели да се покајат, а не кажува како се врши тоа покајание?
аstojcov: Па ако го земеш во предвид сето она за што досега дискутиравмесо зборот “покајте се” Петар само го дефинира/покажува она што веќе се случува во нивните срца (како резултат на слушнатата порака) “а кога го чуја тоа ги засегна во срцето”, а тоа Петар на луѓето околу него им вели да се покајат за делото што го направиле према Исуса (неговото отфрлање). Тоа важи и за нас денеска, кој го отфрламе (Бога) во нашите животи и живееме за нас.
Знам дека овде не се зборува премногу детално за “процесот” на покајание, но во секој случај ова беше првиот ваков настан во Дела на Апостолите, па затоа и го кажав.
MIKI1: Аха, добро, мислам дека те разбирам што сакаш да кажеш.
astojcov: ОК, фала на можноста, знаеш не сакам да звучам емотивно, ама мислам дека и јас имам доживеано слично покајување, во почетокот на моите вистински стапки со Бога од Библијата. Некои искрени христијани велат дека кога они се покајале, буквално во своите мисли ги виделе повеќето од гревовите во својот живот и ја почувствувале нивната вистинска тежина во очите на Бога. Последново кај мене не се случи, но мислам дека горе наведеното објаснување го опфаќа покајувањето, би било добро да го слушнам и твоето мислење.
MIKI1:astojcov може ли да те прашам нешто?
astojcov: се разбира MIKI1 прашај.
MIKI1: Можеш ли да ми објасниш што е тоа покајание?
astojcov:ААААААААААААААААААААААААААА!!!! J
Е па тоа ти е.
Знам дека ова не е директно поврзано со топик-от, но го замолувам модераторот да го остави текстот, бидејќи дава интересен аспект на досегашните дебати.