Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
епа покајанието е претпоследен чекор од целиот процес на простување на гревовите. Прво треба спознание, вера во Бог да имаш, да се увериш дека тоа е она вистинското, па тек после покајание, и на крај преобракање на начинот на живот. Долг процес.. али ако сакаш стварно да се отарасиш од гревовите шо ти стојат на врат како што рече и сам, вреди да си стрплив.
Од кај да бидам сигурен дека му се обраќам на вистинскиот Бог?...Што ако се каам пред погрешен бог, што фајде имам од таквото покајание?
--- надополнето: 16 април 2013 во 15:49 ---
Нема никаква магична молитва,, Оче наш магична е? Само што за да испратш писмо ти треба адреса, а исто и за да се молиш треба да знаеш точно на кој му се молиш
„Оче наш...„ е молитва во која не се наведени моите гревови...или грешам?
--- надополнето: 16 април 2013 во 15:52 ---
Покајанието е интимен момент на отворање на срцето пред Господа, признание дека нашите дела и срца се грешни пред Господа, признание и прифаќање на авторитетот Божји над нашите животи и предавање/насочување на нашите срца и воља кон Бога. Покајанието е одговор на нашата душа како резултат на осведочувањето на Духот Свети во нашите срца и најчесто откако ќе ја примиме јасната порака на Евангелието: како Бог кој е Семоќен, Свет, Праведен, Креатор на се, не сака нас грешниците толку многу, што беше волен да се симне на земјата во телесен облик и да ја земе нашата заслужена казна на Него. Покајанието е првиот чекор на враќање во прегратката на нашиот Небесен Татко.

Да бидам уште малку појасен, покајанието не е:

-дали се каеме за нашите дела. (причините можат да бидат себични и многубројни, а да немаат врска со Господа...)

-дали ќе плачеме откако ќе згрешиме. (можеби од жал за направеното или последиците од истото, што исто така нема врска со Господа...)

-дали сме решиле да постанеме религиозни...(ова е “техничко” покајание, кое немора да значи дека нашите срца искрено сме ги насочиле кон Бог. Не сакам да сум религиозен човек, кој знае се за религијата и адетите, а никогаш да не сум го предал своето срце со вера, на водството на Светиот Дух)

-иницирање желба отсега да се трудиме да правиме само добри работи...(нема потреба овдека ни да спомнувам зошто ова не е покајание J)

Сите горенаведени работи не се покајание, а можат да бидат дел од вистинското покајание.

Еден прекрасна слика за тоа што е покајание, зборуваат следниве стихови од Дела на Апостолите:

37 А кога го чуја тоа, ги засегна во срцето и му рекоа на Петра, и на другите апостоли: „Мажи, браќа, што да правиме?”

38 А Петар им рече: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух.

39 Зашто, ова ветување е за вас, и за вашите деца, и за сите далечни, колку што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.”
astojcov,

а како да се покајам де, тоа ми е муабетот...Батали библиски цитати, во кои Св. Ап. Петар бара покајание, а не кажува како се врши тоа покајание!
 
Член од
16 април 2013
Мислења
44
Поени од реакции
12
Да, можат да бидат многубројни причините,апстрактен поим си постои, и да, може да нема врска со Бог, ама нашава тема е религиозна, нели? зборуваме за простување од Бог, а за дел од горенаведеното и јас се сложувам. Само дали ќе може да ми го објасниш стихот што е цитиран погоре, вели „ќе примите дар од Светиот Дух“ што е тој дар? каков е? и што полза ќе имаат од него ако го примат?
--- надополнето: 16 април 2013 во 16:14 ---
Епа тоа и ја ти викам. Дека немоеш да семолиш ако незнаеш кому му се молиш. Мора прво вистински да се запознае Бог. Да сфатиме дека тој не повикува самиот да му се молиме Филипјаните 4: 6,7 Мора да се има знаење, но и вера. Глеј го овој стих ( сакам да ти покажам дека све шо зборам го пишува во библијата) Евреите 11:6 - Без вера не е можно да му се угоди на Бог, зашто оној што му пристапува мора да верува дека тој постои, и дека ги наградува оние што ревносно го бараат. Значи мора да го запознаеш единствениот вистински бог, не само како појава, туку како духовна личност која има чувства и особини, и да му угодуваме.
--- надополнето: 16 април 2013 во 16:17 ---
И молитвите не треба да ни бидат шаблонски. Исус ја кажал молитвата Оче Наш за да ни покаже како со почит и достоинство треба да му се молиме на Бог. А сега сите молитви се различни, на пр ти твоите гревови ќе си ги кажеш, и ќе молиш за прошка. А , да , и многу е важно на крај на молитвата да кажеме амин ( што значи дека се согласуваме со тоа што сме го кажале)
--- надополнето: 16 април 2013 во 16:27 ---

Пошо го пишуваш као да си упатен многу во темава, па сигурно и ова го знаеш. Шо е со светиот дух? шо ќе се деси од коа ќе го примат (како што се вели во 38 ред од стихот), и за шо им користи тој? Пошто еднаш го поставив прашањево ама незнам дали неможеш, или незнаеш да одговориш?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Многу логични и пред се точни информации даваш. Ако може да те прашам, што си по вероисповест?
Христијанин - протестант. Верувам дека само Библијата е Божји Збор (сигурен извор за Божјите вистини), а сите други духовни книги се човечки мудрости, во кои има повеќе или помалку лажни учења или толкувања.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Верувам дека само Библијата е Божји Збор (сигурен извор за Божјите вистини), а сите други духовни книги се човечки мудрости, во кои има повеќе или помалку лажни учења или толкувања.
Ова е став од извесен професор Џон Вајклиф, од средината од 11-от век, така да користиш троа бајат принцип, бааги постар од протестантизмот, а непознат во Црквата Христова.
 
Член од
4 април 2013
Мислења
26
Поени од реакции
6
Да, можат да бидат многубројни причините,апстрактен поим си постои, и да, може да нема врска со Бог, ама нашава тема е религиозна, нели? зборуваме за простување од Бог, а за дел од горенаведеното и јас се сложувам. Само дали ќе може да ми го објасниш стихот што е цитиран погоре, вели „ќе примите дар од Светиот Дух“ што е тој дар? каков е? и што полза ќе имаат од него ако го примат?
--- надополнето: 16 април 2013 во 16:14 ---
Епа тоа и ја ти викам. Дека немоеш да семолиш ако незнаеш кому му се молиш. Мора прво вистински да се запознае Бог. Да сфатиме дека тој не повикува самиот да му се молиме Филипјаните 4: 6,7 Мора да се има знаење, но и вера. Глеј го овој стих ( сакам да ти покажам дека све шо зборам го пишува во библијата) Евреите 11:6 - Без вера не е можно да му се угоди на Бог, зашто оној што му пристапува мора да верува дека тој постои, и дека ги наградува оние што ревносно го бараат. Значи мора да го запознаеш единствениот вистински бог, не само како појава, туку како духовна личност која има чувства и особини, и да му угодуваме.
--- надополнето: 16 април 2013 во 16:17 ---
И молитвите не треба да ни бидат шаблонски. Исус ја кажал молитвата Оче Наш за да ни покаже како со почит и достоинство треба да му се молиме на Бог. А сега сите молитви се различни, на пр ти твоите гревови ќе си ги кажеш, и ќе молиш за прошка. А , да , и многу е важно на крај на молитвата да кажеме амин ( што значи дека се согласуваме со тоа што сме го кажале)
--- надополнето: 16 април 2013 во 16:27 ---

Пошо го пишуваш као да си упатен многу во темава, па сигурно и ова го знаеш. Шо е со светиот дух? шо ќе се деси од коа ќе го примат (како што се вели во 38 ред од стихот), и за шо им користи тој? Пошто еднаш го поставив прашањево ама незнам дали неможеш, или незнаеш да одговориш?
Пополека Rekods, не се лути одма, па не сме нон стоп он-лине.

Текстот за кој прашуваш едноставно вели: покајте се, крштевајте се во Христа за проштавање, и Духот ќе ви даде дар. Значи, откако ќе се покаеш и ќе се крштеваш во Христа, тогаш Духот ќе ти даде дар.

Незнам што ти е крајната цел, но овој текст не ти дава за право да го мешаш покајанието со даровите на Духот.

Конкретно дарот на Духот, овдека може да значи повеќе работи: прво Самиот Дух Свети (Кој ни е ветен од Христа), потоа дарови од Духот Свети како што се: дарот на јазици (како во 33 стих од истата глава), дарови на служба, дарови за исцелување итн..., кои се наброени во друг дел од Библијата.

Евентуално доколку алудираш на кроткоста, воздржливоста, трпение, љубов и слично, како дел од покајанието а под влијание на Духот Свети, ќе ти кажам дека ова се плодовите на Духот Свети кои треба да се гледаат во животот на верниците, но повторно не се дел од првиот чекор, чекорот на покајание.
 
O

Orion.

Гостин
http://www.jw.org/mk/bibliski-uchenja/prashanja/stradanja-bog/
Погледнете ја оваа страница, има многу логични објаснувања за многу прашања.
Напротив, објаснувањето е се` само не логично. Објаснувањето е смешно, апсурдно, неверојатно глупаво!

Праведно од сеправедниот Бог би било гревовите на некој си Адам и Ева да ги сносат само Адам и Ева и никако нивните потомци(сите други луѓе) Спротивно на тоа постои апсурдноста и бесмисленоста.

Бог имплицитно(посредно) не` казнува нас, заради гревот на некој си Адам и Ева. Каква врска има девојчето родено со таа страшна генетска аномалија-прогерија, со гревовите што ги сториле Адам и Ева? Дали јас,ти или болното девојче сме виновни за инцестот сторен да речеме во 11 век од кое родено инцестоидно бебе сме го наследиле лошиот генетски материјал поради тоа што бебето ни бил наш предок?

Апсурдност, апсурдност, АПСУРДНОСТ!!
 
Член од
4 април 2013
Мислења
26
Поени од реакции
6
Од кај да бидам сигурен дека му се обраќам на вистинскиот Бог?...Што ако се каам пред погрешен бог, што фајде имам од таквото покајание?
--- надополнето: 16 април 2013 во 15:49 ---

„Оче наш...„ е молитва во која не се наведени моите гревови...или грешам?
--- надополнето: 16 април 2013 во 15:52 ---

astojcov,

а како да се покајам де, тоа ми е муабетот...Батали библиски цитати, во кои Св. Ап. Петар бара покајание, а не кажува како се врши тоа покајание!
Ааааа сега те сфаќам..е па чинот на покајание е прво ќе одиш во нива, ќе копаш и тогаш.....:). Малку да се нашалиме, другар Мики1, читај малку повеќе другар наместо да ги баталуваш Библиските стихови, па и батали ги, ама барем прочитај што пишав во текстот. Поставувач на неодговорени прашања? Абе да се чуди човек.

Со зборот “покајте се” Петар само го дефинира она што веќе се случува во нивните срца “а кога го чуја тоа ги засегна во срцето”, а тоа е Петар на луѓето околу него им вели да се покајат за делото што го направиле према Исуса (неговото отфрлање). Тоа важи и за нас денеска, кој го отфрламе во нашите животи и живееме за нас.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ааааа сега те сфаќам..е па чинот на покајание е прво ќе одиш во нива, ќе копаш и тогаш.....:). Малку да се нашалиме, другар Мики1, читај малку повеќе другар наместо да ги баталуваш Библиските стихови, па и батали ги, ама барем прочитај што пишав во текстот. Поставувач на неодговорени прашања? Абе да се чуди човек.
astojcov,

од Твоите постови не можам да осознаам ништо повеќе, оти не пишуваш ништо повеќе од она кое е веќе напишано во „...библиските цитати... на кои се повикуваш, така да мене се‘уште не ми е јасно што треба да сторам, за да се покајам...:unsure:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
astojcov,

од Твоите постови не можам да осознаам ништо повеќе, оти не пишуваш ништо повеќе од она кое е веќе напишано во „...библиските цитати... на кои се повикуваш, така да мене се‘уште не ми е јасно што треба да сторам, за да се покајам...:unsure:
Треба да однесеш кило зејтин у црква, да се измиеш со света водичка, да запалиш 2-3 православни свеќи (немој од тие поефтините еретичките што се анатемисани од МПЦ!!!), потоа да оставиш по 10ден на иконите на св. Петка и св. Ѓорѓија, да се прекрстиш 3 пати и да направиш два поклона пред иконата на Богородица, а потоа да идеш кај попот и под неговата мантија да го исповедаш гревот и он, бидејќи нели посредува меѓу тебе и Бог, ќе ти го разврзе гревот и после си слободен.

Ете ваков одговор сака да чуе MIKI1, а не вие тука му зборувате некои апстракции таму дека требал да жали за гревот, да се променел или сл.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Нема начин или пак обиди да се постигне обединување на разните цркви христови бре луѓе?
 
Чорба,

дај ми „...библиски цитат...„ кој вели дека покајанието се врши на начин на кој си го опишал, оти во спротивно, ќе сметам дека лажеш, и тоа дебело...:sneaky:
А ја‘ се‘уште сум у непознаница: како да се покајам, а тоа покајание да е уредено од Светото Писмо...
--- надополнето: 16 април 2013 во 21:31 ---
Нема начин или пак обиди да се постигне обединување на разните цркви христови бре луѓе?
Хепта,
има онолку Цркви, колку што има и Христоси.

Христос Е Еден, една е и Црквата Христова. Чисто човечките обиди за „обединување„ на заеднците кои самите се нарекуваат „цркви„, а кој обид е познат како „екуменизам„, засега се неуспешни, а така и ќе останат, оти Вистината не може да се спои со лагата.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Нема начин или пак обиди да се постигне обединување на разните цркви христови бре луѓе?
Христовата Црква (составена од многу локални црковни заедници и од починатите верници) си е обединета. Од друга страна постојат многу заедници кои што се нарекуваат „цркви“ и кои што се локално обединети, а некои се разединети. Некои ќе се обединат, некои ќе се поделат.
Според некои теолози се предвидува дека кога антихристот ќе дојде тој ќе ги обедини сите лажни цркви и други верски организации и ќе оформи една екуменска религиозна организација која што ќе го обожава него, а ќе ги прогонува вистинските христијани (кои секако дека ќе бидат наречени со погрдни имиња). Антихристот ќе има смислено една лукава систематска лага според која многу луѓе ќе бидат убедени дека тие се у право, дека тие се залагаат за светски мир, толеранција, соживот со сите верници, а дека тврдокорните христијани се еден вид бунтовници кон новиот светски поредок и дека сакаат да го уназадуваат светот, искажувајќи непослушност спрема власта (која што ќе биде антихристички настроена). Заради тоа ќе бидат прогонувани, немајќи го белегот на Ѕверот нема да можат ни да купуваат, ни да продаваат (ќе бидат банирани од тогашниот економски систем), ќе поминуваат низ тешки времиња. Но нема многу долго, бидејќи Бог ќе интервенира.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Според некои теолози се предвидува дека кога антихристос ќе дојде тој ќе ги обедини сите лажни цркви .
...а само Вас ќе Ве поштеди од обединувањето, така?...:sneaky:
--- надополнето: 16 април 2013 во 21:36 ---
а ќе ги прогонува вистинските христијани
...а тоа сте Вие, изворните, оф корс...
--- надополнето: 16 април 2013 во 21:38 ---
Заради тоа ќе бидат прогонувани, немајќи го белегот на Ѕверот .
...а немајќи го и „знакот Господов„...
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Треба да однесеш кило зејтин у црква, да се измиеш со света водичка, да запалиш 2-3 православни свеќи (немој од тие поефтините еретичките што се анатемисани од МПЦ!!!), потоа да оставиш по 10ден на иконите на св. Петка и св. Ѓорѓија, да се прекрстиш 3 пати и да направиш два поклона пред иконата на Богородица, а потоа да идеш кај попот и под неговата мантија да го исповедаш гревот и он, бидејќи нели посредува меѓу тебе и Бог, ќе ти го разврзе гревот и после си слободен.

Ете ваков одговор сака да чуе MIKI1, а не вие тука му зборувате некои апстракции таму дека требал да жали за гревот, да се променел или сл.
Христос кога го исцели слепиот му рече оди дома пофали се што направи Бог за тебе и принеси дарови во синагогата.Ова го имам прочитано во Евангелие според Јован.
Со запалување свеќи и носење зејтин Бог не простува гревови.
Покај се длабоко Испосни се,исповедај се,причести се и моли се така Бог простува гревови.
Со чисто срце и светлина да застанеме пред Бога.
А не некој кој е телесно и духовно слаб мисли дека ќе рече боже прости ми и Бог ќе му ги прости гревовите.некој луѓе,заедници секти и тоа го направиле го измениле цело свето писмо и го направиле според сопствената воња поради нивните духовни слабости и покрај тоа ги заведуваат луѓето. Односно и Бог знае само дали ќе прости и со ова првото.
Сакај верувај сакаш не тоа е вистината и сите ќе застанеме пред Бога за нашите погрешенија.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Христос кога го исцели слепиот му рече оди дома пофали се што направи Бог за тебе и принеси дарови во синагогата.Ова го имам прочитано во Евангелие според Јован.
Не беше слепиот, туку лепрозниот. И не му рече да се пофали дома, туку никому да не каже, да му се покаже на свештеникот и да го принесе дарот што го заповедал Мојсеј. (ев. Матеј 8:2; ев. Марко 1:40; ев. Лука 5:12, Библијата) (батали Премин Портал, читај ја Библијата - таа е Божјото Слово)
Значи дарот за очистување бил заповедан од Мојсеј. Тоа е старозаветна регулатива поврзана со старозаветното левитско свештенство и со старозаветниот храм.
Во новиот завет Христос никаде не ни заповеда да принесеме свеќа, зејтин или било што за Бог да ни ги прости гревовите или пак за да го прифати нашето каење. Во Новиот Завет Исус простува по незаслужена благодат и ние немаме никаков удел (ни 0.1%) во Неговото простување. Ние се каеме и можеби ветуваме дека ќе бидеме подобри, но каењето не го поништува гревот што сме го направиле. Тој може да се поништи со прифаќање на Христовата жртва.

Со запалување свеќи и носење зејтин Бог не простува гревови.
Знам, се сезав погоре, иронично пишував, за да му одговорам на MIKI1, бидејќи така се прави во православието

Покај се длабоко Испосни се,исповедај се,причести се и моли се така Бог простува гревови.
Кој вели дека така Бог простува гревови? Така попот ти кажа? Дали Бог него лично му шепнал дека така простува гревови?
Те прашувам бидејќи ниту Исус, ниту апостолите не кажале дека треба да се испоснуваме и да се причестуваме за да ни ги прости гревовите.
Причеста има сосема друга цел и значење. Читај го Светото Писмо додека е со време, оти после касно ќе биде, ќе се каеш што не си го читал.

Со чисто срце и светлина да застанеме пред Бога.
Христос е Светлината.
„ „Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.”“ (Исус, ев. Јован 8:12, Библијата)

Божјото Слово исто така е Светлината.
„Твоето слово (Боже) е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека.“ (Псалм 119:105, Библијата)

А не некој кој е телесно и духовно слаб мисли дека ќе рече боже прости ми и Бог ќе му ги прости гревовите.некој луѓе,заедници секти и тоа го направиле го измениле цело свето писмо и го направиле според сопствената воња поради нивните духовни слабости и покрај тоа ги заведуваат луѓето. Односно и Бог знае само дали ќе прости и со ова првото.
Сакај верувај сакаш не тоа е вистината и сите ќе застанеме пред Бога за нашите погрешенија.
Така е. Амин за кажаново.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom