MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Од кај да бидам сигурен дека му се обраќам на вистинскиот Бог?...Што ако се каам пред погрешен бог, што фајде имам од таквото покајание?епа покајанието е претпоследен чекор од целиот процес на простување на гревовите. Прво треба спознание, вера во Бог да имаш, да се увериш дека тоа е она вистинското, па тек после покајание, и на крај преобракање на начинот на живот. Долг процес.. али ако сакаш стварно да се отарасиш од гревовите шо ти стојат на врат како што рече и сам, вреди да си стрплив.
--- надополнето: 16 април 2013 во 15:49 ---
„Оче наш...„ е молитва во која не се наведени моите гревови...или грешам?Нема никаква магична молитва,, Оче наш магична е? Само што за да испратш писмо ти треба адреса, а исто и за да се молиш треба да знаеш точно на кој му се молиш
--- надополнето: 16 април 2013 во 15:52 ---
astojcov,Покајанието е интимен момент на отворање на срцето пред Господа, признание дека нашите дела и срца се грешни пред Господа, признание и прифаќање на авторитетот Божји над нашите животи и предавање/насочување на нашите срца и воља кон Бога. Покајанието е одговор на нашата душа како резултат на осведочувањето на Духот Свети во нашите срца и најчесто откако ќе ја примиме јасната порака на Евангелието: како Бог кој е Семоќен, Свет, Праведен, Креатор на се, не сака нас грешниците толку многу, што беше волен да се симне на земјата во телесен облик и да ја земе нашата заслужена казна на Него. Покајанието е првиот чекор на враќање во прегратката на нашиот Небесен Татко.
Да бидам уште малку појасен, покајанието не е:
-дали се каеме за нашите дела. (причините можат да бидат себични и многубројни, а да немаат врска со Господа...)
-дали ќе плачеме откако ќе згрешиме. (можеби од жал за направеното или последиците од истото, што исто така нема врска со Господа...)
-дали сме решиле да постанеме религиозни...(ова е “техничко” покајание, кое немора да значи дека нашите срца искрено сме ги насочиле кон Бог. Не сакам да сум религиозен човек, кој знае се за религијата и адетите, а никогаш да не сум го предал своето срце со вера, на водството на Светиот Дух)
-иницирање желба отсега да се трудиме да правиме само добри работи...(нема потреба овдека ни да спомнувам зошто ова не е покајание J)
Сите горенаведени работи не се покајание, а можат да бидат дел од вистинското покајание.
Еден прекрасна слика за тоа што е покајание, зборуваат следниве стихови од Дела на Апостолите:
37 А кога го чуја тоа, ги засегна во срцето и му рекоа на Петра, и на другите апостоли: „Мажи, браќа, што да правиме?”
38 А Петар им рече: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух.
39 Зашто, ова ветување е за вас, и за вашите деца, и за сите далечни, колку што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.”
а како да се покајам де, тоа ми е муабетот...Батали библиски цитати, во кои Св. Ап. Петар бара покајание, а не кажува како се врши тоа покајание!