Donald Sikert,
ќе ти илустрисам разлика од два начини на верување.
На крајот од секоја литургија, свештеникот држи проповед, со одредена содржина и цел. Бидејќи лично ги знам моите парохиски свештеници, немам проблем со мојата (до)ве(р)ба во нив, оти со нив контактисам лично, личносно и непосредно. Последично, имам доверба и во членовите во Црквата, кои лично не (морам да) ги знам, но имаме иста припадност кон иста заедница и имаме иста вера во ист Бог.
Тоа што малкумина субјекти ја виделе Земјава во облик од топка, тука веќе имаме поинаков облик од (до)ве(р)ба: треба да прифатам и поверувам дека некој субјект, кого лично не го знам, ја видел Земјата во нејзиниот топчест облик, а ја‘, како сциентистички поклоник, по автоматизам треба да прифатам дека Земјава е топка.
Ете ја разликата и ете го проблемот. Јас не докажувам и не побивам дека Земјава е „плоча„ или „топка„; туку докажувам нешто „трето„: дека нема поголеми верници од атеистите...
Кој атеист видел дека Земјата се „врти„ околу Сонцето?
Никој и никогаш!
Кој денешен атеист не верува по напишаново? Или, кој атеист ги знае Коперник или Галилеј лично?
Никој...
Но не е битно, битно е дека науката (која ли е таа?..) така вели и тоа мора да биде вистина оти е, нели ,„...научно докажано...„ дека е „така„!
И немој да се сомневаш во „докажаното„...
Како што атеистот го оправдува своето неверие по начелото „...Кога ќе видам, ќе поверувам...„ така и јас ќе „поверувам„ дека Земјава е топка во моментот кога ќе ја видам и опфатам нејзината заобленост со еден фрлен поглед кон Земјава, а не со поглед фрлен на исконструирани сателитски снимки.