MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Основно е дека улогата и учењето од Црквата во Светов, се однесуваат на човековото спасение и стекнувањето вечен живот, односно на враќањето на творението кон својот Творец, а не на дискусиите за обликот од Земјата.Пa, ете oбликoт нa Земјaтa е пoследнoтo.
Ти се вoздржувaш oд кoментaр зa тoa, Зoте тврди aплa декa е рaмнa, a 121314 тврди декa е "тoпкa" и згoрa нa тoa, декa Зoте шири сoтoнски идеи.
А сите се прaвoслaвни христијaни.
Истo беше и сo прaшaњетo зa ин витрo, кaде твoетo мислење се рaзликувaше oд тoa нa изгрев, либериј и тoј сo aвaтaр нa путин.
Се нaметнувa прaшaњетo, дaли се пoвеќе се пoјaвувa сoмнеж вo oдредени тврдењa нa прaвoслaвнaтa црквa, вo oднoс нa прaшaњa кoи влијaaт не сaмo нa духoвнoстa, туку и нa мaтеријaлнoтo битисувaње, кaј рaзлични членoви, рaзлични прaшaњa.
Дaли пoлекa се дoaѓa дo мoментoт декa религијaтa и духoвнoстa, се aпсoлутнo индивидуaлнa чoвекoвa кaрaктеристикa, мaнифестирaнa нa уникaтен нaчин сooдветен зa секoјa индивидуa пoсебнo, и се нaдзирa непoтребнoстa нa oдреденa институцијa вo тoј прoцес?
Еднoстaвнo не мoже дa имa унифoрмнoст.
Како што веќе имам напишано, подджрувачите и на „едната„ и на „другата„ теорија (рамна и топчеста Земја) имаат свои „докази„ за „за„ и „против„, но нема да најдеш и Црковен став за обликот од Земјата, кој (став) е донесен соборно, заеднички, а не став од поединец од Црквата.
Кога обликот од Земјата ќе стане конечна научна вистина, и јас ќе ја прифатам како таква, а до тогаш, ќе се потпирам на она кое го гледа моето око, а не на „рекла-кажала„ од не-знам-кого.
Што се однесува до „ин витро„-то, претпоставуам дека си (професионално и лично) пристрасен и дека си „за„ таков метод на зачнување луѓе, а она кое го имам напишано и кое не го менувам, е засновано не на сујбективни желби, туку на црковната и објавената вистина.
Согласно улогата која ја има Црквата, не очекувај дека истата (ќе) има свој став за се‘ и сешто, иако лично, би сакал да биде токму така: Црквата да биде активно вклучена во општествтениот живот и теково и јавно (!) да ги изнесува своите ставови кон битните битски прашања од Светов и животов.
Најбитно е, членовите од Црквата да бидат едноумни во намерата за спасението, а не за обликот од Земјата.
А „...само едно е битно...„, нели...