Каде го пишува ова? Искупувањето само со вера е протестантско учење.
Без да чини дела од кој закон, знаеш ли?
Знае ли авторот воопшто дека тој закон што го спомнува е исполнет од страна на Исус Христос? Христијаните не живеат и не се управуваат според Мојсеевиот закон. За Христијаните важат други закони, но очигледно авторот нема поим. Дали воопшто знае зашто на Евреите им бил даден таков закон?
Eве како Апостол Павле ја "oмаловажува" жената во неговите посланија:
Послание до Eфесјаните:
25. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа.
28. И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси.
Прво послание до Koринтјаните:
3. Мажот да ја има спрема жената својата должна љубов, а исто така и жената – спрема мажот.
4. Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената.
Веројатно, според автoрот на текстот, би ја воздигнал кога би напишал:"Maжу, стави ѝ црна вреќа врз глава на својата жена, нека ти биде слуга цел живот и нека ги раѓа ТВОИТЕ синови. Ако ти меси леб, а тебе ти се присака, должна е да го остави месењето за да удоволи на твоите страсти. Не ѝ давај да види сонце и никаде не ја пуштај сама."
Каде се спомнува, а камоли да се оправдува, смртната казна во Павловите посланија или било каде во Новиот Завет?
Oва од Павловите посланија да не е?
Aвторе, клеветнику, Павле учел за јадење месо? Не бладај!
@ZOTE, каде пишува во Новиот Завет дека Исус учел да не се јадат и колат животните? Знаеш ли дека тоа е хиндуистичко учење во кое душата на животните е еднакво вреднувана со душата на човекот?
Прва книга Мојсеева
БОГ вели мноооогу време пред Апостол Павле:
3.
Сè што се движи и живее, ќе ви биде храна; сето тоа ви го дадов, како што ви го дадов зеленото растение.
4. Само да не јадете месо во кое има уште душа, односно крвта негова.