Кога е развивана оваа филозофија за душите пред неколку илјади години,тогаш не се знаело за оние мали микроорганизми кои ги има насекаде и се делат на добри и лоши,истотака некои предизвикуваат и болести,и се нарекуваат бактерии.
Кога е развивавана теоријата на еволуцијата од Ламарк и од Дарвин, нит‘ едниот нит‘ другиот не ја познавале сложената структура од келијата и начинот на нејзино функционирање, оти да ја познавале, на памет не би има паднала идејата за еволуцијата, која (идеја) иако е праисториска, и ден-денес привлекува свои поклоници.
--- надополнето: 9 август 2013 во 22:41 ---
Како прво тие се живи биолошки организми,исто како растенијата,животните и луѓето.И со тоа се повлекува дилемата,дали и тие како сите останати имаат душа?
Не ми е познат црковниот став по ова прашање, но имајќи го на ум начинот на кој битисуваат растенијата и животните, претпоставувам дека истата работа важи и за еднокелиските организми: дека и тие имаат своја душа, во некаков најелементарен облик.
--- надополнето: 9 август 2013 во 22:47 ---
ок мики, ај тоа нека биде на луѓето. но прво и основно, зошто е потребна таквата поделба (за да можеме да идеме пред некој суд)? а и може ли ова што го тврдиш да биде поткрепено со цитат од библијата?
Човекот е сложено битие, составено од нематеријал дел (дуухдуша) и материјален дел (плот/тело). Самочовекот е створен со непосредна Божја интервенција (Битие, 1.26). Така Бог го створи(л) човекот како разумно битие, кое слично на Бога, има разум, чувства, слободна волја, а слично на животните, има и тело.
Сите други битија: растенијата и животните, се створени со Божја заповед кон неживата материја/природа (Битие, 1.11, 1.12).
P.S.:
Само човекот ќе биде подложен на Судот Христов, затоа што само човекот е створен за чинење добри дела, според „подобието„ Божјо, така да секое непочитување на она кое од Бога ни‘ е дадено, повлекува своја последица, а тоа е или наградата или казнатата, кои функционираат дури и во овој отпаднат Свет.
--- надополнето: 9 август 2013 во 23:41 ---
о
да се вратам малку со прашањата, .... околу онаа торбочка со души. ти тврдиш дека бог ги ствера душите за секој посебно, така? а дали ги ствара и за животните?
Секое човеково битие е неповторливо: да, Бог ги твори душите од секој поединец, на Нему познат начин. Првиот човек, како напишав, створен е со непосредно Божјо делување.
Кај животните и кај растенијата, душите се створени интегрално со нивните тела. Животните и растенијата не се створени како човекот, туку се сворени со Божја заповед, посредно.