Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
MIKI1
за животните беше прашањето дали се тие живи? дали за да бидеш жив ти треба душа?
Одговорот веќе го имаш во мојот болтуван текст: да, животните и растенијата се живи, со тоа што нивните души се „врзани„ неодвоиво за нивните тела па смртта од животното или од растението преставува конечен крај и за нивните души и за нивните тела.

Кај човекот, душата е „одвоива„ и неврзана за плотта па после смртта, се одвојува од распадливото тело.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Одговорот веќе го имаш во мојот болтуван текст: да, животните и растенијата се живи, со тоа што нивните души се „врзани„ неодвоиво за нивните тела па смртта од животното или од растението преставува конечен крај и за нивните души и за нивните тела.

Кај човекот, душата е „одвоива„ и неврзана за плотта па после смртта, се одвојува од распадливото тело.
18 Си реков во срцето свое и за синовите човечки - дека Бог ќе ги испита, и Ќе им покаже оти тие сами по себе се животни,

19 зашто се што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто - се е суета!

20 Се оди на едно место: се произлегува од земјата, и се ќе се врати во земјата.

21 Кој знае: дали духот на синовите човечки се качува горе, а духот на животните слегува долу, во земјата?

Проповедник 3
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ахххх, ме зезна, у протестантски манир..

А пази го сега ова:

„...И како што име на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа-суд...„
(Евреите, 9.27).

Или:

„...и знам дека тој човек, со тело ли, или без тело-не знам, Бог, знае...„
„..беше грабнат и однесен во Рајот и дека чул неисклажливи зборови, кои човек не смее да ги каже...„ (Коринтјаните, 11.3, 11.4).
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601

ок мики, ај тоа нека биде на луѓето. но прво и основно, зошто е потребна таквата поделба (за да можеме да идеме пред некој суд)? а и може ли ова што го тврдиш да биде поткрепено со цитат од библијата?
да се вратам малку со прашањата, .... околу онаа торбочка со души. ти тврдиш дека бог ги ствера душите за секој посебно, така? а дали ги ствара и за животните?
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Одговорот веќе го имаш во мојот болтуван текст: да, животните и растенијата се живи, со тоа што нивните души се „врзани„ неодвоиво за нивните тела па смртта од животното или од растението преставува конечен крај и за нивните души и за нивните тела.

Кај човекот, душата е „одвоива„ и неврзана за плотта па после смртта, се одвојува од распадливото тело.
Кога е развивана оваа филозофија за душите пред неколку илјади години,тогаш не се знаело за оние мали микроорганизми кои ги има насекаде и се делат на добри и лоши,истотака некои предизвикуваат и болести,и се нарекуваат бактерии.Како прво тие се живи биолошки организми,исто како растенијата,животните и луѓето.И со тоа се повлекува дилемата,дали и тие како сите останати имаат душа?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кога е развивана оваа филозофија за душите пред неколку илјади години,тогаш не се знаело за оние мали микроорганизми кои ги има насекаде и се делат на добри и лоши,истотака некои предизвикуваат и болести,и се нарекуваат бактерии.
Кога е развивавана теоријата на еволуцијата од Ламарк и од Дарвин, нит‘ едниот нит‘ другиот не ја познавале сложената структура од келијата и начинот на нејзино функционирање, оти да ја познавале, на памет не би има паднала идејата за еволуцијата, која (идеја) иако е праисториска, и ден-денес привлекува свои поклоници.
--- надополнето: 9 август 2013 во 22:41 ---
Како прво тие се живи биолошки организми,исто како растенијата,животните и луѓето.И со тоа се повлекува дилемата,дали и тие како сите останати имаат душа?
Не ми е познат црковниот став по ова прашање, но имајќи го на ум начинот на кој битисуваат растенијата и животните, претпоставувам дека истата работа важи и за еднокелиските организми: дека и тие имаат своја душа, во некаков најелементарен облик.
--- надополнето: 9 август 2013 во 22:47 ---
ок мики, ај тоа нека биде на луѓето. но прво и основно, зошто е потребна таквата поделба (за да можеме да идеме пред некој суд)? а и може ли ова што го тврдиш да биде поткрепено со цитат од библијата?
Човекот е сложено битие, составено од нематеријал дел (дуухдуша) и материјален дел (плот/тело). Самочовекот е створен со непосредна Божја интервенција (Битие, 1.26). Така Бог го створи(л) човекот како разумно битие, кое слично на Бога, има разум, чувства, слободна волја, а слично на животните, има и тело.

Сите други битија: растенијата и животните, се створени со Божја заповед кон неживата материја/природа (Битие, 1.11, 1.12).

P.S.:
Само човекот ќе биде подложен на Судот Христов, затоа што само човекот е створен за чинење добри дела, според „подобието„ Божјо, така да секое непочитување на она кое од Бога ни‘ е дадено, повлекува своја последица, а тоа е или наградата или казнатата, кои функционираат дури и во овој отпаднат Свет.
--- надополнето: 9 август 2013 во 23:41 ---
о
да се вратам малку со прашањата, .... околу онаа торбочка со души. ти тврдиш дека бог ги ствера душите за секој посебно, така? а дали ги ствара и за животните?
Секое човеково битие е неповторливо: да, Бог ги твори душите од секој поединец, на Нему познат начин. Првиот човек, како напишав, створен е со непосредно Божјо делување.

Кај животните и кај растенијата, душите се створени интегрално со нивните тела. Животните и растенијата не се створени како човекот, туку се сворени со Божја заповед, посредно.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
прашањето е дали бог ги ствара душите на животните? кога ќе стане скотна некое животно, дали бог му дава душа на плодот, тоа е прашањето
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
прашањето е дали бог ги ствара душите на животните? кога ќе стане скотна некое животно, дали бог му дава душа на плодот, тоа е прашањето

Да, животните добиваат душа од Духот Животодател, само посредно, преку своите тела, наследно, преку почетната креација на животинските родови. Човекот ја добива душата од Бога независно од зачнувањето на телото, но истовремено со зачнувањето. Душата „доаѓа„ од духовниот Свет (од Бога) а телото од материјалниов Свет.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Да, животните добиваат душа од Духот Животодател, само посредно, преку своите тела, наследно, преку почетната креација на животинските родови. Човекот ја добива душата од Бога независно од зачнувањето на телото, но истовремено со зачнувањето. Душата „доаѓа„ од духовниот Свет (од Бога) а телото од материјалниов Свет.
да резимираме, ти велиш: духот го дава бог, без разлика дали е за човек или животно. потоа, кога ќе умре животното, и душата умира со него. а кога ќе умре човек, душата не умира, него се сели кај бога? добро е за сега? или некои се селат и кај ѓаволот?
ако е добро, ...... што прави душата кај бог? ....... седи? ужива? јаде грозје ко нерон? или поправа по дома? водовод, струја, бушони.....? вози кола? што прави?
или ...... по проценки на црквата, колку души има кај господ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
да резимираме, ти велиш: духот го дава бог, без разлика дали е за човек или животно. потоа, кога ќе умре животното, и душата умира со него. а кога ќе умре човек, душата не умира,
До овде, е точно...
--- надополнето: 10 август 2013 во 00:57 ---
а кога ќе умре човек, душата не умира, него се сели кај бога? добро е за сега? или некои се селат и кај ѓаволот?
Нит‘ кај Бога, нит‘ кај ѓаоло, туку душата прво „оди„ во духовниот Свет, во т.н. поднебесие, каде на секоја душа и‘ следи поединечен суд после кој (суд) следи привремено одредиште: или во Рајот (крај Бога) или во пеколот (кај лукавиот), зависно од верата и од делата од таа душа човекова.
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Ахххх, ме зезна, у протестантски манир..

А пази го сега ова:

„...И како што име на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа-суд...„
(Евреите, 9.27).

Или:

„...и знам дека тој човек, со тело ли, или без тело-не знам, Бог, знае...„
„..беше грабнат и однесен во Рајот и дека чул неисклажливи зборови, кои човек не смее да ги каже...„ (Коринтјаните, 11.3, 11.4).
Вториов цитат што си го навел ниту во првото послание до Коринтјаните го најдов ниту во второто?!?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
.... што прави душата кај бог??
Се радува и се весели непрекидно, ради близината од душата до својот Творец. Ја прима благодатта Божја и бесконечните Христови знаења.
--- надополнето: 10 август 2013 во 01:00 ---
или поправа по дома? водовод, струја, бушони.....? вози кола? што прави?
Да, прави преинсталација на „Вин 7„....:pos:
--- надополнето: 10 август 2013 во 01:01 ---
..... по проценки на црквата, колку души има кај господ?
Сам Бог си знае колкумина од упокоените Му биле по волјата...Во својот календар, Црквата изобилува со Светии и нивните празници.
--- надополнето: 10 август 2013 во 01:01 ---
Вториов цитат што си го навел ниту во првото послание до Коринтјаните го најдов ниту во второто?!?
Сега ќе проверам...
--- надополнето: 10 август 2013 во 01:04 ---
Вториов цитат што си го навел ниту во првото послание до Коринтјаните го најдов ниту во второто?!?
Пардон: не е 11-та, туку 12-та глава, моја грешка...Второ послание до коринтјаните.
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
ОК, прифатена е исправката :)

Прашање: Да не згрешеја Адам и Ева и да останеа во Еденската градина ќе им беше достапно дрвото на животот и ќе беа бесмртни (?). Нивната душа поради тоа никогаш немаше да ја има можноста да биде одвоена од телото и да биде во духовниот свет (на небесата кај Бог)?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
До овде, е точно...
--- надополнето: 10 август 2013 во 00:57 ---

Нит‘ кај Бога, нит‘ кај ѓаоло, туку душата прво „оди„ во духовниот Свет, во т.н. поднебесие, каде на секоја душа и‘ следи поединечен суд после кој (суд) следи привремено одредиште: или во Рајот (крај Бога) или во пеколот (кај лукавиот), зависно од верата и од делата од таа душа човекова.
значи кај горниот е пуста пустелија, пошто повеќето се НЕверници, па си отишле кај ѓаОло. :pos:
ај вака, .... спомна дух, душа и тело. ај кажи ми ја разликата помеѓу дух и душа?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
ОК, прифатена е исправката :)

Прашање: Да не згрешеја Адам и Ева и да останеа во Еденската градина ќе им беше достапно дрвото на животот и ќе беа бесмртни (?).
Адам и Ева беа само условно створени како бесмртни: под услов да останеа послушни на Бога. И двјацата ќе можеа да јадат од дрвото на познанието за доброто и злото, но само во моментот кога би биле и духовно дораснати и подготвени за примање и на таквиот плод, т.е. знаење за тоа што е добро а што зло.

Преку дрвото на животот, Адам и Ева, веќе Го примале самиот Бог, т.е. благодатнана енергија Божја.
--- надополнето: 10 август 2013 во 01:50 ---
Нивната душа поради тоа никогаш немаше да ја има можноста да биде одвоена од телото и да биде во духовниот свет (на небесата кај Бог)?
Да, Адма и Ева би останале „компактни„ битија, онака како што и беа створени: едновремено од душа и од тело, без точна граница за подвојување на душата од телото.
--- надополнето: 10 август 2013 во 01:55 ---
значи кај горниот е пуста пустелија, пошто повеќето се НЕверници, па си отишле кај ѓаОло. :pos:
Кај Бога се само оние кои се достојни за таа чест: да бидат блиску до својот Творец.
--- надополнето: 10 август 2013 во 02:00 ---
ај вака, .... спомна дух, душа и тело. ај кажи ми ја разликата помеѓу дух и душа?
- духот е повозвишениот дел од душата , т.е. душата е понискиот дел од духот-сеедно.
-духот има разум и слободна волја и токму духот е внатрешниот мотиватор за нашето надворешно/видливо/телесно делување. Со духот, човекот тежнее кон небесните нешта, какви што се: Бог, бесконечноста, Рајот...
- душата човекова чувствува и преку сетилата, не‘ прави блиски до створениов Свет. Душата е „спона„ меѓу духот и човековото тело и токму душата ги доживува убавините од овој Свет. Душата ја сака естетиката и знаењата од створениов Свет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom