MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
- „отворањето на очите„ значи дека првите луѓе го увиделе својот грев. Очите им биле отворени и пред да згрешат.Чудна е приказнава со забранетото дрво на спознанието на доброто и лошото. Во текстот пишува дека одкако каснале од плодот им се отвориле очите и виделе дека се голи, а подоцна кога Бог ги прашал дали јаделе од забранетото овошје Ева ја кажала вистината дека змијата ја измамила а Адам го обвинил Бог со зборовите: жената што ТИ ми ја даде ме натера! И каков ефект имал забранетиот плод? Какво спознание откриле Адам и Ева?
- тоа што виделе дека се голи (а биле голи и пред да згрешат) значи дека првите луѓе биле останале соголени/посрамени пред својот Творец, т.е. немале каде да „бегаат„ од погледот Божји.
- Ева не ја признала својата грешка, туку наместо тоа, ја окривила змијата за грешката која самата ја сторила, а не змијата.
- Адам, наместо да ја признае својата грешка пред Бога, ја прави истата Евина грешка: прво Го обвинува Бога за дадената жена, а после ја обвинува и Ева.
- со вкусувањето од забранетото овошје, Адам и Ева посакаа да станат (како) богови пред да бидат дораснати за такво нешто, односно со вкусувањето, Адам и Ева стекнале способност да разликуваат што е добро а што е зло.