Прв болд. Зошто Бог го создал лукавиот? Ако е совршен зошто непредвидел таква можност?
Втор болд. Какво фајде има предупредување, кога на Адам и Ева им било забрането сознанието за добро и зло? Ако не распознаваш добро и зло, како ќе знаеш дека некоја одлука е исправна или погрешна?
1. Бог не го создал лукавиот како лукав ангел, туку како херувим. Тоа што херувимот Деница отпаднал од светлината Божја, тоа е последица од неговиот избор и одлука, оти и ангелите се слободно волни. Слично се случи и со Адама, кој отпадна од Бога по свој избор. Бог, секако дека знаел оти и Деница и Адам ќе Му „побегнат од контрола„, но не ги принудил да Го послушаат.
2. Предупредувањето им е дадено за да не можат да се оправдуваат дека, ете, згрешиле, ама никој не им кажал дека ќе имат последици од нивната одлука. Тоа што на Адама и Ева им било забрането вкусување на плод од дрвото на познанието на доброто и злотото е само половина од прикаската, оти другата пловина вели дека на Адама и Ева им било (од Бога) одредено/допуштено вкусување на плод од сите други дрвја. Така, првите луѓе имале избор и слобно волно можеле да одлучат што ќе одберат, без Бог да ги „притиска„ во тој нивен избор, а имале и навремено дадено предупредување за последиците од изборот.
Едно е јасно: Адам битисувал во благодатната енергија Божја, која ја примал преку вкусувањето на плодовите од незабранетите дрвја и Адам точно знаел што е тоа „добро„ од свое лично искуство, иако немал искуство за тоа што е и како изгледа „злото„, но го имал предупредувањето Божјо.
Божјата промисла одредила дека Адам и Ева, во даден момент, согпасно нивниот духовен раст, штом бидат подготвени и доволно дораснати, ќе дознаат и за разликата меѓу доброто и злото, но Ева нема трпение да порасне, па сака пред време (пред да биде доволно порасната) да знае што е „добро„ а што „зло„, слушајќи ги демонските сугестии, а неслушајќи го предупредувањето Божјо.