Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас уште неможам да разберам на што си ја темелиш верата...
Не е проблем што не можеш, еве го одговорот: верата ја темелам на природната потреба од религиозност, со искажана доверба кон од Бога откриената вистината, преку Црквата.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 08:45 ---
... Јас мојата ја темелам на библијата и се држам според тоа што го пишува тамо, за разлика од тебе.
Да, ја темелиш на Библијата, која е само мал дел од вкупно црковно учење-катихизис, така да јасно е дека намерно и свесно се ограничуваш себе си, прифаќајќи човечка измислица, позната како „сола скриптура„, а не она кое Бог го објави(л) преку Црквата.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 08:50 ---
. А од кај знаеш ти дали јас го практикувам тоа што го знам?
Се работи за едноставно искуствено сознание.

Имено, кога тазе-протестант ќе стане тазе-член на форумов, првото што го чини, тоа е истурањето на сите свои телесни нечистотии врз Црквата, иако тоа од него не е побарано. Второто што го чини, тоа е бесконечното криење зад „авторитетот„ од Светото Писмо, во стилот: „..така е, оти така пишува во Библијата...„ а од исполнувањето на напишаното нема ни трага ни глас...

И конечно, следи произволното објаснување на библиските записи, кои „као„ треба да асоцираат на исполнување на напишаното, по приципот „...јас сум сам за себе црква...„.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 08:56 ---
... ако сакам ќе најдам жаба, ќе ја испечам и ќе ја јадам... или змија или кучи или што и да е. Тоа дали е вкусно за јадење е друг проблем.
Не е никаков проблем: Бог допушта, нели, оти „...така пишува во Библијата...„.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 08:58 ---
Не за џабе се јаде свинско, пилешко, телешко итн... тоа месо го јадам со сласт дека ми е вкусно.
...а не е битно што Бог допушта се‘ да користиме за јадење, а Ти се фаќаш само за онаа храна која кај нас е традиционално застапена...
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
Да, ја темелиш на Библијата, која е само мал дел од вкупно црковно учење-катихизис, така да јасно е дека намерно и свесно се ограничуваш себе си, прифаќајќи човечка измислица, позната како „сола скриптура„, а не она кое Бог го објави(л) преку Црквата.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 08:50 ---


Се работи за едноставно искуствено сознание.

Имено, кога тазе-протестант ќе стане тазе-член на форумов, првото што го чини, тоа е истурањето на сите свои телесни нечистотии врз Црквата, иако тоа од него не е побарано. Второто што го чини, тоа е бесконечното криење зад „авторитетот„ од Светото Писмо, во стилот: „..така е, оти така пишува во Библијата...„ а од исполнувањето на напишаното нема ни трага ни глас...

И конечно, следи произволното објаснување на библиските записи, кои „као„ треба да асоцираат на исполнување на напишаното, по приципот „...јас сум сам за себе црква...„.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 08:56 ---


Не е никаков проблем: Бог допушта, нели, оти „...така пишува во Библијата...„.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 08:58 ---


...а не е битно што Бог допушта се‘ да користиме за јадење, а Ти се фаќаш само за онаа храна која кај нас е традиционално застапена...
Абе што ме масираш од сабајле... да се немало осет за време :P
Првиот болд: Зошто упорно тврдиш дека Бог објавил нешто дополнително, и тоа само преку црквата - твојата црква ?? Единствениот дар за човештвото од Бог е Библијата во која е запишано се’ што е потребно за спасение.
Вториот болд: Ти очигледно не гледаш детали. Ако ме сметаш за тазе член, од 2008 (y) И не се истурам врз црквата без тоа да е побарано од мене... со секој свој нареден пост ти се посилно ме молиш да те демантирам. И јас не се кријам зад библијата туку ја користам за да го поткрепам она што го зборувам.. она што сум го научил од неа. Ама ти нема никогаш да знаеш како е тоа.. кога ја немаш прочитано библијата.
Кога некој со некој стих ти укаже на нешто со што ја продобива расправата, ти одма почнуваш да тврдиш дека се потпира наивно само на библијата и произволно ги толкува цитатите. Јас не кажувам никакво субјективно објаснување за кој било цитат. И’ дозволувам на самата библија да се толкува... и успева да ти кажам.
И последново со животните... што си се фатил и што ме замараш со тоа што јадам јас бе... има некој у африка и жаби и змии јадат, има некој у кина јадат некои животни што ја не ни знам дека постојат. ДАЈ НЕ ЗАМАРАЈ ВЕЌЕ.:facepalm:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Единствениот дар за човештвото од Бог е Библијата во која е запишано се’ што е потребно за спасение.
.
Тоа е само Твој, чисто човечки став, па пошто е Твој, мора и да е вистинит....
Мој став е дека покрај Писмото, има и други запсиси, кои се пообемни од самата Библија.
Во што си повеќе во право од мене?
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 11:57 ---
... со секој свој нареден пост ти се посилно ме молиш да те демантирам.
Не си ласкај: молтиви упатувам до Севишниот и до Светиите. Целата Црква не познава молитви кон смртници.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 11:58 ---
. И јас не се кријам зад библијата туку ја користам за да го поткрепам она што го зборувам.. она што сум го научил од неа.
Да научиш нешто од Библијата и да го живееш наученото, се две различни нешта.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 12:00 ---
Јас не кажувам никакво субјективно објаснување за кој било цитат.
.
Кога субјект ја чита Библијата, значи дека субјект и ја објаснува.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Тоа е само Твој, чисто човечки став, па пошто е Твој, мора и да е вистинит....
Мој став е дека покрај Писмото, има и други запсиси, кои се пообемни од самата Библија.
Во што си повеќе во право од мене?
А пишува некаде во Библијата дека треба да консултираш и други книги, пообемни од неа?

Само прашувам.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И’ дозволувам на самата библија да се толкува... и успева да ти кажам./quote]
Да, им успева и на „адвентистите„: тие посебно ја љубат максимата според која „...Библијата се толкува сама себе...„
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 12:03 ---
И последново со животните... што си се фатил и што ме замараш со тоа што јадам јас бе... има некој у африка и жаби и змии јадат, има некој у кина јадат некои животни што ја не ни знам дека постојат. :facepalm:
У Африка и у Азија, сигурно не се водат според Божјото допуштање од Библијата.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 12:03 ---
ДАЈ НЕ ЗАМАРАЈ ВЕЌЕ.:facepalm:
О.К.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 12:06 ---
А пишува некаде во Библијата дека треба да консултираш и други книги, пообемни од неа?
.
А пишува ли во Библијата дека треба да ја консултираш само Библијата?
И јас чисто „онака„, само прашувам...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
А пишува ли во Библијата дека треба да ја консултираш само Библијата?
И јас чисто „онака„, само прашувам...
Муабетот ми е дека ти нон стоп кажуваш дека не вреди да се обрнува внимание за човечките мудрувања. Јас колку што знам во рисјанството, само Библијата е Божја објава, сите други книги се човечки мудрувања.

Сам си скокаш в уста, после Цацко ти е крив.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас колку што знам во рисјанството, само Библијата е Божја објава, сите други книги се човечки мудрувања.
Тоа е само Твое знаење...
Истото го велат и верните од „другата„ заедница за нивната света книга.

Не е можно да постојат две паралелни вистини.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Тоа е само Твое знаење...
Истото го велат и верните од „другата„ заедница за нивната света книга.

Не е можно да постојат две паралелни вистини.
Не бе Мики, чекај. Нели велиш дека не треба да се обрнува внимание на човечките мудрувања. Само мене ми го имаш едно 5-6 пати тоа речено. Единственото во рисјанството кое е Божја објава е Библијата. Сите други книги се човечки мудрувања. Тогаш, зошто се консултираш со човечки мудрувања, кога ја имаш Библијата?

Многу збунет делуваш понекогаш... :confused:
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
MIKI1
1. Дали црквата има ажурна и валидна евиденција за случаите кои ги излечила, а истите не биле излечени од медицината?

2. Дали се способни на пример ист таков случај повторно да излечат, согласно искуството од претходните?

3. Дали црквата има зачувана евиденција за некакви си лековити билки и чаеви од нив, кои помагаат во секојдневието?

п.с Ќе те замолам -не ми го цепкај постот :P туку одговори во еден пост.
Третото прашање е мошне корисно за луѓе кои се при крај со проект за заборавени лекарства и чаеви од природата, да ги направат достапни за сите.
Значи твојот одговор повеќе би бил во насока да било кој прочита, осознае дека таквите искуства од црквата и од многу други поединци полека ќе се згрижат во една установа и ќе бидат достапни за широкит енародни маси.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Чорбаџија исто и ти ако имаш соодветни информации, би можел да ги соопштиш.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нели велиш дека не треба да се обрнува внимание на човечките мудрувања.
Да, не треба да се обрнува внимание на човечките мудрувања, кои се производ од човековиот огревовен ум, кој сака, онака огревовен, да Го достигне и осознае Бога.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 13:32 ---
Единственото во рисјанството кое е Божја објава е Библијата.
Библијата е напишана и оформена од Црквата, не е од Бога напишана и не е од небото фрлена на Земјава.
Пред да биде оформена Библијата, постоеја усмени и писмени записи (писма/посланија) и преданија , преку кои комуницираа Апостолите и Црквите.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 13:34 ---
Многу збунет делуваш понекогаш... :confused:
Не, Ти си ми збунет, оти очекуваш дека од неколку прочитани постови на форумов, ќе го дознаеш целото учење од Црквата.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 13:44 ---
MIKI1
1. Дали црквата има ажурна и валидна евиденција за случаите кои ги излечила, а истите не биле излечени од медицината?

2. Дали се способни на пример ист таков случај повторно да излечат, согласно искуството од претходните?

3. Дали црквата има зачувана евиденција за некакви си лековити билки и чаеви од нив, кои помагаат во секојдневието?

п.с Ќе те замолам -не ми го цепкај постот :P туку одговори во еден пост.
Третото прашање е мошне корисно за луѓе кои се при крај со проект за заборавени лекарства и чаеви од природата, да ги направат достапни за сите.
Значи твојот одговор повеќе би бил во насока да било кој прочита, осознае дека таквите искуства од црквата и од многу други поединци полека ќе се згрижат во една установа и ќе бидат достапни за широкит енародни маси.
1. Зависи што подразбираш по „ажурна и валидна евиденција„. Записи од такви искуства постојат, не знам колку се „ажурни„ според Твоите мерила.

На мојата прва посета од бигорскиот манастир, монахот-домаќин, ни‘ ја покажа чудотворната и најстара икона во МК, од 1020 г., со ликот од Јована Крстителот, и монахот ни‘ посочи дека е сведок на нејзината чудотворна моќ, како што е случајот со немањето пород во подолг период, а после молитвите од монасите од манастирот, а по милоста Божја, си доаѓа и породот.
Можам да го наведам и случајот со романскиот мохан Клеопа, упокоен 1998 г., кој бил исцелен/излечен од туберкулоза.
Бигорскиот манастир, .т.е монасите, тековно третираат лица зависници од дрога.

2. Кој има јака вера, јака молитва и живее побожно, може да го повтори чудото.
3. Има. Постојат записи за тие природни лекарства, кои се користат по манастирите.

Ете, не го „сецкав„ постот....:P
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Не можам со овај аргумент да убијам животно , ама сепак јадам месо .:(
(Си се замислувам како можев јас да бидам то животно и некој да ме заколи )
Жал ми е за сите , а и за животните .....и нека му прости госпо на тие шо убива животни за ние да ги јадиме .....:тое

Дали животните се свесни за својата состојба и прават различни гнасотии па да се споредуваат со луѓето.односно луѓето постануваат како животните.

Бог дозволува јадење на месо:Нека ви се плашат и треперат сите живи суштества!
Човекот е создаден според налик на Бог и човекот владее над сите живи суштества на земјата.
За Жаби се јадат жабјите батаци и се многу вкусни,Змии јаде војската па никој не умрел од тоа.
Некој од светиите во своите бденија и живеалишта по пештери се хранеле со скакулци!
Можеш да јадеш месо освен во Среда и Петок и во редовните пости.
Ако веруваш во реинкернација значи веруваш дека нешто постои дух кој се преобразува .
Можеш да бидеш спокоен зошто животот е само почеток а смртта е реинкарнирање во вечноста единствено што добиваме по смртта е рај или пекол зависи само од тебе каде.
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
А оти баш во среда и петок се пости ?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Да, не треба да се обрнува внимание на човечките мудрувања, кои се производ од човековиот огревовен ум, кој сака, онака огревовен, да Го достигне и осознае Бога.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 13:32 ---


Библијата е напишана и оформена од Црквата, не е од Бога напишана и не е од небото фрлена на Земјава.
Пред да биде оформена Библијата, постоеја усмени и писмени записи (писма/посланија) и преданија , преку кои комуницираа Апостолите и Црквите.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 13:34 ---


Не, Ти си ми збунет, оти очекуваш дека од неколку прочитани постови на форумов, ќе го дознаеш целото учење од Црквата.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 13:44 ---
Ах бе Мики, многу си забавен кога ќе почнеш да се вадиш со ефтини софизми. И што велиш, Библијата не ја напишал Бог лично, туку луѓе ја составувале? Јас да ти мислев дека Бог ги засукал ракавите и во Word ја накуцал во саат време.

Мене ми е совршено јасно дека Библијата е купишта глупости во која различни луѓе допишувале како ќе стигнеле, се отфрлале или додавале евагелија, се менувале делови. Калакурница.

Поентата не е во тоа. Поентата е дека во рисјанството Библијата се зема како единствена книга која го кажува Божјиот збор. А ти тука тврдиш дека треба да се читаат и некој други книги. Дали тие книги ја имаат тежината на Библијата, и зарем не се тие книги човечко мудрување, бидејќи по дифолт не се Божјиот збор?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А оти баш во среда и петок се пости ?
Во пооглемиот дел од годината, во среда и петок се држи строг пост, затоа што во средата, Велика Среда, Јуда го продаде Христа Бога за 30 сребреници, колку што просечно вредел еден тогашен роб, а во петок постиме затоа што во петок, Велики Петок, Христос беше распнат од грешните луѓе, а за нивните гревови.

Така, постот во среда и во петок е пост кој не‘ потсетува на тие два настани.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 15:12 ---
И што велиш, Библијата не ја напишал Бог лично, туку луѓе ја составувале?
Не знам...
Ти, што велиш?
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 15:14 ---
Поентата не е во тоа. Поентата е дека во рисјанството Библијата се зема како единствена книга која го кажува Божјиот збор.
Рисјанството стана преширок поим, така да секој кој го допрел или прочитал Светото Писмо, може да си помисли дека нема ништо друго, освен Писмото.
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
А што ако не постиш , и ако си клајш белешка со икона од Исус Христос на фрижидер и на белешката да ти пишува среда и петок ?

И така се потсетуваш , мора со пост да се потсетуваш ?
И што ако се заборави посто и се касни мрсно ?

И оти освен месо и јајца , не смеј да се јади и масло и млеко и млечни производи ?
:unsure:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom