Здраво, ај ако може некој ИТНО да ми одговори на прашањево.
Дипломирав на ПИТ 2010, октомври месец, од 1 декември истата година, имаше оглас за привремено вработување во основно училиште каде што ме примија, и ми дадоа услов во следната сесија, т.е. до 1 март 2011 да ги положам трите испита за наставнички компетенции.
Во декември 2011 направив една година стаж, но бидејќи нема сесија тогаш за приправнички испит, чекав до март оваа година, кога од Министерството за образование ми ги вратија документите со образложение дека не сум компетентна да предавам.
Сега не ми е јасно, од кога важи ова!?
Ми дадоа норматив за со какво образование може да се предава во основно, мојот факултет го нема, но тој норматив важи од 1 март 2012.
Ве молам доколку некој знае нешто за ова, веднаш да ми врати, бидејќи веќе очајно тропам по сите врати и сите креваат рамења..никој ништо не знаел.