Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
L

Liberation

Гостин
1. Зошто господ го условил спознавањето на доброто од злото -со смрт?
Битие 2,
16 Господ, Бог, му заповеда на човекот, велејќи: „Јади слободно од секое дрво во градината,
17 но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога јадеш од него, навистина ќе умреш!”
2. Колку време живееле Адам и Ева во Еден пред да бидат протерани?
Ако таму немале деца, зошто бог пред протерување вели “умножам“?
Битие 3,
16 А на жената и рече: „Ќе ти ги умножам многу маките на твојата бременост, во маки ќе ги раѓаш децата.”
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
23
1. BOG im dal na Adam i Eva samo edna zabrana - a toa e " da ne jadat od drvoto na poznavanjeto na dobroto i zloto ".

Sto znacelo toa? Toa znacelo deka Adam i Eva , kako i site drugi sustestva zavisele od BOG i za da ima red vo Univerzumot mora da se pokoruvaat na Bozjite zakoni . Tie, kako sovrseni lugje ne bile naivni i tocno znaele sto pravat koga ja prekrsile edinstvenata zabrana od BOG i sto kje bide kaznata- smrt.

No, zavedeni od Satana Gjavolot, tie pomislile deka BOG gi ogranicuva vo nesto i deka gi laze i mu poveruvale na Satana deka nema da umrat i deka kje stanat bogovi. No, za zal, gledame kako se zavrsi nivnata prikazna i sto im donese toa na nivnite potomci lugjeto na Zemjata: stradanja, starost, bolest, smrt...

2. Vo Svetoto Pismo ne e dadeno kolku vreme Adam i Eva bile vo Rajot, mozeme samo da pretpostavuvame .

A sto se odnesuva do stihot koj go citiras od Bitie 3 poglavje, toa vekje se slucuva koga Adam i Eva ja prekrsile zabranata i bile isterani od Rajot.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Tie, kako sovrseni lugje ne bile naivni i tocno znaele sto pravat koga ja prekrsile edinstvenata zabrana od BOG i sto kje bide kaznata- smrt.
Ако неразликувале исправно од неисправно, како можеле точно да знаат што прават?
 
L

Liberation

Гостин
1. Toa znacelo deka Adam i Eva , kako i site drugi sustestva zavisele od BOG i za da ima red vo Univerzumot mora da se pokoruvaat na Bozjite zakoni . Tie, kako sovrseni lugje ne bile naivni i tocno znaele sto pravat koga ja prekrsile edinstvenata zabrana od BOG i sto kje bide kaznata- smrt.
Значи, бог создава маж и жена кои не разликуваат добро од зло. У градинчето си засадува забрането дрвце. На овие двајцата табули раси, им вика немој да џвакате од јаболчињава пошто че пцоисате.

Ако Адамчо и жената си не знаеле дали смртта е добра или не, како можел господ да биде толку наивен да не помисли дека таа злобната змиичка која ОН ја создал, може да ги прелаже?

Да не е госпо злонамерен?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
и каков одговор очекуваш Liberation
дај немојте со иронија и потсмев на темава .. 100пати се имам повторено ..
има стотици други теми на кои може да се прави таков муабет ...
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Prvo, pozdrav do tebe El kevser. :smir:

Eve kade pisuva vo Biblijata kako Apostolite go resile prasanjeto za obrezuvanjeto i za koi raboti treba da se drzat Hristijanite.

Izvestajot e od knigata na Dela na Apostolite , poglavje 15 , stihovi od 22 do 30. Prasanjeto bilo dali lugjeto od narodite , koi ne se Evrei a poveruvale vo Hrista treba da se obrezuvaat ili ne, kako i dali da go drzat Zakonot daden na Mojsej i spored evrejskite tradicii.

22 Тогаш апостолите и старешините, заедно со целата црква, најдоа за сходно да изберат меѓу себе луѓе и да ги испратат со Павле и Барнаба во Антиох: Јуда, наречен Барсаба, и Сила, видни луѓе меѓу браќата,
23 и по нив го испратија ова писмо: “Апостолите и старешините, вашите браќа, ги поздравуваат браќата од нееврејските народи во Антиох, Сирија и Киликија!
24 Бидејќи чувме дека некои од нас, на кои ништо не им заповедавме, ве збуниле со зборови и ги вознемириле вашите души,
25 еднодушно најдовме за сходно да избереме мажи и да ги пратиме кај вас со нашите возљубени Павле и Барнаба,
26 луѓе, кои ги предадоа своите души за нашиот Господ Исус Христос.
27 И така, ви ги испраќаме Јуда и Сила, кои лично ќе ви го соопштат истово.
28 Имено, Светиот Дух и ние решивме да не ставаме врз вас никакво друго бреме, освен овие неопходни работи:
29 да се воздржувате од нешта жртвувани на идоли, од крв, од задавено и од блудство; ако се пазите од тоа, добро ќе направите. Збогум! “
30 И така пратените слегоа во Антиох, го собраа народот и го предадоа посланието.
golem pozdrav i do tebe

jas prasav kade potocno isuss go zboruva toaa jasno me mene za apostolitee pavle i red drugo jas sakam da znam ..dali isus toa go rekol ane apostolite,, dali isuss go ukinal obrezuvanjeto dali dosol da gi ukine ili da gi podrzi,,,
evangelie na matej
Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.
Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне

pa kakoe mozno da se ukinee obrezuvanjeto? faktickii so ukinuvanje isus go ponistil zakonot na prorocite . tuka imame kontradikcija so oviee gore navedeni teksta od evangelieto na matej
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Одговор:

Прашањево не го разбирам сосема, но ќе го разберам како намерата од Папата (било кој...) и папството за наметнување на приматот од нивната теологија и вистини.

Работата начелно е многу едноставна: она кое папството го смета за себе, сака да го наметне и на православниот Свет. Затоа, со години по ред, да не речам со децении, постојат обиди за поблиски релации меѓу римската и православната Црква, околу наводното можно враќање на тие две Цркви во една, како во периодот пред шизмата. Она од кое тргнува римската Црква, тоа се нивните искривени вистини и новотарии, кои сакаат да ги наметнат како единствено точни вистини во тоа претпоставено обединување. Она од кое тргнува православната Црква, тоа е вистината, неискривена, непроменета, без новотарии, вистина својствена за раните векои од христијантвото, онака како е зачувана во православната Црква. Тааа вистина е неспоива со позициите од кои настапува римската Црква. Обидот од римокатолиците да „пробијат„ во православитето преку врбување на православните високи свештеници, пропадна. Тековно, римокатолиците се обидуваат да „пробијат„ преку верниците, оти тие се „полесни„ за убедување. Римската Црква е особено настрвена кон руската православна Црква, каде врбува свои, наводни, римокатолички верници.

Да, на Папата му се брза, несомнено, оти му се брза и на оној на кого не му останува многу време.
баш ме интересира кои се тие искривени вистини кои Римокатоличката црква се труди да ги наметне на православните! наброи ги под точки и гледај да бидат поткрепени со докази!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Еве ги искривувањата кои Римската Црква ги стори во периодот од 8-от век па наваму:

1. Филиокве
2. Папскиот примат и неговата непогрешливост
3. Користење бесквасен леб за Причеста
4. Причестување на верниците само со леб, а на свештенството и со леб и со вино
5. Начинот на кој се осветуваат Светите дарови на литругијата
6. Учењето за безгрешното зачнување на Мајката Божја, т.е. на нејзината мајка, Св. Ана.
7. Целибатот за свештениците
8. Крштевање со поросување а не со потопување
9. Неизвршување на миропомазанието веднаш со крштевањето.

Римската Црква и Папата (било кој...), кон источната православна Црква се однесуваат така, што поаѓаат со предрасуди за исправноста од нивното учење, во обид сите нивни погледни на христијанството да ги наметнат на православниот Свет, така да целото православно учење би било заменето со римокатоличкото.

Што се однесува до твоето барање за изнесување „докази„, тоа би бил утописки зафат, оти сите тие новотарии се извршени во историски период од повеќе векови (8-от до 15-от), така да докази можат да се најдат само во литература од поголем обем и опфат.

--- надополнето ---

Кратко надополнување: не го споменав воведувањето на учењето за чистилиштето.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Еве ги искривувањата кои Римската Црква ги стори во периодот од 8-от век па наваму:

1. Филиокве
2. Папскиот примат и неговата непогрешливост
3. Користење бесквасен леб за Причеста
4. Причестување на верниците само со леб, а на свештенството и со леб и со вино
5. Начинот на кој се осветуваат Светите дарови на литругијата
6. Учењето за безгрешното зачнување на Мајката Божја, т.е. на нејзината мајка, Св. Ана.
7. Целибатот за свештениците
8. Крштевање со поросување а не со потопување
9. Неизвршување на миропомазанието веднаш со крштевањето.
А еве ги искривувањата кои Византиската Црква (од која што произлегоа православните цркви подоцна) ги стори во периодот од 3-от век па наваму:

1. Крштевање бебиња
2. Изработување икони, нивно осветување, а потоа клањање пред нив, целивање, палење кандила итн.
3. Молење на светци (покојни верници)
4. Монаштвото
5. Култот за светите мошти (лешеви), клањање пред нив и нивно целивање, мирисање и сл.
6. Осветувањето на предмети (крстови, бројаници, цркви, куќи и сл)
7. Осветувањето на вода, света вода, фрлање крст за празникот Водици
8. Молење за мртвите, раздавање храна во нивно име (Задушници)
9. Палење свеќи за живи, за мртви, за здравје, за бериќет.
10. Култот на „Пресвета Богородица“ и нејзиното обожавање со околу 40-тина небиблиски божествени титули (најголема, пресвета, преблагословена, Господарка, владичица...)
11. Бацување раце на свештеници.
12. Носење на посебни свештенички одора, великодостојнички мантии и огромни златни крстови на нив.
13. Национализам.
14. Етнофилетизам.
15. Прекрстување со рацете.
16. Мафтање со кандила.
17. Мешање во политика.
18. Побратимување со власта.
19. Целибат на владиците (епископите), архиепископите и сл. (се чудам како ги обвинуваш католиците за ова искривување, кога и во православната црква го има истото)
20. Учењето за митарствата (небесните цариници низ кои поминува душата на покојниот за да им дава отчет на демоните)

Доволно се? :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Хмммм...како може човек кој е надвор од Црквата, да зборува за Црквата? И по што се разликуваат ове твои забелешки, од било чии атеистички забелешки кон Црквата? Твојата критика кон, на пример, свештенството, небаре е кажана од атеист. Сите оне вредсности кои Вие, самонаречените „изворни„, ги немате, не сте ги имале, ниту ќе ги имате, и кои за Вас се недостижна утопија, ги има Едната, Света, соборна и Апостолска Христова Црква.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
„Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена,“ (1 Тимотеј 3:2, Библијата)

Целибат на епископите? :toe:
 

cokance

Затишје пред курац.
Член од
11 август 2008
Мислења
686
Поени од реакции
145
А еве ги искривувањата кои Византиската Црква (од која што произлегоа православните цркви подоцна) ги стори во периодот од 3-от век па наваму:

1. Крштевање бебиња
2. Изработување икони, нивно осветување, а потоа клањање пред нив, целивање, палење кандила итн.
3. Молење на светци (покојни верници)
4. Монаштвото
5. Култот за светите мошти (лешеви), клањање пред нив и нивно целивање, мирисање и сл.
6. Осветувањето на предмети (крстови, бројаници, цркви, куќи и сл)
7. Осветувањето на вода, света вода, фрлање крст за празникот Водици
8. Молење за мртвите, раздавање храна во нивно име (Задушници)
9. Палење свеќи за живи, за мртви, за здравје, за бериќет.
10. Култот на „Пресвета Богородица“ и нејзиното обожавање со околу 40-тина небиблиски божествени титули (најголема, пресвета, преблагословена, Господарка, владичица...)
11. Бацување раце на свештеници.
12. Носење на посебни свештенички одора, великодостојнички мантии и огромни златни крстови на нив.
13. Национализам.
14. Етнофилетизам.
15. Прекрстување со рацете.
16. Мафтање со кандила.
17. Мешање во политика.
18. Побратимување со власта.
19. Целибат на владиците (епископите), архиепископите и сл. (се чудам како ги обвинуваш католиците за ова искривување, кога и во православната црква го има истото)
20. Учењето за митарствата (небесните цариници низ кои поминува душата на покојниот за да им дава отчет на демоните)

Доволно се? :)
ниедна црква не е совршена, па ни православната, во смисол не на учењето туку на постапките на свештените лица. Било кое свештено лице ќе ти каже дека за задушница не се раздава јадење, останат е обичај пагански од пред христијансвтото кој се практикувал на овие простори, мешањето во политика исто така, или побратимувањето со власта кое е својствено за католичката црква сека почна и во празославието, но не дек ацрквата тоа го бара, туку дека има алчни луѓе и во црковната власт, истото важи и за национализмот, црквата и тој национализам е најизразен во турско време како обид да се зачува народот од претопување, кој се покажал и као доста успешен.
Едно е што црквата и каноните велат, друго е што поповите и народот прават, но и покрај се иако се расипани повеќето свештени лица, сепак и 'рѓавото ѓелезо струја пренесува, па ние сме доволо свесни да сфатиме дека изреката слушај ме што зборувам а не што правам е со причина.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
cokance, сите точки (можеби со исклучок на 2-3) од листата што погоре ја приложив се однесуваат на православните канони, на официјалното учење на православните цркви, а не на праксата на поедини свештеници. Побратимувањето на православните цркви со власта не е својствено само за католичката црква, туку и за правосланвите цркви и тоа од моментот на нивното основање, па се до денес. Три задушници годишно се празнуваат во сите православни цркви и на тој ден православните се молат за покојните и раздаваат храна. Тоа го поучуваат свештениците. Точно е дека тие не велат да се пијанчат верниците на гробовите, но сепак повикуваат на раздавање на храна во чест на искупување на гревовите на починатите души - учење непознато за Библијата.
Ако национализмот не е дел од каноните на православните цркви, тогаш зошто тие не се: православна црква во Македонија, православна црква во Србија, православна црква во Бугарија, туку: Македонска православна црква, Српска православна црква, Бугарска православна црква итн. Католичната црква на пример го нема овој проблем. Таа е една иста во сите земји, а православните не се. Во православните цркви националноста е ставена на висок пиедестал над верата, над Христос. МПЦ не е признаена од останатите православни цркви. СПЦ не ја признава црногорската православна црква. Руската не ги признава украинската и естонската. МПЦ ќе направи се само за да не се појави српска православна црква во Македонија (а патем на неа и е убаво кога си има свои епархии во Америка или Австраија). Зошто се сите овие проблеми? Одговорот е едноставен: Заради националноста и заради политичката компромитираност на православните цркви.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
А еве ги искривувањата кои Византиската Црква (од која што произлегоа православните цркви подоцна) ги стори во периодот од 3-от век па наваму:

17. Мешање во политика.:)
Другите 19 не ме интересираат.......ама да тврдиш дека само православието се меша во политиката е бесмислено.....
....нема религија која не се меша во политиката, не само што се меша туку и настојува да го преземе политичкиот примат т.е. да стане единствена политика..

...зошто?
затоа што!

религија без политика е = нула ...гола вода...:toe:
 

cokance

Затишје пред курац.
Член од
11 август 2008
Мислења
686
Поени од реакции
145
cokance, сите точки (можеби со исклучок на 2-3) од листата што погоре ја приложив се однесуваат на православните канони, на официјалното учење на православните цркви, а не на праксата на поедини свештеници. Побратимувањето на православните цркви со власта не е својствено само за католичката црква, туку и за правосланвите цркви и тоа од моментот на нивното основање, па се до денес. Три задушници годишно се празнуваат во сите православни цркви и на тој ден православните се молат за покојните и раздаваат храна. Тоа го поучуваат свештениците. Точно е дека тие не велат да се пијанчат верниците на гробовите, но сепак повикуваат на раздавање на храна во чест на искупување на гревовите на починатите души - учење непознато за Библијата.
Ако национализмот не е дел од каноните на православните цркви, тогаш зошто тие не се: православна црква во Македонија, православна црква во Србија, православна црква во Бугарија, туку: Македонска православна црква, Српска православна црква, Бугарска православна црква итн. Католичната црква на пример го нема овој проблем. Таа е една иста во сите земји, а православните не се. Во православните цркви националноста е ставена на висок пиедестал над верата, над Христос. МПЦ не е признаена од останатите православни цркви. СПЦ не ја признава црногорската православна црква. Руската не ги признава украинската и естонската. МПЦ ќе направи се само за да не се појави српска православна црква во Македонија (а патем на неа и е убаво кога си има свои епархии во Америка или Австраија). Зошто се сите овие проблеми? Одговорот е едноставен: Заради националноста и заради политичката компромитираност на православните цркви.
можеш да збориш колку сакаш но не е така, на задушница се моли за душите на покојните, не се раздава храна и пијалок, барем не по учењето на црквата, национализмот доаѓа ти кажав од каде, 500 века некој треба да го оддржи народот да не се претопи и асимилира, но како што кажав само расипани попови проповедаат политика во храмовите, што е жално, и да пробуваат да ја внесат ако и не ја внесоа црквата во политиката, но пак ќе повторам, црковните канони тоа го забрануваат. Не спорам дека не се прљави црквите но не е тоа до каноните и статутите туку до грешните души на гладните за власт, кои го делат народот и преку црквата наместо да го соединат, изворното учење на црквата тоа не го пропагира туку го осудува
впечатоците ти доаѓаат од свештените лица кои треба да се лицето на црквата, но за жал лакомоста за пари и власт и моќ си го прави своето
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom