Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 август 2010
Мислења
13
Поени од реакции
2
Патем кажано нема новозаветна одредба дека „топлите браќа и сестри„ треба да се убијат, ниту некаде е кажано дека некој треба да биде убиен ради својот грев,, туку Св. Ап. Павле вели дека на сите тешки грешници, Бог ќе им суди. Бог не ја сака смртта на грешникот, туку бара покајание (од грешникот). Токму затоа, Христос ја воведе светата тајна покајание/исповест, а не смртната казна.
Св. Ап. Павле? Тој вели? оној кој ги убивал верниците во Бог? А од кој добил „амин“ тоа да го вели?

Бог не ја сака смртта на грешникот - а во стариот завет и пред тоа зошто ја сака ?
 
Член од
29 август 2010
Мислења
13
Поени од реакции
2
Од Исус Христос лично.
Го видел некој друг освен него тоа “лично“?

може да се докажи на поинаков начин тоа “лично“?

Без овие работи на таков крвожедник и неверник не може да му се верува
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Го видел некој друг освен него тоа “лично“?

може да се докажи на поинаков начин тоа “лично“?

Без овие работи на таков крвожедник и неверник не може да му се верува
Има добри причини зошто може да му се верува. Еве, на пример, како ќе ја објасниш трансформацијата во животот на Павле? Имено, како Павле од голем прогонител на христијаните, преку ноќ станал најревносниот проповедник на христијанството?
 
Член од
29 август 2010
Мислења
13
Поени од реакции
2
Има добри причини зошто може да му се верува. Еве, на пример, како ќе ја објасниш трансформацијата во животот на Павле? Имено, како Павле од голем прогонител на христијаните, преку ноќ станал најревносниот проповедник на христијанството?
Ова е добра причина, ајде те молам

па зошто тогаш го проповедал сето она што не го проповедал и правел Исус? имаше и тема за тоа мислам
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
па зошто тогаш го проповедал сето она што не го проповедал и правел Исус? имаше и тема за тоа мислам
Она што го проповедал Павле е во 100% согласност со учењето на Исус. Таа тема била базирана на исламските брошурчиња кои вадат вон контекст изјави на Исус и Павле и ги претставуваат како спротиставени. Но сите тие забуни лесно се објаснуваат, и тоа не од теолози, туку од просечно упатените христијани.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Ме интересира дали некаде постојат податоци колку Евреи повел со себе Мојсеј низ пустината и колку луѓе учествувале во изградбата на Вавилонската кула? Уште подобро ако се знаат и годините кога се случиле овие два настана :smir:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Ме интересира дали некаде постојат податоци колку Евреи повел со себе Мојсеј низ пустината и колку луѓе учествувале во изградбата на Вавилонската кула? Уште подобро ако се знаат и годините кога се случиле овие два настана :smir:
Да, постојат. Во Библијата.

„Така Израелците тргнаа од Рамзес кон Сокхот. Беа *околу шест стотини илјади пешаци, освен жените и децата.“
(2 Мојсеева 12:37)

(* се мисли на шест стотини илјади - воено способни мажи. Кога на оваа бројка би се додале жените и децата, стручњаците по Старозаветна теологија и историја калкулираат со бројка од два милиони луѓе, кои што заминале од Египет (тогашен МИСИР) за да стигнат во Ветената земја.


А околу градењето на Вавилонската кула, еве кои информации ги изнесува Библијата:

1 По целата земја имаше еден јазик и еден говор. 2 А кога отидоа од исток, најдоа рамнина во земјата Сенарска, та се населија таму.
3 И си рекоа муѓе себе: "Ајде да правиме тули и на оган да ги печеме!" И имаа тули наместо камен и смола земјана наместо вар.
4 Потоа рекоа: "Сега да соѕидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по лицето на целата земја!"
5 Тогаш Господ се *спушти да го види градот и кулата, што ги ѕидаа синовите човечки.
6 И рече Господ: "Ете, еден народ се и сите имаат еден јазик, но еве што почнале да прават; и нема да се откажат да го направат тоа, што го наумиле.
7 Ајде да слеземе и да им го збркаме јазикот нивни за да не се разбираат еден со друг што зборуваат!"
8 И така Господ ги растури оттаму по целата земја, и престанаа да го ѕидаат градот и кулата.
9 Затоа тој се нарече Вавилон, зашто таму го збрка Господ јазикот на целата земја и оттаму ги растури Господ по целата земја.“
(1 Мојсеева 11:1-9)


Овој настан се случува веднаш после потопот, откако Бог ги уништи сите луѓе на земјата, освен Ное и неговата 8 члена фамилија.








Се надевам дека си задоволен од одговорот.








Со почит, Госпел.

--- надополнето ---

Како доказ дека навистина Ное поминал преку Црвеното море, ти го постирам следново видео:

http://video.google.com/videoplay?docid=9072298565817852567&hl=en#

(предавањето е од др.Мирољуб Петровиќ, еден од најпознатите Геолози на бившите Ју - простори, директор на Центарот за Природни истражувања - Београд и професор на универзитетот Сакраменто - Калифорнија)
 
T

Tetro

Гостин
Ќе ми каже некој што бил дедо ное по професија? И од кај потекнува, кое време живеел, како му е името на Англиски, Руски,......?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Колку години имал дедо Ное кога ја добил заповедта за градење на сплавот?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Имам неколку прашања во врска со големиот потоп!
Ме интересира како биодиверзитетот се расппространил само преку две единки од секој вид? Како Ное успел да помине илјадници километри за да ги собере сите видови кој ги гледаме денес? Како успел да ги храни преку 40 дена, кога знаеме дека животните во нормални услови се храна едни на други? Од преку еден милион видови животни кој постојат денес, како успеал да смести по еден пар од сите (тоа се два милиона единки), во арка со димензии 137 метри должина, 22 метри ширина и 13 метри висина? И каде отишла целата "екстра" вода кога потопот се повлекол?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
На почетокот од секое евангелие стои изјавата на Исус Која вели:
"Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам! Зашто вистина ви велам дури постојат небото и земјата, ниту една буквичка или црта од законот нема да се измени додека не се исполни се!"
Законот за кој Исус зборува е Тората - стариот завет, тој закон многу јасно ја одобрува одмаздата (око за око), казнување на најсурови начини како на пример каменување, бара жртвување, одобрува робство се додека робовите се неевреи...и др.
На кој начин тогаш цитираната изјава на Исус има смисла со неговите пораки за вртење на другиот образ, простување на непријателите, ненасилство.....?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom