Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
изворното учење на црквата тоа не го пропагира туку го осудува
Кое е тоа изворно учење на црквата? Каде е запишано? Може ли некаде да се најде, да се провери што и како учи тоа изворно учење на црквата?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
„Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена,“ (1 Тимотеј 3:2, Библијата)

Целибат на епископите? :toe:
Хе-хе...Пошто си ми лесно предвидлив, знам на што алудираш и без да напишеш. Но то ти е! За разлика од протестаните, кои препточитаат невидена приврзаност кон световните нешта и световниот комодитет, истото тоа, за православните е знак за неконтролиранат приврзаност кон Светот. Кој е приврзан кон Светот, одвоен е од Бога.

Од друга страна пак, за православните рисјани, Светото Писмо не е збирка од готови рецепти, преку кои автоматски се влегува во Рајот. Тоа што некој епископ не е женет, не значи и дека го погазил Светото Писмо, туку значи дека решил да живее во подвиг, во откажување од телесно-земни задоволства, за разлика од протестантскиот хедонизам.
 
cokance

Затишје пред курац.
Член од
11 август 2008
Мислења
686
Поени од реакции
145
Кое е тоа изворно учење на црквата? Каде е запишано? Може ли некаде да се најде, да се провери што и како учи тоа изворно учење на црквата?
имаш црковни канони и можеш да ги прочиташ, направи муабет со било кое свештено лице или монах, ќе те упатат
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Да резимираме: Бог во Светото Писмо вели дека епископот треба да биде маж на една жена, а православните цркви велат дека за верник да стане епископ, треба да не се жени, или пак да се разведе од својата жена и да живее во целибат. Со други зборови, православните цркви се воздигаат над Бог и Божјиот збор и им забрануваат на епископите нешто што Бог им дозволува.

„А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења, преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест, кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината“ (1 Тимотеј 4:1-3, Библијата)

--- надополнето ---

имаш црковни канони и можеш да ги прочиташ, направи муабет со било кое свештено лице или монах, ќе те упатат
Сум правел такви муабети синко, затоа и го поставив тоа иронично прашање, затоа што знам дека конечена утврдена листа на православни канони не постои, ниту во Македонија, ниту во странство. А уште помалку па дека тоа е некое си "изворно" учење на црквата. Изворно учење на црквата е Новиот Завет, Христос и апостолите. Но православните цркви денес повеќе ги милуваат со векови подоцнежните "извори" на Јован Златоуст, Василиј Велики, Григориј Палама, Григориј Ниски, Јован Нови Богослов и ред други средновековни ткн. "отци" (наспроти Христовата јасна заповед никого на Земјата да не нарекуваме Отец)
 
твој поглед на работите, не се спорам, твое право сам да пресудиш како и на кој начин ќе веруваш и дали ќе веруваш во Бога, сите имаме свој поглед на работите, своја воља и свое убедување, и сите за своите дела ќе бидеме судени :)
и воопшто несметам дек атвојот став е погрешен или исправен, нити мојот, туку сметам дека е твој или мој, ништо повеќе од тоа :smir:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А добро, Чорбаџи, дека бевте, Вие, самонаречените „изворни„, па дури и „христијани„, во времето од 3-от до 17-от век, во времето од вселенските учители (Светите Василиј Велики, Јован Златоуст, Григориј Богослов...)? Каде беше Црквата во тоа време, пред самите да се сетите дека, демек, Вие сте тие кои се „изворни„, па дури и рисјани? Каде беше Духот Свет во тој вакуум период? Каде ја излеваше Духот Свет својата благодат во тој, за Вас, празен од? Каде бевте Вие, кога Светиите од раните векови се подвизуваа до ниво од мачеништво? Кое е Вашето мачеништво, кога сте приврзани кон Светот и световните вредности, а рисјани сте само „на уста„, кога треба да цитирате делови од Светото Писмо?

И конечно, како ја воспоставивте Вашата врска со раната Црква преку оние 14 века? Ви текна? Се сетивте?
 
Член од
19 септември 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
Прашање,

Дали треба како христијанин да се конзумира храната која е забранета?

1 Господ им рече на Мојсеја и Арона:
2 „Кажете им на Израелевите синови вака: ‘Еве ги животните што од сите четвороношци можете да ги јадете:
3 секое што има копита, но раздвоени копита и што прежива, можете да го јадете.
4 Но овие, иако преживаат или имаат копита, не смеете да ги јадете: камилата, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечиста е за вас;
5 и зајакот, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас;
6 дивиот зајак, иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас.
7 А свињата, иако има копита, не прежива - нечиста е за вас.
8 Не јадете го нивното месо, ниту да се допирате до нивната мрша - тие се нечисти за вас.’
9 ‘А од сите водни животни можете да ги јадете овие: сè што живее во водата, било во морињата, било во реките, а има перки и лушпи, можете да јадете.
10 А што нема перки и лушпи во морињата и реките - од сè што плива во водата и од сè што живее во водата - се нечисти за вас.
11 Тие нека се нечисти за вас; не јадете го нивното месо и гнасете се од нивните трупови.
12 И така, сè што е во водата а нема перки и лушпи нека е одвратно за вас.’
13 ‘Од птиците нека ви се одвратни овие и нека не бидат јадени - одвратни се: орелот, орелот стрвник и јастребот;
14 тетребот и соколот од кој и да е вид;
15 гавранот од кој и да е вид;
16 нојот, јастребот кокошкар и галебот; ластовичката од сите видови;
17 бувот, нуркачот, утот;
18 лебедот, неситот и свраката;
19 штркот, чапјата од секој вид; пупунецот и лилјакот.’
20 ‘Сите крилести бубачки што одат на четири нозе нека ви се нечисти!
21 Од сите тие крилести бубачки што одат на четири нозе, можете да ги јадете само оние што имаат на своите ножиња листови за да скокаат по земјата.
22 Од нив можете да ги јадете: секој вид на скакулците, салемот, арголата и зелените скакулци.
23 А сите други крилести бубачки нека ви се одвратни!’
24 ‘И од нив ќе станете нечисти: кој и да се допре до нивната пцовисаница нека биде нечист до вечерта;
25 секој што ќе понесе пцовисаница од нив, нека ја испере својата облека и ќе биде сметан за нечист до вечерта;
26 и животните со нераздвоени копита што не преживаат се нечисти за вас, и секој што ќе се допре до нивната мрша, нека биде нечист!
27 Сите четвороножни животни, што одат на шепи, нечисти се за вас. Секој што ќе се допре до нивната мрша, нека биде нечист до вечерта.
28 А оној што ќе ја понесе нивната мрша, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта. Тие се нечисти за вас.’
29 ‘Од животните што лазат по земјата нека се нечисти за вас овие: невестулката, глушецот и секој вид гуштери;
30 ежот, камелеонот, дождовникот, зелениот гуштер и кртицата.
31 Тие животни, од сите што ползат, се нечисти за вас. Секој што ќе ги допре мртви, нека биде нечист до вечерта.
32 А врз она на што некое од нив ќе падне мртво, нека биде нечисто: било некаков дрвен предмет или облека, или кожа или мев и секоја работа што се употребува. Секој таков предмет нека се накваси во вода и нека остане нечист до вечерта. Тогаш ќе стане чист.
33 Ако падне некое од нив во некаков земјан сад, скрши го; сè е нечисто во него.
34 А ако капне вода од таков сад на некаква храна, што се јаде, ќе биде нечиста.
35 А сè врз кое ќе падне нешто од нивниот труп, нека биде нечисто; ако тоа биде печка или огниште, нека бидат разурнати: нечисти се за вас и нека бидат нечисти за вас.
36 А изворот или водособиралиштето што држи вода нека бидат сметани за чисти. Но кој ќе допре мрша на животно, нека е нечист.
37 И ако нешто од нивната мрша падне на житно семе што ќе биде посеано, тоа останува чисто;
38 но ако семето се накваси со вода, а тогаш падне на него нешто од нивната пцовисаница, нека е нечисто за вас.’
39 ‘Ако пцовиса некое животно што ви служи за храна, оној што ќе се допре до неговата мрша нека биде нечист до вечерта,
40 а секој што ќе касне од неговата пцовисаница, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта; а кој ќе го понесе неговиот труп, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта.’
41 ‘Секое животно, што ползи по земјата, е нечисто за вас; нека не се јаде.
42 Ништо што ползи по мевот, ништо што оди на четири нозе или на повеќе нозе - никаков ползач што лази по земјата, не јадете, зашто се одвратни.
43 Немојте да се онечистите сами себеси со сите тие лазачи што ползат; не осквернувајте се со нив, за да не станете и вие нечисти заради нив.
44 Зашто Јас Господ Сум ваш Бог: осветувајте се да бидете свети, зашто Јас Сум свет! Не валкајте ги вашите души ниту со едно животно што ползи по земјата!
45 Да, Јас Сум Господ; ве изведов од Египетската Земја за да ви бидам Бог. И така бидете свети, зашто Јас Сум свет!’
46 ‘Тоа е закон за добитокот, за птиците и за сите животни, што живеат во водата, и за сите животни што лазат по земјата,
47 за да го разликувате нечистото од чистото; и животните, што можат да се јадат, од животните што не смеат да се јадат.’”

http://www.mkbible.net/biblija/index.php?Levit%2011
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
„...А гласот од небото повторно проговори и рече: „Она, кое Бог го очистил, ти не го сметај за погано!„ .(Дела, 11.9)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Прашање,
Дали треба како христијанин да се конзумира храната која е забранета?
„Не сфаќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него, зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?” Така ги прогласи сите јадења за чисти.
(Господ Исус Христос, евангелие Марко 7:18-19, Новиот Завет)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Зошто тогаш Исус вели не дојдов да го поништам законот, туку да го исполнам? Зарем ова не е поништување на законот?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зошто тогаш Исус вели не дојдов да го поништам законот, туку да го исполнам? Зарем ова не е поништување на законот?
Не, тоа е исполнување на законот. Мојсеевиот закон беше врзан за стариот договор што Бог го склучил со евреите. Евреите го прекршија тој договор, но казната за тоа прекршување беше смрт. Сепак Бог заради љубов кон човекот го испрати Својот Син Исус Христос да ја плати оваа казна и затоа Исус беше распнат на крстот. Затоа и дозволи да умре, за да се жртвува за гревовите на луѓето. Со тоа Исус го исполни Законот кој меѓи другото велеше: „живот за живот“ (Излез 21:23, Стариот Завет) Секој што верува во Исус е вклучен во Новиот Завет кој е склучен со крвта на Исус Христос и добива простување на гревовите и вечен живот. Тоа е евангелието (радосната вест), тоа е пораката заради која многу христијани и животите свои си ги дале, но од верата не отстапиле, затоа што биле силно убедени во учењето и делото на Исус и знаеле дека смртта не е точка, туку само една запирка во нивните животи, запирка после која почнува подобриот дел од реченицата.
Поздрав!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
. Сепак Бог заради љубов кон човекот го испрати Својот Син Исус Христос да ја плати оваа казна и затоа Исус беше распнат на крстот. Затоа и дозволи да умре, за да се жртвува за гревовите на луѓето.
Ама нели Исус е бог? Значи бог се испрати самиот себеси, за да ја плати казната кон себеси?:toe:
Уште нешто да прашам! Ако бог имал договор со евреите и тие го прекршиле тој договор! Тогаш зошто не само тие туку и сите останати мора да го прифатат новиот "договор"?
Не се злонамерни прашањава како што еднаш во еден пост коментираше, само ме интересира како гледате на овие (според мене) нелогични работи!
Поздрав.
 
L

Liberation

Гостин
„Не сфаќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него, зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?” Така ги прогласи сите јадења за чисти.
(Господ Исус Христос, евангелие Марко 7:18-19, Новиот Завет)
Во тој контекст:

Битие 1:29
И Бог рече: „Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна!

Дали овој стих ја дозволува употребата на марихуана?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ама нели Исус е бог? Значи бог се испрати самиот себеси, за да ја плати казната кон себеси?:toe:
Не, туку Бог Таткото го испратил Бог Синот. Таткото и Синот се едно, но не едно исто. Исто како што и човекот има дух, душа и тело, а сепак е еден човек.

Уште нешто да прашам! Ако бог имал договор со евреите и тие го прекршиле тој договор! Тогаш зошто не само тие туку и сите останати мора да го прифатат новиот "договор"?
Не се злонамерни прашањава како што еднаш во еден пост коментираше, само ме интересира како гледате на овие (според мене) нелогични работи!
Поздрав.
Никој не МОРА да го прифати тој договор, исто така како што и давеникот не мора да се фати за спасувачкото јаже. Сепак тоа јаже е достапно за сите.

--- надополнето ---

Во тој контекст:

Битие 1:29
И Бог рече: „Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна!

Дали овој стих ја дозволува употребата на марихуана?
Да...
 
T

Tetro

Гостин
Прашање:

Која е апсурдоста на користење на современа технологија, ака телефони со екрани на допир, или компјутери со интернет од страна на верниците, кои мислат дека се` е створено од Господ?

Дали тој, создателот ѓи направил овие "чуда"?

модераторе: Не бриши :) Сакам одговори.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom