Ме интересира дали некаде постојат податоци колку Евреи повел со себе Мојсеј низ пустината и колку луѓе учествувале во изградбата на Вавилонската кула? Уште подобро ако се знаат и годините кога се случиле овие два настана :smir:
Да, постојат. Во Библијата.
„Така Израелците тргнаа од Рамзес кон Сокхот. Беа
*околу шест стотини илјади пешаци, освен жените и децата.“
(2 Мојсеева 12:37)
(
* се мисли на шест стотини илјади - воено способни мажи. Кога на оваа бројка би се додале жените и децата, стручњаците по Старозаветна теологија и историја калкулираат со бројка од два милиони луѓе, кои што заминале од Египет (тогашен МИСИР) за да стигнат во Ветената земја.
А околу градењето на Вавилонската кула, еве кои информации ги изнесува Библијата:
„
1 По целата земја имаше еден јазик и еден говор.
2 А кога отидоа од исток, најдоа рамнина во земјата Сенарска, та се населија таму.
3 И си рекоа муѓе себе: "Ајде да правиме тули и на оган да ги печеме!" И имаа тули наместо камен и смола земјана наместо вар.
4 Потоа рекоа: "Сега да соѕидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по лицето на целата земја!"
5 Тогаш Господ се *спушти да го види градот и кулата, што ги ѕидаа синовите човечки.
6 И рече Господ: "Ете, еден народ се и сите имаат еден јазик, но еве што почнале да прават; и нема да се откажат да го направат тоа, што го наумиле.
7 Ајде да слеземе и да им го збркаме јазикот нивни за да не се разбираат еден со друг што зборуваат!"
8 И така Господ ги растури оттаму по целата земја, и престанаа да го ѕидаат градот и кулата.
9 Затоа тој се нарече Вавилон, зашто таму го збрка Господ јазикот на целата земја и оттаму ги растури Господ по целата земја.“
(1 Мојсеева 11:1-9)
Овој настан се случува веднаш после потопот, откако Бог ги уништи сите луѓе на земјата, освен Ное и неговата 8 члена фамилија.
Се надевам дека си задоволен од одговорот.
Со почит, Госпел.
--- надополнето ---
Како доказ дека навистина Ное поминал преку Црвеното море, ти го постирам следново видео:
http://video.google.com/videoplay?docid=9072298565817852567&hl=en#
(предавањето е од др.Мирољуб Петровиќ, еден од најпознатите Геолози на бившите Ју - простори, директор на Центарот за Природни истражувања - Београд и професор на универзитетот Сакраменто - Калифорнија)