Нека ми одговори некој на тоа зошто братучедками на 29 години е мртва?
Затоа што дојде попот и ми рече "така сакал господ"...
Зошто господ не го сака бранко црвенковски, или педофилите?
Никој на форумов не се познава лично со Господ за да знае од прва рака зошто точно Господ решил да ја земе братучетка ти, наместо бранко или педофилите. Но сепак ќе се обидам да ти одговорам користејќи една слична ситуација од Библијата.
Од твоето прашање забележувам дека поаѓаш со една теза дека Господ би требало да ги земе прво оние кои што се погрешни (прават повеќе гревови), а потоа (во голема старост) они кои што се помалку грешни (прават помалку гревови). Но за Бог грев си е грев и за секој грев казната е смрт, порано или подоцна. Квалитетот на животот е поважен од квантитетот, а
најважно е човек да се помири со Бог пред да си замине од овој свет.
Кога некои луѓе дојдоа и го известија Исус за едно злодело кое Пилат го извршил врз одредени галилејци (жители на Галилеа) и за дена трагедија што се случила во Ерусалим, Исус им одговори:
"Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие галилејци беа повеќе грешни од сите други галилејци, зашто настрадаа така? Не, ви велам,
но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам,
но ако не се покаете, сите ќе загинете така.”
(
ев. Лука 13:2-5, Библијата)
Оттука јасно гледаме дека според Исус должината на човечкиот живот (на Земјава) не зависи од тоа колку тој бил грешен или праведен, но дека е најважно човек да се покае за своите гревови, да поверува во Исус и да го прифати како Свој Господ и Спасител и на тој начин да си обезбеди вечен живот. Кога човек има вечен живот, смртта не изгледа толку трагично. Таа не е крај, туку само една запирка во нашиот вечен живот со Бог.
Според учењето на Светото Писмо сите луѓе се грешни и секој еден од нас заслужува да умра за своите гревови. Но Бог, како вистински Татко (небесен) не го оставил човекот на цедило, туку му пратил Спасител (сопствениот Син - Исус) да се жртвува за гревовите на човештвото. Еве неколку цитати што го покауваат тоа:
„Сите (луѓе) згрешија и лишени се од Божјата слава“ (
Римјаните 3:23, Библијата)
„Заслуженото за гревот е смрт“ (
Римјаните 6:23, Библијата)
„Но Бог ја покажа Својата љубов спрема нас, со тоа што Христос умре за нас додека уште бевме грешници“ (
Римјаните 5:8, Библијата)
„Христос умре за нашите гревови...“ (
1 Коринтјаните 15:3, Библијата)
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, па секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. “ (
ев. Јован 3:16, Библијата)
Итн.
Но дури и демоните, не само што веруваат, туку и знаат дека Исус е Божјиот Син Кој на крстот умре за гревовите на луѓето.
„Ти веруваш дека има само еден Бог. Добро правиш; и демоните веруваат и треперат.“ (
Јаков 2:5, Библијата)
Дали тоа значи дека и демоните ќе се спасат? Не, не е доволно само со разумот да разбереме и да се согласиме дека Исус е Божјиот Син и дека умрел на крст поради нашите гревови. Не е доволно ни да имаме некое емоционално доживување. Ние мораме лично да го примиме и прифатиме Исус Христос во нашите срца преку вера, како дело на нашата воља.
„А на сите што го примија им даде право да станат Божји деца - на оние кои веруваат во Неговото име“ (
ев. Јован 1:12, Библијата)
„та преку вера да се всели Христос во вашите срца“ (
Ефешаните 3:17, Библијата)
Христос можеш да го прифатиш преку лична покана како свој Господ и Спасител:
„Еве, стојам пред вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него “ (
Исус, Откровение 3:20, Библијата)
Исус Христос можеш да го прифатиш во твоето срце со вера преку молитва (молитвата е разговор со Бог). Бог го познава твоето срце и за Него поважен е ставот на нашето срце, отколку нашите зборови. Доколку никогаш не си се молела, еве ти еден предлог молитва како можеш да се покаеш од гревовите и да го прифатиш Исус Христос како твој Господ и Спасител:
Господе Исусе, ми требаш. Јас сум грешен. Те молам прости ми ги моите гревови. Ти благодарам што умре на крстот, ја плати казната за мојот грев и ми прости. Спремен сум со Твоја помош да се одвратам од моите гревови. Ја отворам вратата на моето срце и Те примам како мој Господ и Спасител. Те молам преземи ја контролата над мојот живот и направиме онаков каков што Ти сакаш да бидам. Ти благодарам што ми ги прости гревовите и ми подари вечен живот. Амин.