F
Frankie Yale
Гостин
Не е проблемот моето мислење за медитациите, проблемот е чистиот идиотизам содржан во неговите постови, а и имам пробано да дискутирам сериозно со него (не само јас) и не ја бива... Некои постови не заслужуваат ништо друго освен исмевање. Зарем не треба да исмевам човек кој при здрав памет се обидува да ме убеди дека пред неколку илјади години диносауруси живееле со луѓето?Ова е форум за религија, темите се такви, дискусиите исто-така. Без разлика на ставот на дискутантите не е дозволен сеир и оф топик. Исто е и на сите други форуми.
Но компарацијата помеѓу состојбата на тој план - тука и на другите форуми, покажува неуедначена примена на форумските одредби.
Тоа на пример, дека медитациите за тебе се глупост е само твој личен став. Како ќе се однесуваш кон другите кои не го делат мислењето со тебе е исто твоја работа.
Но прашањето за валидноста на форумските правила е сосема егзактно, техничко прашање и при дискусијата околу тоа е наивно-детски да се вмешуваат личните ставови за туѓите духовни ориентации.