- Член од
- 1 јули 2009
- Мислења
- 299
- Поени од реакции
- 343
Аха, еве го!Малку поапстрактно. Замисли еден ментален настан кој ќе го обележиме со А, на пример една мисла. Која е причината за појавување на таа мисла? Една причина се неврофизиолошките процеси во мозокот, а друга причина е некоја друга мисла која се јавила пред неа, и по пат на пример на асоцијација је повлекла со себе.
За секоја последица на овој свет постои само една доволна причина, а овде имаме две причини кои се борат за предимство за еден ист настан. Тоа е проблемот на каузална овердетерминација...
Неврофизиолошките процеси СЕ мислите, ако тврдиш поинаку, ќе мора да воведеш некој вид на дуализам за да ги објасниш. Тоа што ти го представуваш како две причини се само два различни импути во една иста компутациона машина.