Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Малку поапстрактно. Замисли еден ментален настан кој ќе го обележиме со А, на пример една мисла. Која е причината за појавување на таа мисла? Една причина се неврофизиолошките процеси во мозокот, а друга причина е некоја друга мисла која се јавила пред неа, и по пат на пример на асоцијација је повлекла со себе.

За секоја последица на овој свет постои само една доволна причина, а овде имаме две причини кои се борат за предимство за еден ист настан. Тоа е проблемот на каузална овердетерминација...
Аха, еве го!

Неврофизиолошките процеси СЕ мислите, ако тврдиш поинаку, ќе мора да воведеш некој вид на дуализам за да ги објасниш. Тоа што ти го представуваш како две причини се само два различни импути во една иста компутациона машина.
 

Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
Сите студии базирани на невролошки лезии. Ако добиеш излив, на пример во делот на мозокот кој ги сумира твоите импути од околината--стануваш цвеќка.

Моето лично искуство за свеста е комплетно ирелевантно, тоа е како да ме прашуваш која ми е омилена боја.
Исто и кога спиеш(длабок сон) немаш импут, што не значи дека не постои свеста, тоа што нема
што да рефлектира не значи дека не постои.
Мешаш ум со свест, тука е главниот проблем...а и не знам дали воопшто знаеш што е свест.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Аха, еве го!

Неврофизиолошките процеси СЕ мислите, ако тврдиш поинаку, ќе мора да воведеш некој вид на дуализам за да ги објасниш. Тоа што ти го представуваш како две причини се само два различни импути во една иста компутациона машина.
Види, како што вели Чалмерс, некои луѓе гледаат проблем, некои не. Дуализмот е неизбежен, ако размислуваме логички, а невозможен ако ги прифатиме постулатите на физиката како наднаука.

Во тоа е проблемот, со ставање прост знак на еднаквост помеѓу мисловните и неврофизиолошките процеси проблемот нема да си замине...
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Исто и кога спиеш(длабок сон) немаш импут, што не значи дека не постои свеста, тоа што нема
што да рефлектира не значи дека не постои.
Мешаш ум со свест, тука е главниот проблем...а и не знам дали воопшто знаеш што е свест.
Точно, кога си во длабок сон, или анестезиран или некој те удрил со даска по глава губиш свест. Во тоа докторските серии на тв тоа го викаат анкончс.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не би се сложил, муслиманската теологија е фатумска. Христијанската, онака како јас ја рабирам, не е.
Вака, христијанскиот Бог е семоќен и со тоа сезнаен. Тој бидувајќи сезнаен, е надвор од времето и однапред го знае минатото, сегашноста и иднината. Ако е така, моралните императиви од Божјите заповеди, како на пример Не убивај, или Не кради се смешни, затоа што ние не бираме што да направиме. Тоа што нас ни се чини дека бираме е само илузија, затоа што во умот на Бог како сезнаен се веќе се има случено. Ние не можеме ништо да промениме за во иднината, затоа што со тоа би го направиле Божјото знаење за иднината погрешно, што е парадокс, бидејќи семоќен Бог не може да згреши.

Нема бегање од предестинацијата...
 

Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
Точно, кога си во длабок сон, или анестезиран или некој те удрил со даска по глава губиш свест. Во тоа докторските серии на тв тоа го викаат анкончс.
Не одговори на тоа дали има разлика помеѓу ум и свест.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Дај елаборирај ова те молам.
Уф, се уморив, а овде има доволно материјал за докторска дисертација. И мислам дека разбираш што сакав да кажам. Ако имаш скајпакаунт и слободно време, или желба за дискусија на кафе, слободно контактирај ме. Јас секогаш позитивно се изненадувам кога наоѓам други луѓе кој читаат и размислуваат на ова тема.

Единствената вредна тема да се размислува...;)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Вака, христијанскиот Бог е семоѓен и со тоа сезнаен. Тој бидувајќи сезнаен, е надвор од времето и однапред го знае минатото, сегашноста и иднината. Ако е така, моралните императиви од Божјите заповеди, како на пример Не убивај, или Не кради се смешни, затоа што ние не бираме што да направиме. Тоа што нас ни се чини дека бираме е само илузија, затоа што во умот на Бог како сезнаен се веќе се има случено. Ние не можеме ништо да промениме за во иднината, затоа што со тоа би го направиле Божјото знаење за иднината погрешно, што е парадокс, бидејѓи семоќен Бог не може да згреши.

Нема бегање од предестинацијата...
Тука има долга дискусија. Нема да се сложам бидејќи верувам во постоење на слободна волја и избор. Претпоставката дека Бог однапред ја знае иднината не значи дека сме програмирани.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Тука има долга дискусија. Нема да се сложам бидејќи верувам во постоење на слободна волја и избор. Претпоставката дека Бог однапред ја знае иднината не значи дека сме програмирани.
Значи. Ако Бог ја знае иднината, таа веќе се има случено. Неизбежен заклучок од тоа е дека слободната воља не постои.

Ова со временските парадокси е како од Enterprise излезено...:icon_mrgr:
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Значи. Ако Бог ја знае иднината, таа веќе се има случено. Неизбежен заклучок од тоа е дека слободната воља не постои.

Ова со временските парадокси е како од Enterprise излезено...:icon_mrgr:
Да, но ти и јас не ја знаеме иднината и правиме избори. За мене слободната волја постои.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Уф, се уморив, а овде има доволно материјал за докторска дисертација. И мислам дека разбираш што сакав да кажам. Ако имаш скајпакаунт и слободно време, или желба за дискусија на кафе, слободно контактирај ме. Јас секогаш позитивно се изненадувам кога наоѓам други луѓе кој читаат и размислуваат на ова тема.

Единствената вредна тема да се размислува...;)
Не знам ова...како детерминистичките процеси и квантно механичките зезалици ќе одлучат--така ќе биде!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Да, но ти и јас не ја знаеме иднината и правиме избори. За мене слободната волја постои.
Точно, меѓутоа тое е илузија на слободна воља, а не слободна воља како што христијаните мислат дека имаат.
Дали самото знање дека слободната воља е илузија, не ги прави твоите морални ангажмани во светот депласирани?
--- надополнето: Jul 18, 2011 12:18 PM ---
Инаку, имам тажна вест за сите вас. МИКИ1 е он лајн, сега ќе дојде да ни каже дека размислувањето е од Лукавиот, и дека за нешто да сфатиме потребна ни е духовна логика, односно немање логика...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom