Пак недоречености.
1. Ајде ќе речеме таква е Божјата воља оти сака да ужива во казната што ја одредил на човечкиот род. Ама зашто да ја послушаме ако гледаме дека не ни оди во прилог?
Затоа што човекот беше створен да Го слави Бога, како што та непрестано го чина ангелите. А тоа што „..не ни оди во прилог..„ тоа е лично есапење на рационална, а не на духовна основа.
--- надополнето: Jul 6, 2011 11:10 AM ---
П
2. Јас прашувам за мислење зашто би требало сите новородени единки да ги изложиме на казната божја и која е потребата од тоа а ти ми велиш Преку Адама сите згрешија.????? Е добро де сите згрешиле ОК , ама кога веќе знаеме за тоа дај да го прекинеме човечкиот род оти тој е на овој свет само за д аја отслужи казната.
Постоењето на родот човечки е повеќеслојно, а не саде просто „отслужување„ на казната Божја до Адама и до сите нас. Прекинот на битисувањето на родот човечки ради „бесмислицата„ според која, „...и вака и така сме грешни па зашто тогаш живееме?...„, еднаков е на (само)убиството, како тежок грев.
--- надополнето: Jul 6, 2011 11:13 AM ---
3. Какви се тие потенцијални праведници ????? Јас не велеам дека Христос не остварува се што ќе вети, јас велам нема ли да м у олесниме на Христос ако го прекинеме човечкиот род и неговото постоење. Па кога ќе го нема ќе дојде и порано веројатно.
Навистина доаѓам до апсурд дека треба да сум роден за да ја плаќам грешката на мојот прапра......дедо Адам. И дека божјата воља се сведува на тоа дека човечкиот род постои за да ја отслужува казната изречена пред Х години. Не оди нешто тука у математикава.
Нема на Христа да Му олесниме, туку ќе Му отежниме, оти Он доброволно отиде на Голгота и добровлоно умре за нашите .т.е. моите гревовип, а не прифаќањето на крсната жртва Христова е чисто богоотпадништво и богохулење. Така, ќе испаден дека Хрсистос умре „за џабе„ (Бог да чува...).
Математиката и духовноста речиси и да немаат ништо заедничко.
--- надополнето: Jul 6, 2011 11:18 AM ---
П
После смртта на секоја единка се знае ли дали е во рајот или во пеколот? Или се тоа ќе чека на Конечниот суд?
Не, никој за себе и никој за некого , не смее да каже и не може да каже.да досуди кој каде ќе „оди„. Таа одлука ја има ексузивно само Христос Богочовеко, кој суди праведно а не суди по човечки ум.
После смртта, секоја човекова душа поминува низ својот личен Суд, после кој (Суд) добива „привремена„ пресуда, според која или ќе „оди„ во Рајот или во пеколот. „Таму„; душата останува се до конечниот Суд Христос, на Неговото второо доаѓање, кога сите ќе воскреснат, а Судот Христов ќе се оденсува не само на душата, туку и на душата и на телото едновремено, а после конечниот Суд Христов, секој од нас ќе знае што добил: или казна или награда.
--- надополнето: Jul 6, 2011 11:22 AM ---
Ај да речеме дека Бог сака нон стоп нови единки и мило му е да од сите тие казнети единки на почетокот, излезат на крајот што повеќе праведници и Христовиот суд ќе им дари рај и вечен живот. ТОгаш пак ќе се сведеме на истото дај да го прекинеме за кратко човечкиот род, нека дојде конечниот суд, и после тоа сите праведници ќе остваруваат потомство во рајот на Земјата?
Второто Христово доаѓање и Судот Негов, ќе се случат тогаш, кога „...ќе се исполнат времињата...„ и тогаш кога Он ќе одлучи дека треба да дојде, како што вети. Прекинот на битисувањето на човековиот род, би значело ставање на сам себе во улога на одлучувач за тоа кога Христос ќе дојде и кога Он ќе ни суди. Така, пак би ја прекинале и побиле волјата Божја, ставајќи се самите себе во улога на конечен одлучувач за она кое допрва треба да се случи, а кое е волја Божја а не волја човечка. Така, творението пак ќе посака да одлучи самото за себе, а не онака како Творецот промислил за сите нас.