Пред некој ден ми кажуваат дека дошла „Милиција“ , комшијата Трпе го втерале „во Марица“ и го шибнале в затвор, затоа што провалил негде и украл нешто.
Јас им викам...не бе луѓе не е во затвор! Тие пак....во затвор е, во затвор е!
Јас им викам.....во Притвор е бе луѓе, се додека не се докаже неговата кривица не може да биде во затвор, туку во притвор. Откако ќе го осудат за неговата кривица, ќе го втераат во затвор.
Тие викаат исто е тоа. Е ...не е исто, затоа што од притвор можеш да излезеш чист, ако не ја докажат твојата кривица, но од затвор не можеш да излезеш додека не го отслужиш она за кое си осуден.
Така е и со состојбата на човекот откако ќе умри.
Се додека душата на неспасениот човек не застане пред Бога на суд, се дотогаш душата се наоѓа во Притвор. Тоа место на Притвор на еврејски се нарекува „шеол“ или на грчки „Ад“ или на Македонски би дошло „подземје“. Но тука е само душата и оваа состојба не е вечна, додека телото е во земјата. После второто воскресение, откако Бог ќе го осуди човекот (телото и душата), ги фрла во Огненото езеро, „Хегена“ или „Геена“. На тоа место или состојба, се наоѓа комлетниот човек со тело и душа и оваа состојба е вечна.
Во македонските преводи на Библијата сите овие состојби се преведени со „Пекол“, поради недостаток на вистински збор. Но еврејскиот и грчкиот јазик изобилуваат со термини кои што ја отсликуваат вистинската состојба.
Па така, Притворот или подземјето каде што душата чека да биде повикана за суд ја нарекуваат АД или Шеол. Огненото езеро или вечната мака каде што човекот вечно ќе биде мачен се нарекува Хегена или Геена. Гробот каде што престојува телото се до неговото воскресение на еврејски се нарекува Квебер. Но постои и едно друго место, на еврејски наречено Тартарус и во Библијата се спомнува околу 3 пати. Тоа е местото каде што престојуваат душите од претпотопниот свет, наречени Нефили, на кои Ное им проповедаше додека го градеше ковчегот. (1 Петрово 3:18-20)
Тоа место се наоѓа во нај-долните места на подземјето (притворот) или како што народот знае да каже: таму каде што стојат казаните кои треба да се лепат.
Затоа ...Чорбаџија убаво ти кажа и ти нагласи како оди редоследот, околу тие работи.
Ова е Библискиот концепт и начинот на кој Библијата не известува за овие работи и настани и тоа е меродавен начин, а тоа како тебе те известуваат твоите ткн. „светители“...тоа и не мора да биде меродавно, ако не е запишано во Библијата.
Со почит, Госпел.