Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Фала ти и тебе Радица. Навистина ми е задоволство да дискутирам со тебе. Но веќе е предоцна. Ајде да легнуваме. Добра ноќ на сите!
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Чорбаџија ..
ако е така ... Бог ги љуби сите и верници и неверници ...
зошто тогаш упосрно си ги „мерите“ со муслиманските верници на форумов па и навредувате неверници ?
Зошто едноставно не си ги почитувате верите ?
а пред се не се почитувате помеѓу себе како Луѓе (кои нели и според вас и според нив ги створил Бог кој сите ги љуби?)
и според вас и според нив Бог е тој кој суди ... зошто (пак ќе речам) упорно си ги „мерите“ кој е поправ и се осудувате меѓу себе кога не е тоа ваша работа?

Зошто мислиш така дека се натпреваруваме? Ние само одговараме на прашањата кои се поставени. Секој си се прашувал во животот зошто прават муслиманите вака, зошто прават христијаните вака и за сите други вери. Еве тука можеме да одговориме и да им станат јасни некои работи на тие што се прашуваат.
За тоа што има некои луѓе што вреѓаат тоа е нив проблем и за нив постојат Админи. Ние ги игнорираме зошто не се на наше ниво да дискутираме со нив.

ако е така пак ми се наметнува истото прашање ... ова важи и за муслиманите ..
зошто ги осудувате оние кои различно мислат .. ?

Ние никого не осудуваме. Верата е свој избор. Секој за себе ќе си одлучи во што да верува. Ти, ако си атеист тоа е твое право јас не можам да ти судам за тоа. Ние само мислиме дека сте на погрешен пат, како и ти што мислиш за нас дека веруваме во нешто што не постои.
Тоа е само мислење секој има право на свое мислење.:smir:

Еве едно прашање и до тебе. Зошто ти не веруваш ? Еве мене ме интересира од која пришина атеистите не веруваат. Се надевам дека ќе ми одговориш.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зошто ти не веруваш ? Еве мене ме интересира од која пришина атеистите не веруваат.

exlexmk не е атеист, а и самиот си кажа дека си има некое свое верување:

си имам јас некое свое верување ... не сум ни атеист ни нихилист ...
Да се вратиме на темата "Прашања за Христијанството", а твоето прашање FireFly е добро и може да се постави на соодветна тема (пример: Прашања за атеистите).
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
exlexmk не е атеист, а и самиот си кажа дека си има некое свое верување:

Да се вратиме на темата "Прашања за Христијанството", а твоето прашање FireFly е добро и може да се постави на соодветна тема (пример: Прашања за атеистите).

Фала Чорбаџи ја заборавив темата.Само што таму ќе ми одговори некој друг а тука сакам да го слушнам exlexmk
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Еве едно прашање и до тебе. Зошто ти не веруваш ? Еве мене ме интересира од која пришина атеистите не веруваат. Се надевам дека ќе ми одговориш.
Јас не верувам во Бог на оној начин на кој религиозните институции (најбројните) го преставуваат, а не верувам поради нив, баш поради тие институции (за кои се прашувам дали и самите тие веруваат на ИСКРЕН начин, ретки се тие) кои патем се/би требало да се најголемите верници, оние кои најдобро ја познаваат религијата. За мене се тие само обични материјалисти кои доолго време религијата ја користат како начин за придобивање на материјални вредности, за свои лични цели а и цели на одредени групи на луѓе.

Атеист - хмм .. широк поим е и тоа ... исто како и верник (христијански-кои пак се делат, муслимански-кои пак се делат, еврејски верник итн итн) така и атеистите се делат ... конкретно зошто атеистите не веруваат во религиите неможам да одговорам ... исто како и верниците кои имаат различен начин на верување така и тие си имаат различен начин на верување(или за вас би значело неверување, затоа шо не веруваат во исти работи) за еден христијанин, самиот муслиман е неверник и обратно ...

ако некој е атеист немора да значи дека го „хули“ Бог, само значи дека има други „верувања“ различни од теистичките ..

патем широка тема е ова ... а и не е темава баш за овој муабет ... ќе се обидам да отворам тема во оваа насока ... поздрав :smir:
 
The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Zdravo, sakav da ve prasam, kakov praznik e toa sto im odnesuvate jadenje na mrtvite, znaci kaj grobistata sto odnesuvate jadenja.

The_LiGhT напиша:
Zdravo, sakav da ve prasam, kakov praznik e toa sto im odnesuvate jadenje na mrtvite, znaci kaj grobistata sto odnesuvate jadenja.
:coffee::coffee::coffee:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Zdravo, sakav da ve prasam, kakov praznik e toa sto im odnesuvate jadenje na mrtvite, znaci kaj grobistata sto odnesuvate jadenja.
Тоа не е христијански празник, туку пагански обичај кој се практикува и во православието. Оваа тема е посветена за прашања околу христијанството, затоа најдобро е да го поставиш на некоја поприкладна тема. Поздрав.
 
која дрскост од твоја страна ...
на темата за Ислам се потсмеваш на Мухамед ... кој колку и да е точен или не сепак е дрско ... зошто бе немаш почит кон останатите а очекуваш некој да те почитува ... големо Его има у тебе ... зрачиш од самобендисаност ...

а гледам и темева си ја присвои ...

Во рамките на христијанството постојат разни групи со разни верувања кои прилично се разликуваат од култура до култура и од место до место. Од времето на реформацијата, Христијанството се дели на три главни гранки:

Католицизам: Римокатоличката црква, најголемата од сите — во која се вбројуваат неколку Источно Католички заедници — како и помали заедници (како на пр. Старокатолици), со повеќе од една милијарда крстени членови.

Источно Христијанство: Источно Православни цркви, Асирската црква и Православните цркви, со вкупно членство од 240 милиони крстени членови.

Протестантство: Разни називи и групи како Англиканци, Лутеранци, Реформисти, Евангелисти, Харизматици, Презвитеријанци, Баптисти, Методисти, Анабаптисти и Пентекостици.

Други цркви кои се самонарекуваат „христијански“, но се оддалечуваат од горенаведената класификација бројат 275 милиони членови. Овие се афричките домородечки цркви со 110 милиони членови (проценките прилично варираат), Мормони) со повеќе од 12 милиони членови, Јеховини Сведоци со 6.6 милиони членови и други групи. Основоположниците на овие групи сите првобитно биле протестанти.
Овие генерални поделби не подразбираат едногласност. Напротив, некои гранки се соочуваат со огромни внатрешни несогласувања, додека во други случаи постојат симпатии помеѓу две различни групи. И покрај тоа, ова е стандарден преглед на разликите, особено како што западниот свет ги гледа.

Во која група спаѓа твојата вера? :tapp:
 
radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Ајде Чорбаџи кажи ми дали и редовите кои се прават за помен на душите спаѓаат во пагански обичај?дали ова се практикува во католичките и протестантските цркви.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ајде Чорбаџи кажи ми дали и редовите кои се прават за помен на душите спаѓаат во пагански обичај?дали ова се практикува во католичките и протестантските цркви.
Помените кои што се вршат до 40-от ден се дирекно поврзани со митарствата (царини низ кои наводно минува душата по патот до небото), а тоа исто така е пагански обичај превземен во православието.
Во протестантските цркви не се практикува. Во Католичките не знам како е.
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
dali ke ima nekoi popustanja na sudniot den za onie koi bile izmanipulirani... Ovaa prosta masa so koja mozelo da se manipulira da vrsi zlostorstva a voedno i da ne bide neli svesna za posledicite.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Zdravo, sakav da ve prasam, kakov praznik e toa sto im odnesuvate jadenje na mrtvite, znaci kaj grobistata sto odnesuvate jadenja.

:coffee::coffee::coffee:
Тоа носење јадења по гробови и слично, не е обичај кој е во согласност или по допуштање од Црквата. Изворното учење од Црквата вели дека на душата од покојникот не и треба ни јадење ни пиење, оти душата е нематеријална па нема потреба од материјална храна или пијалок, туку на душата од покојникот и требаат молитви, ради нејзината состојбата во другиот Свет. Телото од упокениот, веќе е распаднато, така да и тоа нема потреба од храна и пијалок.
Просто кажано, тоа е обичај кој го чинат оние кои ниту веруваат ниту знаат што се случува после смртта.

dali ke ima nekoi popustanja na sudniot den za onie koi bile izmanipulirani... Ovaa prosta masa so koja mozelo da se manipulira da vrsi zlostorstva a voedno i da ne bide neli svesna za posledicite.
Судниот ден е конечна истанца и од него „нема бегање„ и нема „попуштање„. Затоа, се што можеме да строиме за спасение на своите души, можеме да го сториме сега и веднаш, дур сме живи и свесни за секое свое однесување, па нека е тоа однесување изнудено или под нечиј притисок сторено. Никој кој е релативно здраворазумен, не може да се „вади од небрано„, во стилот: „мене така ми рекоа или ме натераа„. Тоа е веќе прашање за слободната волја за избор: можам да послушам некого, но и не морам. Секое мое дело е мој личен акт и за тоа не смеам да обвинувам други луѓе.
 
The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Тоа не е христијански празник, туку пагански обичај кој се практикува и во православието. Оваа тема е посветена за прашања околу христијанството, затоа најдобро е да го поставиш на некоја поприкладна тема. Поздрав.
Pozdrav i do tebe, jas prasav zasto imam komsii koj sekoj pat koga ide toj praznik im nosat na mrtvite jadenja na grobovite a se hristijani, od kaj da znam jas deka e paganski obicaj, zasto kaj drugi ne sum videl da odnese jadenja kaj grobinjata samo pravoslavnite...:toe:
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
Тоа носење јадења по гробови и слично, не е обичај кој е во согласност или по допуштање од Црквата. Изворното учење од Црквата вели дека на душата од покојникот не и треба ни јадење ни пиење, оти душата е нематеријална па нема потреба од материјална храна или пијалок, туку на душата од покојникот и требаат молитви, ради нејзината состојбата во другиот Свет. Телото од упокениот, веќе е распаднато, така да и тоа нема потреба од храна и пијалок.
Просто кажано, тоа е обичај кој го чинат оние кои ниту веруваат ниту знаат што се случува после смртта.
на која црква мислеше?мпц?

денес на вести покажаа истурање на црвено вино врз гробот на Гоце Делчев во св.Спас
незнам дали попот кој истураше алкохол бил од МПЦ:toe: ама таму беше државниот врв и се поклонија.....ваљда архиепископот беше со шишето алкохол:toe:

Судниот ден е конечна истанца и од него „нема бегање„ и нема „попуштање„. Затоа, се што можеме да строиме за спасение на своите души, можеме да го сториме сега и веднаш, дур сме живи и свесни за секое свое однесување, па нека е тоа однесување изнудено или под нечиј притисок сторено. Никој кој е релативно здраворазумен, не може да се „вади од небрано„, во стилот: „мене така ми рекоа или ме натераа„. Тоа е веќе прашање за слободната волја за избор: можам да послушам некого, но и не морам. Секое мое дело е мој личен акт и за тоа не смеам да обвинувам други луѓе.
глупите/лесноумните афтоматски идат у казан а манипулаторите имаат можност за камуфлажа
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
на која црква мислеше?мпц?

денес на вести покажаа истурање на црвено вино врз гробот на Гоце Делчев во св.Спас
незнам дали попот кој истураше алкохол бил од МПЦ:toe: ама таму беше државниот врв и се поклонија.....ваљда архиепископот беше со шишето алкохол:toe:
Зошто го направиле тоа ?:vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom