Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Чорбаџија ..
ако е така ... Бог ги љуби сите и верници и неверници ...
зошто тогаш упосрно си ги „мерите“ со муслиманските верници на форумов па и навредувате неверници ?
Зошто едноставно не си ги почитувате верите ?
а пред се не се почитувате помеѓу себе како Луѓе (кои нели и според вас и според нив ги створил Бог кој сите ги љуби?)
и според вас и според нив Бог е тој кој суди ... зошто (пак ќе речам) упорно си ги „мерите“ кој е поправ и се осудувате меѓу себе кога не е тоа ваша работа?
Чорбаџи дај одговори ми ?

Ние имаме слободна воља да го земеме и слободна воља да го добиеме. Слободната воља подразбира и лична одговорност.
ако е така пак ми се наметнува истото прашање ... ова важи и за муслиманите ..
зошто ги осудувате оние кои различно мислат .. ?
 
Член од
24 април 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
ако е така пак ми се наметнува истото прашање ... ова важи и за муслиманите ..
зошто ги осудувате оние кои различно мислат .. ?

Верата е избор, ако не беше така Аллах сите ќе не дадеше верници.
Затоа е слободната воља. Кој ќе поверува се спасил, кој не осуден е.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Верата е избор, ако не беше така Аллах сите ќе не дадеше верници.
Затоа е слободната воља. Кој ќе поверува се спасил, кој не осуден е.
ништо не ми одговори ...
а пожелно беше да ми одговори Чорбаџија .. ама ако нејќе нема проблем негово право ... сосила не го терам ..

Јас прашав друго ...

ако е така ... Бог ги љуби сите и верници и неверници ...
зошто тогаш упосрно си ги „мерите“ со муслиманските верници на форумов па и навредувате неверници ?
Зошто едноставно не си ги почитувате верите ?
а пред се не се почитувате помеѓу себе како Луѓе (кои нели и според вас и според нив ги створил Бог кој сите ги љуби?)
и според вас и според нив Бог е тој кој суди ... зошто (пак ќе речам) упорно си ги „мерите“ кој е поправ и се осудувате меѓу себе кога не е тоа ваша работа?
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Бог ги љуби верниците.

"А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните."
(Исус Христос ев. Матеј 5:44-45, Библијата)

Бог не би заповедал од нас нешто што не можеме да го исполниме.
Тоа значи дека ние можеме да ги љубиме и непријателите.
Под "непријателите" сигурно влегуваат и неверниците.
Значи Бог ни заповеда да ги љубиме и неверниците.
Ако ние ги љубиме неверниците, тогаш и Бог ги љуби, затоа што ние не би можеле да имаме поголема и поширока љубов од Бог.
А од стихот се гледа дека бог прави Неговото сонце да изгрева и над злите и неправедните - тоа е доказ дека Неговата љубов е непристрасна и безусловна. Токму таква е АГАПЕ, божествената љубов.
Зарем Бог нема да ги осуди неверниците?
Ако неговата љубов е безусловна, тогаш и нив ќе им даде вечен живот и толку, нема да има потреба од верување или неверување.
Неговата љубов е за сите безусловна, но до Судниот ден. После тие одат во пеколот. Оние кои нема да се покајат нема одење во рај.Така и Божјата љубов е безусловна,но се во животот има одредена граница, па така и ова. Не може неверниците да очекуваат вечен живот ако не веруваат во самиот вечен живот. Мислам тука има контраверзност.
И не го сметам за мои непријатели, затоа што не се верници, да се разбереме.
 
Член од
24 април 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Еклекс човек треба некогаш да се запраша зошто сите религии се во криво а само неговата во право. Ова јас се имам запрашано и мене многу работи не ми се јасни па затоа прашувам некои работи.
Мислам дека сите заслужуваме одговор тука нели
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
exlexmk, несериозните коментари, коментарите кои содржат вулгарни зборови и оние кои прашуваат од зајадливи мотиви воопшто не ги ни читам докрај, а камо ли да го одговарам.
Темата овде е: Прашања за христијанството, а не прашања за дискутантите на форумов. Јас не одговарам во името на сите дискутанти кои се нарекуваат "христијани". Јас пишувам за себе и се трудам да бидам доследен до правилата на форумов и да бидам културен, мирољубив и толерантен член.
Ние (Јас, Снегулка, radica, FireFly и сл.) не се судиме едни со други, туку едноставно културно дискутираме за сличностите и различностите во нашите вери. Се разбира дека секој од нас си верува дека неговата/нејзината вера е исправна и затоа има дебата и спротиставени мислења. Тоа воопшто не е лошо, туку напротив, кога има спротиставени мислења, тогаш најдобро се учи - во двојна насока.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Вие сте си само верници ...
ни сте тука да судите ...
ни пак да окривувате некој ... (нели секој има слободна волја)
зар со меѓусебни навреди и инаетења кој е поправ достигнувате нешто? мислите дека ќе убедите некој на оваков начин дека вие сте во право ... само си ја хулите верата ... ништо повеќе ...

како верник според мене треба да си ја почитувате верата и на најубав и примерен начин да се однесувате, почитувате помеѓу себе а и кон останатите кои не го делат вашето мислење ...

еве јас (сум христијанин не дека јас сум сакал туку дека ме крстиле у црква кога не сум бил свесен ни за самиот себе) но не сум Верник ... си имам јас некое свое верување ... не сум ни атеист ни нихилист ...
почитувам мислење на секого (скоро на секого :) не на егоисти и самобендисани), секоја вера си има некоја вистина во себе ... кога ќе ми речеш ќе бидам осуден каква реакција очекуваш од мене ... треба ли да се уплашам за да станам верник? какви се тие закани/сеења на страв ? тоа е ли е начинот за ширење на една вера? тоа ли е начинот за придобивање на ВИСТИНСКИ верници (мене ми личи на придобивање на верници со заплашување), зошто секој не си ја „усворшува“ својата вера во обид да си се пронајде во неа и да го извлече најдоброто од неа ... туку сите се правите големи верници барајќи грешки во другите вери ...? итн итн ... има многу за пишување ама тука ќе застанам :) да добијам прво некој одговор се надевам ...

ќе ве замолам повнимателно да ми го прочитате постов и да ми одговорите.
:smir:

се однесува и на муслимани и на христијани и на сите други верници :) за да не се повторувам на двете теми ...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зарем Бог нема да ги осуди неверниците?
Ако неговата љубов е безусловна, тогаш и нив ќе им даде вечен живот и толку, нема да има потреба од верување или неверување.
Неговата љубов е за сите безусловна, но до Судниот ден. После тие одат во пеколот. Оние кои нема да се покајат нема одење во рај.Така и Божјата љубов е безусловна,но се во животот има одредена граница, па така и ова. Не може неверниците да очекуваат вечен живот ако не веруваат во самиот вечен живот. Мислам тука има контраверзност.
И не го сметам за мои непријатели, затоа што не се верници, да се разбереме.
Бог, на судниот ден, ќе ги осуди непокајаните грешници. Но дури и тогаш Тој ќе ги љуби и ќе му биде жал што тие ќе завршат во втората вечна смрт. Божјата љубов е вечна и безусловна. Но и Божјата правда е света, беспрекорна, непристрасна и извршителна. Бог е долготрпелив, но не е вечнотрпелив. Точно како што велиш: Бог има поставено црвена граница на Неговата долготрпеливост и милост. Зад таа граница настапува судниот ден.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
exlexmk, несериозните коментари, коментарите кои содржат вулгарни зборови и оние кои прашуваат од зајадливи мотиви воопшто не ги ни читам докрај, а камо ли да го одговарам.
си постирал додека пишував ...
зошто мојот коментар го сметаш за несериозен? кои зајадливи мотиви ?
зар повикувам на бунт или на нетолеранција или нешто?
најдобронамерен ми е постот .. :toe:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
exlexmk, ако ти се дискутира - дискутирај, а ако не, те молам поштеди не од "солење памет".

еве јас (сум христијанин не дека јас сум сакал туку дека ме крстиле у црква кога не сум бил свесен ни за самиот себе) но не сум Верник ... си имам јас некое свое верување ...
1. Како можеш да бидеш христијанин, а да не бидеш верник?
2. Како можеш да бидеш христијанин против своја воља?
3. Како можеш да пишеш дека не си ВЕРНИК и веднаш потоа да пишеш дека си имаш некое свое ВЕРУВАЊЕ.

Очигледно не сме на иста фрекфенција и ти веројатно подразбираш нешто друго под поимите "верник" , "христијанин", "верување" итн. Во спротивно твоите изјави ми изгледаат доста противречни.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
exlexmk, ако ти се дискутира - дискутирај, а ако не, те молам поштеди не од "солење памет".
си дискутирам .... јас незнам кој ти е проблемот?
ако неможеш/несакаш да ми одговриш се надевам има други кои ќе можат/сакаат да ми одговорат ... :toe:

exlexmk, ако ти се дискутира - дискутирај, а ако не, те молам поштеди не од "солење памет".



1. Како можеш да бидеш христијанин, а да не бидеш верник?
2. Како можеш да бидеш христијанин против своја воља?
3. Како можеш да пишеш дека не си ВЕРНИК и веднаш потоа да пишеш дека си имаш некое свое ВЕРУВАЊЕ.

Очигледно не сме на иста фрекфенција и ти веројатно подразбираш нешто друго под поимите "верник" , "христијанин", "верување" итн. Во спротивно твоите изјави ми изгледаат доста противречни.
Христијанин вероватно оти ме крстиле у црква кога сум бил бебе ... вероватно ме водат таму негде како христијанин у некое книжуле
Верник (христијански) не сум - зар треба да објаснам зошто ?
исто се однесува и за третото .. Верник (христијански) не сум .. си имам некои мои верувања ... мислев дека се подразбира на што мислам со верник ...
 
Член од
24 април 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Дали Христијаните имаат закон како Муслиманите со кој се обврзани да се грижат за сите сиромаси ? Последно прашање за вечерва. Добра ноќ од мене.
п.с Чорбаџијо дај добра Христијанска страна како што е Исламскиот центар.
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Но дури и тогаш Тој ќе ги љуби и ќе му биде жал што тие ќе завршат во втората вечна смрт.
Многупати во животот праведноста и љубовта не одат заедно. Оној кој е праведен, но не суди во наша полза зошто ние не сме во право и да вели дека не сака, ние не му веруваме. Но, тоа е човечка, а не Божја природа.
Ова втората вечна смрт ме збуни. Која е првата вечна смрт?
Оти првата смрт на човекот не е вечна, туку и таа го чека доаѓањето на Исус Христос на Земјата.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали Христијаните имаат закон како Муслиманите со кој се обврзани да се грижат за сите сиромаси ? Последно прашање за вечерва. Добра ноќ од мене.
Да.

п.с Чорбаџијо дај добра Христијанска страна како што е Исламскиот центар.
www.veronauka.com.mk <-- Ова е страна која јас ја изработувам. Во почетна фаза е, ама полека напредува.

Еве ти неколку страни на англиски јазик. Се надевам разбираш:
www.gotquestions.org
www.answering-islam.org


Поздрав!

Ова втората вечна смрт ме збуни. Која е првата вечна смрт?
Оти првата смрт на човекот не е вечна, туку и таа го чека доаѓањето на Исус Христос на Земјата.
Јас не реков дека првата смрт е вечна, туку само потенцирав дека втората смрт ќе биде вечна смрт. Недоразбирање :)
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Јас не реков дека првата смрт е вечна, туку само потенцирав дека втората смрт ќе биде вечна смрт. Недоразбирање:)
Така е, ова е недоразбирање. Фала ти за сите добри одговори на тема христијанство.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom