Тогаш г-дине Мики , би сакал да ми го објасниш следниов текст во кој јасно се укажува дека Исус и Павле биле обрежани , додека самиот Павле го забранува тоа .
А за нас муслиманите тоа ни е исламска должност , која во денешно време науката и медицината потврдуваат колку е тоа битно за личната хигиена и здравјето , па дури имаше и едно истражување кое потврди дека за дури две третини од половите заразни болести причинител било токму необрежувањето , а како резултат на тоа медицински се препорачува обрежување кај сите поради заштита на здравјето и лична хигиена .
Е сега се поставува прашањето 14 вековната должност во исламот ( обрежувањето) и дури во денешно време да се открие зошто тоа ни е наредено , а воедно и обрежаните Исус и Павле , додека кај христијаните тоа не постои , или условно кажано , не се следи Исус во тој чин , кој и тоа како битен во личната хигиена .
Еве го текстов со цитати од Библијата :
Обрежаниот (сунетисан) Павле
Павле го менува вечниот Божји завет кој Бог го наредил на Аврам :
Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос никако нема да ви користи. (Галатјани 5.2)
Но и самиот Павле за себе кажува дека е обрежан (сунетисан)
Иако и јас можам да се доверам и на телото. Ако некој друг мисли дека може да се надева на телото, тоа јас, уште повеќе:
обрезан сум во осмиот ден, од Израелевиот род сум, од Венијаминовото племе, Евреин од Евреите; по закон - фарисеј; (Филипјани 3.4-5)
Според овие зборови на Павле ,значи Исус не може да му помогне .
На едно место Павле го забранува обрежувањето , додека на друго самиот го врши тој чин:
Павле посака да го поведе со себе; го зеде и го обреза заради Јудејците, кои беа по оние места: зашто сите знаеја дека татко му е Грк. (Дела 16.3)
Павле повторно забранува обрежување иако тој го прави тоа , и самиот е обрежан :
Сите оние, кои сакаат да се прават важни со телото, тие ве приморуваат да се обрезувате, само за да не бидат гонети заради Христовиот крст. (Галатјаните 6.12)
Павле сам за себе кажува дека бил прелажан за тоа што обрежува и што е обрежан:
Имено, има многу непокорни, празнословци и измамници, особено од обрезаните,
На кои треба да им се затвори устата, зашто тие заради срамна печалба растураат цели домови, учејќи го она што не треба. (Тит 1.10-11)
Внимателно прочитејте го ова погоре и заклучете , дали ова било вдахнение на Павле од Светиот Дух?
А Павле на горе споменатото вели :
Зашто ниту обрезанието е нешто ниту необрезанието, туку ново создание. (Галатјани 6.15)
Во многу свои пораки Павле многу споменува за обрежување и необрежување . Во пораките до Галатјаните тој им вели дека не вреди ни едното ни другото . Сега се поставува прашањето , зошто во тој случај безпотребно трошел Божји зборови на небитно нешто ? ? ?
Зошто толку зборувал за обрежување и необрежување ако не вредело ни едното ни другото ?
,
Исто така и свинското месо е забрането во Библијата од здравствен и хигиенски аспек , а сепак во христијанството не се почитува .