Прашања за Исламот III

Член од
15 јули 2014
Мислења
18
Поени од реакции
0
Џабе не се разбираме, но не се чудам воопшто. Тоа ни е наметнато и секако 21 век. Како и да е, немам веќе што да дискутирам за оваа тема и така останав без вечера затоа што реплицирам. Подобро да си направам јадење а вас пријатна вечер. Се извинувам некого ако навредив.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ти не ме разбираш, потчинета е жената затоа што ние ја потчинивме. Жената треба да биде мајка, сопруга а не ко денес ова што се. Зошто не разбереш дека од авион се гледа дека она што јас го зборам се вистински вредности? Брак, деца. Тоа денес е се помалку, слабо луѓето одат во брак, децата се абортираат. Но размисли малку со закон за забрана за предбрачен секс колку луѓе ќе влезат во брак и ќе си имаат деца. И уште ме прашуваш зошто промовирам ваков начин на живот.
Ама со кое право ти сакаш со закон да наметнеш некому како да живее? Ти нормален си? Ти мислиш дека секс треба да се има само во брак, и ајде сега со закон да им забраниме на сите да имаат секс вон брак?!
Како може до толку да сте ограничени?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Џабе не се разбираме, но не се чудам воопшто. Тоа ни е наметнато и секако 21 век. Како и да е, немам веќе што да дискутирам за оваа тема и така останав без вечера затоа што реплицирам. Подобро да си направам јадење а вас пријатна вечер. Се извинувам некого ако навредив.
Наметнато? :pos: Оф мори мајко. Тоа за кое ти се залагаш било наметнато во 15ти век, па и многу порано. Живееш 5 века назад, затоа не се разбираме.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Џабе не се разбираме, но не се чудам воопшто. Тоа ни е наметнато и секако 21 век. Како и да е, немам веќе што да дискутирам за оваа тема и така останав без вечера затоа што реплицирам. Подобро да си направам јадење а вас пријатна вечер. Се извинувам некого ако навредив.
Абе најди жена да ти прави јадење.

Кај се видело маж да прави јадење:facepalm:

Пуу пореметени вредности еј.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.995
1.Тоа што го кажуваш ти, секој со своето тело,својата сопственост да правел што сака е тоа е сексуалната слобода која го доведе светот во пропаст. Мораат да прават денес луѓето она што им го наметнуваат другите, да бидат современи и во мода де. Сексуалната слобода секој да правел што сака го доведе светот до овој степен, не знам веќе што е маж што е жена на улица. Епа забранување на таа "слобода" ќе донесе многу добро. Јас тебе те разбирам што сакаш да кажеш, но разбери дека тука лежи проблемот. Кога имаш еден таков закон, луѓето се плашат да не бидат казнети и стоката машка конечно ќе научи да ја почитува жената, само на тој начин. Значи тој е начинот. Брак!! Ете почит. Значи тоа што го кажуваш ти секој со својата воља не може во овој случај каде многу мозоци се испрани, жената да се спушти на најниско ниво. Јас не сум никој да кажам да, ама да бев на власт и те како ќе кажев многу работи. Не им се одзема на луѓето правото да пијат вода или нешто без што не можат, секс е тоа никој не умрел.
2.Во ред, не ми е тоа тема на муабет. Не дојдов тука да го бранам и поддржувам исламот, истакнав некои работи од исламот кои посебно ми се допаѓаат.
3.Ти можеш и на леш да се палиш, тоа е веќе психички проблем. Јас не реков жените да се покриваат за да не палат мажи, туку да не се задоволи животинско ненаситно болно око. Зошто да му угодуваш на некој да му се полни душата некој гаден свиња перверзен некапен, стока некоја. Не пружај му тоа задоволство нека пукне.
А ако ти се палиш на покриено тоа е убав знак. Жената не мора да се понижува да се разголува да ти угоди.
1.Еве јас сум против бракот и таа брачна заедница, и што правиме сега? Не мора да значи дека ако еден маж и една жена (пишувам вака со цел да не разбереш “маж и жена“ затоа што не се) мораат да се во брак да оформат семејство. Семејството значи обврска плус. Инспирација плус и смислата на животот. Ако животот го посветиш на истото, нема да има потреба од разводи. Е јас тука го гледам проблемот, а не во односите пред бракот. Децата се размазени, невоспитани, немаат контрола, немаат стимулација, немаат забрани ниту казни. Не е исто роди дете и остави го само да расте и да се развива и роди го и посвети се на истото. Проблемот е тука, а не во предбрачните односи. :)
2. Мене единствено ми се допаѓа тоа што абортусот е забранет. И кај нас мислам дека има закон (законот е од СФРЈ превземен) според кои е дозволено жената да изврши еден абортус за една година. Повеќе од еден е забрането. Но земи го ова како информација од втора рака иако сум сигурен 99% во истото.
3. Читав дека во Америка, за само неколку недели, во еден мундијал на списанието ПлејБој се соблекле околу 2.000 жени! Дали проблемот е само во мажот или е и во жената. Таа не е празноглава. Една од водечките светски економии- германската, ја води жена. И тоа успешно. Ако муслимани имаат такви сфаќања за жената, тогаш се у криво. Шеријатот го кочи системот на развитокот на жената. Мислам... кој маж ќе се запали ако види насмеана жена во јавност?! И тоа облечена со 300 бунди, марами и сл.! Имаш и неколку контрадикции и уште многу нешта со кои нормално не се сложуваме, ама да ни ти цитирам коментар по коментар. :)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
Демократија де, можам да си кажам што мислам нели? :)
Муабетот ми беше дека нема потреба тој линк овде да го ставаш бидејќи воопшто нема врска со исламот, односно не е верски мотивирано демолирањето на кафичот.
Се работи за чисто насилничко дело, а можно е и конкуренцијата да стои во позадина.
Инаку како што реков, музиката пропратена со музички инструменти во исламот е забранета... без разлика дали е албанска,турска,босанска,македонска...сеедно :)

Моето "демолирање" се однесува на тоа што гледам да не одам во кафичи кај што се точи алкохол и пушта музика.
Сериозно што е работава со музикава? Што штета прави толку музиката?

Општо прашање: Од каде добивате толкава желба да си го раководите животот по една обична книга напишана пред којзнае колку века? Толку немате самопочит и самосвест да си ги слушате вашите желби и вашите мисли, па едноставно се предавате на она што е наметнато како најдобро и најсвето?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.257
Поени од реакции
8.885
Не, не е можно.
Tргнав да ја избришам, но модераторите веќе ја избришале. Инаку сликата беше преземена од Шиитите, не знаев дека не ги сметате за припадници на Исламот.

Сега прашање до тебе. Неколку пати го поставив овој дијаграм и не ми го објасни.




Според овој дијаграм дали под Ислам спаѓаат само Сунитите и школите Ханбали, Ханафи, Малики и Шафи?

Дали школата Вахаби не се смета како дел од Исламот?

Дали Ханбали, Ханафи, Малики и Шафи се подеднакви во Исламот или иста тежина имаат и најлибералната Ханафи и најрадикалната Шафи? Плус Шафи школата има став дека обрежувањето на жените е задолжително (wajib), а Ханбали дека е почесно (makrumah) и препорачливо до задолжително.

Дали по ова испаѓа дека и Ханбали и Шафи се отпадници, а муслимани се само Малики и Ханафи?

Ахмедиите знам дека се исклучени од исламската верска заедница, а Баха'и дека е посебна религија. Исламската нација е минорна синкретистичка заедница.
Остануваат Салафистичките џихадисти. Дали се муслимани или отпадници?

И на крај, некогашните Хариџити и денешните наследници Ибадети дали се сметаат за муслимани или за отпадници?

Каков е званичниот према Суфистите? Дали се муслимани или не се?

Дај одвој пет минути слободно време и објасни за да нема недоразбирања.[DOUBLEPOST=1407805144][/DOUBLEPOST]Дали туркиските народи се сметаат за муслимани поради тенгризмот?

Речиси секоја турска куќа користи назар -талисман во вид на око против уроци (тенгризам). Децата месечината ја викаат Ay dede (Дедо Месечина, бог што живее на шестиот кат на небото). Им пеат приспивна песна: ay dede ay dede, senin evin nerede? (Дедо Месечина, дедо Месечина каде е твојот дом?). Па имаш церемонија на 40-от ден кај новороденчињата - Kırklama кадешто собраните 40 камчиња од 40 места се фрлаат во водата со златна паричка за среќа при капењето на бебето.
Дали Турците се муслимани или не се/

Тенгризмот е доста распространет и помеѓу муслиманите во Татарстан, Казахстан и Киргистан. Дали и овие муслимани се сметаат за отпадници?

И после сето ова кажи колку муслимани има во светот.[DOUBLEPOST=1407833601][/DOUBLEPOST]Веројатно и овие отпаѓаат како муслимани, зашто прават харам:

Very highModerately highModerately lowLowVery low
Somalia
98%Gambia
76%Guinea-Bissau
50%Central African Republic
24%Iraq
8%
Guinea
96%Burkina Faso
76%Chad
44%Yemen
23%Ghana
4%
Djibouti
93%Ethiopia
74%Côte d'Ivoire
38%Tanzania
15%Togo
4%
Egypt
91%Mauritania
69%Kenya
27%Benin
13%Niger
2%
Eritrea
89%Liberia
66%Nigeria
27%Cameroon
1%
Mali
89%Senegal
26%Uganda
1%
Sierra Leone
88%
Sudan
88%[DOUBLEPOST=1407833670][/DOUBLEPOST]Женско генитално сакатење во проценти[DOUBLEPOST=1407833904][/DOUBLEPOST]http://www.unicef.org/protection/files/00-FMGC_infographiclow-res.pdf[DOUBLEPOST=1407836311][/DOUBLEPOST]Дали и овие се сметаат за муслимани?

 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Дали е можно Мухамед да бил грд, па затоа забранил цртање портрети?
Не. Таа забрана у Исламот, веројатно потекнува од старозаветното - Не прави идол...!
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.580
Поени од реакции
385
Tргнав да ја избришам, но модераторите веќе ја избришале. Инаку сликата беше преземена од Шиитите, не знаев дека не ги сметате за припадници на Исламот.

Сега прашање до тебе. Неколку пати го поставив овој дијаграм и не ми го објасни.




Според овој дијаграм дали под Ислам спаѓаат само Сунитите и школите Ханбали, Ханафи, Малики и Шафи?

Дали школата Вахаби не се смета како дел од Исламот?

Дали Ханбали, Ханафи, Малики и Шафи се подеднакви во Исламот или иста тежина имаат и најлибералната Ханафи и најрадикалната Шафи? Плус Шафи школата има став дека обрежувањето на жените е задолжително (wajib), а Ханбали дека е почесно (makrumah) и препорачливо до задолжително.

Дали по ова испаѓа дека и Ханбали и Шафи се отпадници, а муслимани се само Малики и Ханафи?

Ахмедиите знам дека се исклучени од исламската верска заедница, а Баха'и дека е посебна религија. Исламската нација е минорна синкретистичка заедница.
Остануваат Салафистичките џихадисти. Дали се муслимани или отпадници?

И на крај, некогашните Хариџити и денешните наследници Ибадети дали се сметаат за муслимани или за отпадници?

Каков е званичниот према Суфистите? Дали се муслимани или не се?

Дај одвој пет минути слободно време и објасни за да нема недоразбирања.
Многу убави прашања, другиот дел ќе го цитирам после.
1. Не можеш да генерализираш.
2. Во исламот не постои нешто што се нарекува школа Вехаби, тоа постои само во медиумите кои го плашат народот со радикален вехабистички ислам.
Самиот човек кој се смета за основач на тој "вехабизам" Мухаммед ибн Абдулвехаб по сите верски прашања го следел ханбелискиот мезхеб(школа Ханбали)
3. Сите овие школи се подеднакви во Исламот, и сите се разликуваат во одредени фикхски(правни) прописи поради различни фактори: од место на живеење, обичаи на народот, различно сфаќање и познавање на хадиси, различно сфаќање на одреден Курански ајет итн итн.
Но ниедна не изглегла надвор од Исламот и сите се признаени ехли-суннетски правни школи кои човек може да ги следи но и не обврзан тоа да го прави поготово ако го студирал Исламот и е способен да избира одбрани мислења, односно мислења кои се најблиску до Куранот и суннетот на Мухаммед с.а.в.с.
4. За ахмедиите и бахаите гледам добро си информиран.
Салафистичките џихадисти се исто така муслимани.
5. Хариџиите и Ибадиите( поблага верзија од хариџиите денеска ) се сметаат за муслимани но се секта во Исламот кои од нивната појава до денес најмногу штета им направиле на муслиманите :)
Четвртиот халифа Али војувал против нив, но кога го прашале: дали се тие(хариџиите) муслимани, рекол Да, потоа го прашале Зошто војуваме со нив... одговорил: Тоа се наши браќа кои ни прават неправда.
6. За суфиите веќе пишував порано: Суфиите генерално се муслимани, освен тие што не се.
Ова: ОСВЕН ТИЕ ШТО НЕ СЕ, значи дека и меѓу суфиите има ограноци кои одстапиле од суфиското учење кое е секта и новотарија но не отстапило од Исламот.
пример се бекташиите, кои се поблиску до шиитите отколку до суфиите и исламот.
Треба да се напомене дека денешните суфии се многу далеку од тоа што го проповедале првите генерации на суфии.

Уште еднаш ќе ти пишам тоа што пишав пред неколку дена: ЕХЛИ-СУННЕТСКОТО УЧЕЊЕ(СУНИТСКОТО) И ВЕРУВАЊЕ Е ДЕКА ХАРАМОТ НЕ ГО ВАДИ ЧОВЕКОТ ОД ИСЛАМ, хариџиско учење е дека човек кој ќе направи харам излегува од ислам.[DOUBLEPOST=1407839425][/DOUBLEPOST]
Дали туркиските народи се сметаат за муслимани поради тенгризмот?

Речиси секоја турска куќа користи назар -талисман во вид на око против уроци (тенгризам). Децата месечината ја викаат Ay dede (Дедо Месечина, бог што живее на шестиот кат на небото). Им пеат приспивна песна: ay dede ay dede, senin evin nerede? (Дедо Месечина, дедо Месечина каде е твојот дом?). Па имаш церемонија на 40-от ден кај новороденчињата - Kırklama кадешто собраните 40 камчиња од 40 места се фрлаат во водата со златна паричка за среќа при капењето на бебето.
Дали Турците се муслимани или не се/

Тенгризмот е доста распространет и помеѓу муслиманите во Татарстан, Казахстан и Киргистан. Дали и овие муслимани се сметаат за отпадници?
Ова се пагански обичаи, кои немаат основа во исламот.
Дали се муслимани, комплицирано прашање.... во глобала велиме: Да муслимани се, но луѓето што ги подучиле на тоа тешко дека се муслимани, а обичниот народ е оправдан со незнаење и треба да се поддучи дека тоа не е од Исламот.
Турците се муслимани нормално.
[DOUBLEPOST=1407833601][/DOUBLEPOST]Веројатно и овие отпаѓаат како муслимани, зашто прават харам:

88%[DOUBLEPOST=1407833670][/DOUBLEPOST]Женско генитално сакатење во проценти[DOUBLEPOST=1407833904][/DOUBLEPOST]http://www.unicef.org/protection/files/00-FMGC_infographiclow-res.pdf[DOUBLEPOST=1407836311][/DOUBLEPOST]Дали и овие се сметаат за муслимани?
Веќе ти реков, не значи дека ако прават харам дека не се муслимани.
Гениталното обрезување е исламски спорно на начин како денес се прави тоа.
Но треба да се напомене дека сите тие држави кои ги наброја, тоа е повеќе обичај отколку верска причина, во тие африкански земји има доста племиња кои воопшто не се муслимани а го прават тоа.
И после сето ова кажи колку муслимани има во светот.

МНОГУ, муслимани во светот има многу, ама малку има луѓе што живеат за Ислам :)
 
Последно уредено:
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.580
Поени од реакции
385
Но сепак човек со таква моќ и внимание да испадне без ниту една слика?
За да не може денес безобразни луѓе како ти да изиграваат мајмуни и карикатуристи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom