Монтгомери Ват (Montgomery Watt)
„Подготвеноста на овој човекзаради своите убедувања даподнесува злоставувања и неговата непоколеблива морална приврзаност кон оние кои го следеле и го сметале за свој водач и првак, заедно со неспорната величина на неговите достигнувања, убедливо говори за праведноста и чесноста вкоренети во неговиот карактер.Претпоставката дека Мухаммед заговарал нешто што е хипотетично, зад себе повлекува дополнителни тешкотии кои неможно е да се разрешат. Во секој случај, помеѓу гигантитена европската историја нема личност достојна за опишување во која се опишува Мухаммед и неговото дело.“
Босворт Смит (Bosworth Smith)
„Мухаммед, во исто верме, бил војсководец, политичар и верски водач. Сепак, во неговата личност не постои самољубивост што е својсвено на верските водачи,ниту во воените одреди како владател. Немал мобилизирана војска, ниту телесна гарда, ниту утврден дворец, ниту посебни примања. Ако за некого може да се каже дека поседувал надприродна способност, тогаш тоа бил Мухаммед, бидејќиуспевал да ги држи уздите на власта иако не располагал со нејзиниот инстументариум, ниту имал помош од владеечкиот апарат.“
Едвард Гибон и Симон Окли (Edward Gibbon/Simon Ocklav)
„Не е само ширењето на Исламското пратеништво она кое заслужува восхит, туку тоа заслужува негова постојаност и цврстина во текот на низата столетија. Тој силен впечаток кој Мухаммед го оставал во Мекка и Медина, сеуште со иста сила и моќ остава впечаток во срцата на Хиндусите, Африканците и Турците, додека разговараат за она што го содржи Куранот, иако од тогаш поминале повеќе од дваесетина века.“
Бернард Шо, англиски писател
„Повеќе, од било кога досега, на светот му е потребен човек кој би мисли како што размислувал Мухаммед, тој пратеник кој својата вера ја воздигнал на степендостоен за вистинска почит и благодарност. Тоа е најсилната вера во историјата на цивилизацијата, вечна и неминлива вера. Јас ги замислувам своите многубројни сонародници како несомнено влегуваат во таа вера. Оваа вера ќе го најде својот голем простор на овој континент (Европа)Како резултат на незнаењето или шовинизмот, теолозите во средниот век за Мухаммед исцртувале мрачен портрет. Го сметале за непријател на христијанството. Сепак, јас се обидов да ја разберам вистината за тој човек иубеден сум дека тој е вистинско чудо. Дојдов до заклучок дека тој не бил непријател на христијанството. Попрво би можел да се нарече како спасувач на човештвото. Според мое мислење, неговата вера да завладеала со современиот свет, би ни ги разрешила тешкотиите благодарение на важноста која таа јапридава на мирот и среќата за кои луѓето имаат вистинска потреба.“
„...Во сегашно време поголемиот дел од Европа преминуваат во Мухаммедовата вера и може да се каже дека враќањето на Исламот во Европа веќе започна.“
„... Го проучував, тој извонреден човек и по мое мислење, Мухаммед би морал да се нарече СПАСИТЕЛ НА ЧОВЕШТВОТО“
Санарстен ел-Асуџи
„Ние не можеме да бидеме праведни кон Мухаммед ако занемариме барем едно од неговите извонредни квалитети и пофални карактерни својства. Мухаммед, пред лицето на владеачкото незнаење и примивитизам, во битката за чесен живот влезе истрајувајќи во своите принципи. Против тираните се бореше без прекин, се додека упорноста не го доведе до чиста победа. Неговиот верозакон стана еден од најпотполните закони, а тој најзначаен од сите великани на историјата.“
Ана Бизант (Annie Besant)
„ Невозможно е ликот и животот на големиот арапски пратеник да се проучи и сфати како тој веровесник живеел, како ги подучувал луѓето, а да не се почувсвува почит кон овој голем пратеник, еден од најголемите пратеници. Иако, јас во склоп на она што сакам да го искажам, можеби ќе изложам нешто што на многумина е познато, и секогаш кога ќе прочитам нешто во врска со тоа, сечувствува дополнителна почит кон тој голем арапски учител.“
Мухамеде, жал ми е што не сум бил твој современик. (Ото фон Бизмарк)
Мухаммед бил душа на добрината и неговото влијание се чувствувало, тој никогаш не бил заборавен од оние околу него. (Хинду научник Divvan Chand Sharma)
Во Мекка 569 –та година после смртта на Јустинијан, роден е човек кој најповеќе влијаел врз човечката раса – МУХАММЕД... (Jon William Draper)
“Мухаммед бил најуспешен од сите религиски личности.“ (Енциклопедија на Британците, 11.издаие)
’Мухаммедовите критичари гледаат оган наместо светлина, грдост наместо убавина. Тие ја изобличуваат и претставуваат секоја добра особина како голем порок. Тоа, ја покажува нивната сопствена изопаченост... Тие се слепи. Не гледаат дека единствен меч кој Мухаммед го поседувал бил мечот на милоста, сочувството, пријателството и прошката – меч кој ги освојува непријателите и прочистува нивните срца. Неговиот меч, бил посилен од челикот.’ (Pandit Gyanandra Dev Sharma Shastri)