Западот и жената
Римската цивилизација ја признавала жената како роб по власта на мажот. Немала апсолутно никакви права. Во Рим е одржан концил на кој што е разгледувано прашањето за жените. Донесена е одлука која што вика: “Жената е битие без душа, нечиста е, и затоа нема да има удел во идниот живот.”
Во Атина жената е сметана за сатанска нечистотија и роба која што се купува и продава.
Во законите на стара Индија пишувало: “Кугата, смрта, пеколот, змијскиот отров и оганот, се подобри од жената.“ Нејзиното право на живот завршувало со завршувањето на животот на господарот сопруг. Кога неговото тело, во посебните посмртни обреди ќе било запалено, и таа била фрлана во оганот, а ако одбиела, ја следело вечно проклетство.
Стариот завет за жените вика:„Се завртев со своето срце да препознаам и извидам и изнајдам мудрост и разум, и да ја препознаам безбожната лудост и лудоста на безумието. И најдов дека е погорчлива од смртта на жената на која што срцето и е мрежа, и на која рацете и се окови; кој му е мил на Бог, ќе биде сочува од неа, а грешникот таа ќе го фати.”(7:25)
Ваков бил статусот на жената во старото време. Нејзината позиција во во средниот век и современиот период, поблиску ја одредуваат следните факти:
Данскиот писател Виетх Кордстен со следните зборови го прокоментирал ставот на црквата спрема жената:“Вниманието спрема жената во средниот век било многу ограничено, а тоа е последица на тенденцијата која што жената е сметана за второстепено суштество.”
Во Франција 586 год. е повикан концил кој што го испитувал прашањето дали жената е од човечки род или не. После долги расправи, собраните дошле до заклучок дека жената сепак е човечки род, но створена е да му служи на мажот.
Точка 217 од стариот француски закон нагласува:“На мажената жена, па макар и при склопување на бракот, нејзинота сопственост и на мажот и ако биле раздвоени, не и е дозволено ништо да дарува, да ја пренесува својата сопственост, да го заложува, да зема нешто од сопствениот посед со накнада или без, без учеството на нејзиниот маж во самиот договор или неговата писмена согласност за тоа.“
Хенри VIII и забранил на англиската жена да го чита Светото писмо.Се до 1850 год. жените во Англија не спаѓале во граѓаните, а до 1882 год., немале никакакви лични права.
Современата жена во Европа и Америка и во другите технолошки развиени држави, многу често се искористува во комерцијални цели. Жената денес е деградирана, зошто преставува неделив дел на комерцијалната кампања, која што и налага да го експонира своето голо тело, кое што кај наивните муштерии, игра пресудна улога во одлуката да се купи понекогаш и неквалитетен производ. Жената спрема денешното живеење е всушност само предмет на внимание се додека е физички и идејно продуктивна. Меѓутоа кога ќе остари и ќе ги изгуби овие особини, опшеството ја остава на милост и немилост на старечките домови и душевни болници. Направи компарација со овие претходни наводи и Курани-керим во кој Возвишениот вели: “А верниците и верничките се пријатели едни со други”.(Ет-Тевбе, 71)
“Господарот твој заповедува, само Нему да му се клањате, и народителите твои добро да им правите. Кога еден од нив двајцата, или двајцата, кај тебе старост доживеат, не им викај ни „Ух”- и не подвикнувај на нив, и обраќај им се со зборови со полни почит.“ (Ел – Исра, 23)